субота, 9. јул 2016.

Ако не исчезнам




Ако не исчезнам
Ќе бидам ли и понатаму обземен од болки и јадовна треска
Која ќе минува низ непознати предели,со тоа
Даваќи му право на ослепениот Кнез од темно дувло да ми ја јаде иднината
Пределите и сега ме одминуваат со временски далги
Повремено обземаќиме со полуживи кратки соништа
Е така де,се појавува нејзиниот лик како злокобна гасеница
И  се расплинува пред мене со нејзините зелени очи
Правеќи го рамнодушието жив пленик кој го лапа лакомо

Од мене веќе испарува пот во заодов,кажуваќи ми дека денот е проклет
Наоколу сурови вејки,исполнети со празнини,без ликови свои
Ме мерка,и пришепна нешто
Веќе ми тежи ореолот на Светица
Ти го  предвиде веќе  неродено време
А мене не ме излекува сета испиена машка пот,кутрата кркореше
Ама содомското сладострастие повторно го посакуваше

И прилега сето тоа
Да вее ветар божем случајно според свои закони
посакуваќи ги така сите глобочини врели и пеколни
Не разбирајте погрешно,не копнеам по нејзината топлина
Ја заобиколија небесата,не врнат ѕвезди крај скутот нејзин,само тајните се сноват
Под пазувите со црн мелем се премачкува,покриваќи го гниежот во себе

Ова е свет Христијанки
И ако навистина не исчезнам
Нејзината нова постела пак ќе биде без смеа и без сатанаилска пот
Ете така де,морам да ја водам сега Судбината,ќе ме окова во некое свое житие
А таа,таа и кнезот и уште една сенка до денот суден нека мислат дека се Живи Богови
Кои прават нови закони на животот
Ете така де,ако не исчезнам
Нема вистински да знаат дека постојат.




Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...