петак, 15. јул 2016.

Само чекорам во загатливиот бескрај





Понекогаш прашањата се премногу нејасни
Забуна внесуваат сонливите штурци
Зошто ли така ненадејно во утробата рие ревот
А јас молчам одвоен од другите со тајни околу
Богзнае зошто е сето тоа така
И затоа бегам и од ветерот
Кој ме повикува божем милостиво , ме поканува
Да се родиме повторно,да ги прелетаме бездните и новиот живот да го грабниме
Бесно да урниме се пред себе
И да играме без замор пред другите
Кажуваќи им во лице,ете така без грам срам
Вашата иднина е во јамите темни,не ги кревајте попусто рацете кон небеса
Не,повторно глаголам не,тоа ѕверот кој притаено клечи во дамарите
Сега така зборува
Не,
Некаги,нека завиваат и волците во близина
Не
Не сум Безбожен пакосник кој плука на Светлината
Не
Јас не го создадов времето
Само чекорам во загатливиот бескрај




Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...