петак, 1. јул 2016.

Потемнети Небеса



Испрекинатиот крик на животот етего се изедначува со потемнетите небеса
Чекаќи денот да го одмине и сите сомненија од неговото столетие
Аште ли ти е должен Судбино
Бараќи од него да се вангелоса во скрбот без да болсне зеницата
Аште ли

Го држеше на земјата
И го опиваше со сказанијата
Без да му кажеш дека е окован со маѓија од Величенствена Блудница
Која етеја пак се спровира под туѓите клепки

Ни пак тој разбра
Ни пак ти виде
Зошто Ноќта секогаш му се доверуваше меѓу четири ѕидови
Тераќи го горчливо да се насмевне

Аште ли
Аште ли судбино во мраморот ќе го делка човековото обличие
И ќе врзува големи тајни за да не ги пронајдат бедниците
Аште ли
Грешното евангелие со врелина на занесеник ќе го молви.

Аште ли Судбино
Иднината ќе ја знае
Без да се сеќава на утрината која со пламен го измени.

Има нешто што не е дел од сказанијата
Судбино
Како ќе го избавиш од Смрта,кога му ја дари на Раѓање
Како
Кога евего пред Олтарот стои прикован на Крстот
Со Испрекинат Крик од Животот за да се изедначи со Потемнетите Небеса.






Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...