петак, 15. јул 2016.

Такви се Преданијата



Се цедеја соковите на сите преданија под Месечината
Од сите камени пукнатини,од сите Дабови кори
И од сите рѓосани оклопи на животот
Низ својот бешумен порој од зборови
Сојузник им беше тишината
Имаше денови и непознати тишини се здружуваа за ова
Кога ноќе,после секоја молитва се пребројуваа ѕвездите
Неспорно,тогаш златните очи се враќале во Вселената
И слушале како русалки зборуваат,и маѓепсници пишуваат
За миговите кога пупките на семожните надежи се отвараат
Такви се преданијата,и за себе и за се околу себе
Такви и ќе бидат,сметано од самиот ден на раѓање

Зарем вие
Би можеле се да прочитате
Се што врелината на дланката ќе запише
За Некој миропазаник
Или мирострадалник
Кој во сонот за непревидливата иднина со пехар наздравува
Или путур дрвен,сеедно е за тоа
Но со врвовите на прстите возбудено дише под капка роса
Понекогаш со радост трепери под лисјата на три млади јасени
А кога се завештува крај јама црна клечи
Гледаќи како прозирните птици од душата му летаат наоколу
Разберете,тоа е местото на исконот каде причесна се прима
Таа жива искра,која секоја наредна искра ја создава
Сега ако разбравте,или ја уловивте неговата расплинета насмевка
Тоа е Ѕвонарот на Небесната Црква
Напати е грешник,во некои денови е посник,на сведен е светител
Во ноќта е крвник
Кој од својата килибарна дршка го цеди сокот на преданијата.

Но за него проклетството продолжува
Кој во сите далечини на светот
Го чуствува сите умирања на сончевината
Во кругот каде се преплетува вчера,денес и утре.








Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...