недеља, 10. јул 2022.

Не мирисаме веќе на соништа

 

Не мирисаме веќе на соништа

 

Незнам дали знаеше

Но јас незнаев,дека

Бевме oставени на ветромината

Од судбината

Како цветови кои треба да овенат

А ние,ете,сега

Заглавени,со вкочанети дамари

Гледаме дека оваа есен нема да биде наша

Којзнае

Можеби летните бури ќе не пеплосаат

И времето ќе ни го остави само минатото

Како некоја слаба утеха за се.

 

Така е,зар не

Можеби,затоа што не мирисаме веќе на соништа

Така е,зар не

Можеби,затоа што веќе празнината

Што ни зјае во душата е видлива

Така е,зар не

Можеби е сето ова вака,затоа што често

Пиевме чемер од бронзениот пехар.

 

 


 

 

 

петак, 8. јул 2022.

 

Како да ја утешам сопствената душа

 

Како да ја утешам сопствената душа

Кога пливам во болка,повеќе е туѓа знам

Кога газам во солзи,сечии пролеани

Кога гледам дека реката од крв секојдневно е се подлабока.

 

Како да ја утешам сопствената душа

Кога гледам дека љубовта умира насекаде

А катаутро се повеќе цветови венат

Катавечер се повеќе лелеци одекнуваат.

 

Како да ја утешам сопствената душа

Кога и мене криљата ми ги искршија

Чекорите ми ги заробија

А воздишките меѓу спилите ги однесоа.

 

Како да ја утешам сопствената душа

Кога лагата секојдневно ја купуваме скапо

А вистината ја продаваме ефтино

При тоа прегрнуваќи се со ладни прегратки.

 

Како да ја утешам сопствената душа

Кога мостот кон вечноста го срушивме

И без никакви сниша во себе

Одиме со гордо крената глава по патот кон пеколот.

 

 


 

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...