четвртак, 14. јул 2016.

Само Претпоставка




Ако тајните се под земјата
Или се врзани повеѓу два света
Зошто тогаш се тајни предизвици на живите
Или се искушенија
Кои додека живеат се пишуваат како гревови
Колку интересно
Но сепак и малку апсурдно

Се раѓаат како најубав цвет во надежите
И со предвидливата иднина
Ги миат очите
Бараќи од господарот на ѕвездите
Да им дозволи да допрат до треперот на срцето
Ете така почнува да раскажува младоста

Во мугрите по десетолетија
Ги одвлечкуваат далечините
И остануваат само страстите голи
Негледаќи дека питачите и Гавраните знаат но молчат
За скриените искушенија
Кои со девет чаши им се прави здравица во постела
Сеедно дали е туѓа

Уверен сум дека големите вистини
Се само за душата,а не за светот
Ете зошто тајните оделе под земја
Нели...........
................Којзнае.........
..............................Можеби ..........







Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...