среда, 13. јул 2016.

Верувале вие или не





Бесконечноста споро и тромаво започна да оковува се околу
Фрлаќи притоа и две вериги врз сонцето
Шест или седум узди стави околу месечината
А Човечките надежи очајни ги стори
Даваќи му право на Арамискиот несон да царува
Изминува веќе втората недела
Само Јудејците ја разлеваат проклетата песна
Го слават Баал или Бафомет,сеедно
На кираџиите во животот тоа им е терет неподнослив
Беспомошно се препелкаат во пајажината на денот
А ноќта
Со татнеш им спровира студ помеѓу капките крв
Ви кажувам дека се отвори тешката врата на Пеколот
Сега виделината невреди ни грош
Со скаменети јазици многумина посакуваат да воскреснат
Живи додека се
Од земјата да се одлепат
И прашината да ги заборави
Неверници да не ги убиваат додека сонливоста им е уште на очите
Малкумина
Кои се надраснале себеси
И станале поклоници на слободната Љубов
На небото гравираат свои молитви
Правеќи така последен обид да ги заштитат песнопојните птици
Нека мине уште оваа ноќ
Верувале вие или не
Од утре ќе нема сведоци за сето ова
Дури цели три децении
Кога ќе владее бескрајанта празнина
Без закони,без Вера,без спокојство










Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...