среда, 13. јул 2016.

Агонија



Долговечниот сон веќе стана агонија
Додека ја гледав свеќата на животот како се топи
Низ благите очи со малку тага која се лепи и на ѕвездите
А беше благословена светлина
Во која светеа неколку сонца
Пробувам,можеби за последен пат
Долгото чемреење да го извлечам од душата
Барем таа да ја слуша песнат на славејот со сребрен звук
И посланиот здив на развигорот под облаците да го носи
Разберете
Овде нема капка отров,ни пак потсмев
Да
И некаја, полека во секој нареден миг нека открива по некој нови облици
Чудни птици и што ти не чудесија
Некаја,нека дознае конечно
Каде започнува небото,каде завршува земјата
А јас
Јас и купот коски
Ќе ги подадеме рацете,нека ги лепи пустињата насебе
И ќе молкнеме
Пишуваќи на земјата со последен грам сила
Времето тече низ крвта на родот свој кој останува
Но морам да ја завршам реченицава

Немам род свој,можеби затоа и снема земја за пишување.


Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...