понедељак, 30. април 2018.

Не ги казнивме душманите,тие ни ја зедоа иднината





Додека некои,ни го омеѓуваа времето
Ние,застанавме,небаре сме свеќи на изгаснување
Во проклет,плашлив простор од Вселената
Та скршени од болка,го молевме Бог
Барем тажните зборови да ни ги земи од мислите наши.

Сега дури узнавме,дека Братската слога ни се стопила
којзнае,можеби затоа што Љубовта ја претворивме во омраза
сакавме да му кажеме,додека згугурлени седевме
Не стасавме да остариме онака Човечки
Простини,што сега со молитви си ги плакниме очите.
Ете ,ни далечините не можат да ни ја стопат осамата
Патеписците за нас ќе пишуваат дека сме скаменети сенки
Свилата ни ја зедоа,проклетници,на која го везевме и Небото и Земјата
Можеби затоа сега ни тежат рамењата
Да знаете само, таму лежеа сите наши сонувања.

Ех,расневме и во суводолиците,и вишнеевме кон небото
Исто како Јабланите,и се печевме на камењата низ вековите
Бојата на денот ја менувавме,вкусот на времето го дишевме
Јалдази на земјата садевме,на моми ги подарувавме
Пиевме,пиевме Господе од Нектарот на Вечноста.

Ора,ора стариот плуг на времето повторно на оваа земја
Ама,неможе да ги расклешти камбаните за повторен воскрес
Не ќе растиме тука со гордоста твоја,се јоктисавме
Не ги казнивме душманите,тие ни ја зедоа иднината
Сега животот за нас ќе биде само тажен запис,а мислевме дека ќе го надживееме.





петак, 27. април 2018.

Ако беше Син на Татко





Ако беше Син на Татко
Без мртов оган во очите
Тогаш и слепите ќе можеа да те однесат кај нашиот Господ
Да се помолиш ете така како човек.

Ама ти си помал од птиците,само во мигов така глаголам
Незнаеш ниедно предание,за подбив си
И меѓу чавките,и меѓу гавраните
И не си дораснат за Судбината да те милува.

Кажуваш насекаде,мислите ти ги украле орлиштата
И дека немаш жолчка,та затоа не се срдиш
Поразите за победи ги редиш на пладне
И на крадец му се доверуваш за твојата ѕвездена ноќ.


Нема да те закопам,ни плитко,ни длабоко
Ќе оставам,смрта да исткае на разбојот ирамче за тебе
Со црни нишки,кое ќе продолжува до проклетијата
А името твое
името твое и онака ни свештеници на опело не го кажуваат веќе

нејсе, ни гнилата ткаенина ти ја нема на телото
џиновски бубачки и лебарки ти го смукаат семето
не ќе дочекаш седмо колено
на скаменето чело,ќе те целиваат самовили.

Ние на Божик повторно колаче ќе кршиме
Живо облаче на кој Светец седи ќе гледаме
А твојата преполовена глава ќе виси на копје од подгрбавен воин
Некаде во некоја задушлива и смрдена одаја.





Стравот





Стравот
како своја престолнина го зеде срцето.
Се прогласи за Чудотворител
а не причинител на секакви безумија.

Рече,бил повеќе истребител,помалку избавител
та како што беше угу гол
Зеде со својот змијовиден камшик
месото да го прочистува од секакви гревови.

Е де
еднаш донесе и утешение и заштита
кога беше згуснат мракот,и се лепеше на темето
молитвата на невидливиот Светец го скаменуваше
та стануваше голем пакосник

Многу ги сакаше кучешките заби на крајот од усната
и секогаш мувлосани коски им даваше да глодаат
незнаете,страсно ја љубеше гробната светлина
тогај стануваше читач на минатото
и како виулици носеше нови морници.

Имаше и тој триста маани
Небеше син на Сребрената Месечина
Гласот му заоѓаше,кркореше тивко
Кога боските на Цвета ќе му прелетаа пред него.

Којзнае,дали некогаш ќе излезе од мракот на споулавената надеж
И својата зелена крастава кожа ќе ја фрли на сонце
Но никогаш нема да биде сеач на плодно семе
И сеедно ќе му биде,што е понеделник или сабота.








уторак, 24. април 2018.

Призрак на минатото




Крикот веќе не доаѓа од Бездните
Тој проклет крик  веќе живее во мене
Како некое величенствено суштество
Со илјада златни крлушки наредено
И саде раскажува за некое неслучено зло
Дека деновите неродени ќе се распарчуваат
Дека ќе горат како суварки
Дека коркачи мажи ќе станат генерали славни
Дека солени ветришта ќе ја бришат добрината од срцата
И дека со свето вино блудници ќе благословуваат

Без ум ли си,знам некој ќе ме праша
А Јас само безгласно ќе заплачам
Ќе се прекрстам
Со молитва во себе
Ќе го развлекувам крикот
Се додека не стане призрак на минатото.



четвртак, 19. април 2018.

Не молчи





Ако сеуште само немееш
И од местото го гледаш низ молкот Бескрајот над твојата глава
Значи пламенот во твојата душа не пламти веќе
Ти
Кој се нарекуваш Македонец
Ајде, не се лажи ни себе,ни другите
Дека ако молчиш Небото ќе се смилува над тебе.
Или некој непознат поет
И полупијан виолинист,утре
Низ песната и тажаленката ќе зборуваат Славно за тебе
На тие кои ќе се родат после тебе
Знај
И бронзените звона ги пренесуваат големите зборови
Само на тие кои гласно кажуваат
Не молчи
Зошто молкот е пострашен и од најстрашната смрт.


среда, 18. април 2018.

Сето ова е лага





Песочниот часовник зарѓа,тогаш кога лиеа киселите дождови
Но ете,се роди одеднаш ,чинам тоа беше во пустината
Парадоксот Со своите тесни временски ходници
Овде онде,беа малку искривени
Каде секој себеси се гледаше во просторот
Како војува со збеснати ѓаволчиња
А потоа остарен,пладнува под тривековен даб со самовили
Некои,од убавината побудалуваа
И ја оставаа среќата за нив да плачи
Додека тагата шеспати умираше
Необично беше се тука
Па и демоните добрини невидени правеа
Додека Ангелите ги камшикуваа луѓето
Само два,тројца збеснато викаа на цел глас
Не, ревеа како ранети ѕверки
Сето ова е лага
Сето ова е само привид
Кога ќе се рабудите вистински
Вашите души ќе танцуваат.






уторак, 17. април 2018.

Како Петко Вампирот од приказните на Дедо




Со својата скрб и будалестата надеж
Ископував зло од каменот црн
Мислеќи така,дека злото во Човекот е мртво
И им глаголев катаден на добитчињата невини
Дека нивното умирање е хумана работа
Која судбината им ја одредила на Сведен Голем.

А потоа
Кога низ катниците ми се цедеше крвта нивна
Не се чуствував бедно,како Петко Вампирот од приказните на Дедо
Ами возвишено,нивната смрт,со вино кисело ја славев
А потоа,полупијано,на каладрмата и раскажував
Додека  во чвор чуден ги плеткав чекорите.

Ами убавини беа тоа,да знаете само
Кога на туѓата смрт утеха и давав
Или ме убеди така Цвета Блудницата
Која на Боските Свои тајната Вселенска ја имаше залепено
И кожата и мирисаше на мелеми од треви исцелителски
Ех, кога Бедрата ќе ги раширеше
Лечеше и страшен очобол и миреше секакови тегоби.

Сега вие,со презрение не ме гледајте после ова
Оти живеам за смрта нивна
И за призрачните патеки кон постелата
И не ме нарекувајте кучкин син
Туку научетеме како да јадам варена коприва
И како да го наслушнувам животот
Кој пее секогаш со молбени арии во срцето.









субота, 14. април 2018.

Мирисот на Рајот го носеше со себе





Мирисот на Рајот го носеше со себе
Кога вратите на моето срце ги отвараше
Стоев,малку занесен,малку со исплашени детски очи
Додека радоста потсконуваше на моите дланки
Светлината,ах таа светлина ме заслепи
Недаваќи ми да ги видам твоите црни криља
Нејсе, си реков тогаш
Како и многупати после тоа
Но никогаш не запаметив,кога се роди болката
И од која небесна шурка протече бесот
Твојата присутност ја расфрлаше насекаде
Правеќи да заспивам тивко како времето
Негледаќи дека светот околу нас е јама без дно
Ете ,реков Ах,сега ќе кажам ех
Кога и пламенот на пеколот би ме прегрнал
Не ќе се жалам
Ако знам дека и ти некаде во мојата близина се смееш.






Кон голтарите кои мислеа дека се Буржуи




Додека свеќите на многумина им се гасат,Јас немам веќе солени солзи за нив да плачам,само брзам во времево,и внимавам,на секаков начин да и се спротиставам на Смрта,не да ја понижам,или да се и се посмевнувам..ами..несакам сега да станам бескрвен бегалец во глуви простори.
Немојте да сте помислиле,секакви молитви да баботите пред неа.не ќе ви даде да цицате од нејзината боска млеко бело,или пак некој млак сон,ами ќе стори се,да не сватите дека е веќе ноќ,долга ноќ,бескрајна ноќ.
Треба да знаете дека тагата го уби злото во мене,и можеби затоа сега ни воздишка,ни копнеж будам за вас.
Со грч се држам за земјава,и барам,не плодна земја на која би сеел глуво семе,ами карпа за завет да сторам,и со ококорени очи само да гледам како леунки со клетви дојат,како живите им се восхитуваат на мртвите,и како на скаменети опинци многумина вообразени се враќаат.
Ништо,ништо нема да биде веќе од оваа спржалена земја..и велмам на Враната карши мене,ај опулисе кон нив..кон голтарите кои мислеа дека се Буржуи..не скрбат,туку оставаат врз нивните ќерки и жени,апежи стрвниците да ставаат..некои и живо месо кинат..за од излитен пехар вино да испиат..
Не се ни улави,не се ни бедни,ами само сенки кои крадат драм светлина..
Глаголиш сешто..подвикнуваат пупунците кои потсконуваат на правот кој останал од вчерашниот ден...во средината на Мај.тука ќе дојдат улави ветришта,и ќе не плисни порој здивен..и многумина ќе се простат од сонот..и див лук само ќе се јади..и грст пченица богатство ќе биди..чинките ќе оживеат.мртвите ќе се пробудат..живите ...со луциферијанците козите на угар ќе ги пасат..и Манастирот ќе го рушат..
Сето ова,некој луд Петко кој на сите им личел на измитарен стаорец го напишал на некој стар папирус,и го ставил во ќуп кој неговиот дедо го оставил,три педи свинска маст врз тоа ставил,и се упокоил мирно.
Кога смрта глодаше врз купот од човечки коски,ова го најдов таму..и сега незнам..дали е само запис од некој стаорец,или пророк..ама распетието го гледам и во овој изгрев..а кругот кој вчера го пишуваше белината,сега некако е испрекинат..кој ќе ти знае...



петак, 13. април 2018.

Имам порака за сите кои јад доручкувале



 Што е крстена Душо

Не ти чини и ова расо од парталчиња
Мислиш си грда како некоја сојка опустена
Или збрлавен пупунец
Ами улава си до таа мера
Што ни сенката на Манастирот неќе те покрие
Го имаш чуството дека си мала
Ај зини,па надеж ќе ти дадам
Умираш во секој заод
А не воскреснуваш со лилавиот пурпур
Молиш да те вратат кај коските пожолтени
И акаш по друмој небаре си проколната
Не се бориш за иднината своја
Ех душо ,душо
Македонска
Беше блага по нарав
Ти,која низ виното ги кажуваше молитвите
И ни ја лекуваше палавоста
Ти која го носеше мраморниот крст на грб место нас
Ти не нурна во некоја своја тишина
За да талкаме безгласни низ домот
Ами слушам
Сега со лесков стап ќе не Благословуваш
И со црн темјан ќе не подчадуваш
Кога утре
Сушите,гладот и чемерот ќе не сотрат

Имам порака за сите кои јад доручкувале
Вчера,додека првите ѕвезди се спуштаа на сводот
Сум ти заспал покрај морето на светлина
Чинам тоа беа позлатените Божји Нозе
И натемаго беше таму,одлево
Малку се тетеравеше со мали полумесечини во рацете
Заплакав,со горчлив вкус
Оти воздухот беше невидлив
Не пиев тогаш мрак и крв да знаете
И узнав
Оваа пролет стануваме сите покојници
И утре кога ќе ни ја ораат кожата
Кога ќе ни продолжат родот под земја
Не ќе воздивнуваме лесно како во детството
Ами ќе знаат само по дамките на земјата
Кои на ликот ќе се јават
А душата Македонска
Таа како скриено злато Млад Апостол ќе ја носи
И на мрсулковци како нас не ќе им ја дава

Нејсе
Се е испомешано
Не ме спомнувајте,проколнат сум
Проколнати сте
Оти пред сонливо сонце се поклонивме
И се наранивме со тајните на притаениот ѕвер
Утре,некоја непрокопцана ќе роди пис дете
Кому времето нема да му биде вечно
И само со солени созли ќе се радува
Нејсе
Утре на педа ораница свадбарско оро ќе играме
И ќе имаме облик на чудовишта.









четвртак, 12. април 2018.

На која карпа остана залепен копнежот





Играќи со Ангелот на Смрта  
Сваќаш дека сепак тоа не е игра
И
Гледаш дека тишината веќе се нарушила
И
Пробуваш скаменетото време да го разбудиш
Молкот на миговите те раскинува
Го губиш просторот
Ништо нема веќе смисла
А
Планината пука на половина со крикови
Сакаќи да ти каже
Случајноститете беа реките на животот
Кои те носеа таму каде што беше потребно
Само дилемата лебди таму некаде
На која карпа остана залепен копнежот

Незнам , дали некој сето ова ќе го разбере правилно,или ќе посмисли дека е посветено на некого или на некоја,но уживајте во животот,онака како што ужива пчелата на цветот додека ја пее својата медоносна песна.








среда, 11. април 2018.

Немој никогаш


Не ја оставај никогаш Душата позади себе
Ете таму,каде што стрвниците со лиги ја дочекуваат
И пискотот им е радоста невидена
Кога тишината ги гази немиосрдно
Кутрите
Неможат никогаш да го поминат мостот помеѓу двата светови
Та затоа правот од земјата го голтаат постојано
Немој
Немој никогаш Душата да ја оставаш позади себеси.



Научиме да сакам





Научиме да сакам
И реков на Брезата која се виткаше
Сакаќи да ја допри земјата за само една прегратка
За да не бидат веќе крвави дланкиве кога ги допирам
И нека се совлада волчјиот нагон кој катаден врие во утробава

Научиме да сакам
Оти течново виножито ме спржали,та не трепереам и воздивнувам
И се обеспокојувам пред небесново синило
Плачеќи со капките ноќ под клепките до пурпурот
По сите наталожени векови во штотуку родените дни.

Научиме да сакам
Та и Јас како тебе да ја целивам црвеницата,и жетварски песни да пеам
Како блага утеха на сите угари
Кажуваќи им,не сте туѓу,ваш сум,ќе изртите семка на нови младенци
Кои ќе печат леб,надведнати над пламен што во огниште ќе им пламти.

Научиме да сакам,и не воздивнувај попусто
Ќе се митарат повторно тука пците,и од Стариот Манастир
Камбаната ќе бие се до полноќ
Е де,ќе лаат уште долго тука,безимените со ѕверска чељуста збеснато
Се додека дреновиот стап не ги одведе до нивниот отворен гроб.











уторак, 10. април 2018.

Болскот на една неродена желба




Ако денот го издолжиш до далечините каде одмараат петстотини денови
Ти веќе не си урочен од третата наречница
И се преобразуваш во небесен болскот на една неродена желба
Си созреал,си собрал храброст да сееш надвор од четирите ѕидови
И не познаваш веќе миг на очај,ни пак страв,или замор

Еј Човеку,се сеќаваш нели,кога во себе чуваше мртви настани
И секогаш одеше под сенката на источното сонце
Со законот на суровост ги милуваше пролетните пупки на дрвјата
И признај,го сакаше ловот на луѓе кои не сакаа приказни и бајки
Кои со своите беспомошни надежи се заплеткуваа во твоите заоди.

Еј Човеку,се сеќаваш нели,пред четириесет години,во матна белина
Во едно есенско попладне ти претскажуваш за ова
Немаше околу нас,ни луѓе ни птици,само времето врвеше
Ти слушаше,очите ти бабреа,,и молњи живи се раѓаа таму
Но ете се покори на темнината,преобразена во семоќ на уништување.

Нејсе,јас до првата утрина ќе бидам без чуство за тежината на коските
Ти,не чемреи,оставиго ветерот во косите нека си игра
Камената утроба раскршија со огнениците во крвта
И стори повторно Библиска победа,оти си син Давидов
Послушајме,и распливнија насмевката,сите тајни,виното ќе ти ги каже.

Ете глаголев,глаголам,доглаголив
За се друго ќе ти раскажам во иднината
Каде судијата не суди со нож.ами со прегратка
Каде говедарот и царот седат на трпеза недогледна
И заодот оди кон изгревот.






субота, 7. април 2018.

Од Безгрешност премина во Грешност





Етего
Застанал на гола спила
Со неговите затегнати криља
И реди псалми од вознемирената утроба
Врз смрзнатите животи
Кои се измориле во оваа студена пролет
И пак ја чуствува тагата
Која му ја испраќаат во тажните песни
Та грлото му се стега
И во очите неможе да му прорти надеж
А,да им каже на луѓево
Кои се жилави,и жилавиот пиреј го носат во семето
Ама пусто
некој им ја разврза низата од денови
да Ангелот
од безгрешност премина во грешност
оти заплака со пелин солзи
и се препокри со мов од праска

и заспа
и сетне се будеше
и се споулавуваше
во неподвижниот воздух
во тоа мало дувло од четири ѕидови
каде ќе спиат уште многу поколениа
и пак ги собра дланките
оти наоколу се умираше без ред
а нему криљата му гореа
светците не му беа веќе браќа
но сепак сеуште беше гласник на небото
кој требаше повторно да се надрасне над еретиците
и да не цица од боските на залудените блудници
кои веќе се вгнездуваа во дното на неговите сини очи.

Да ,беше поинаков од другите
Со нежен облак над главата
И малку му беше прозирна кожата
Ги знаеше сите тајни на Ерусалим
Затоа судбината се плашеше линии да му втисни на дланките
Само бледиот заод на сонцето му се поклони
И пциите го дочекаа радосно.










Апостоли на Лицемерието




Празнината помеѓу небото и земјата
Се исполни со слатки мољни,родени од празни воздишки
Та час прават искривени виножита
Час ви го даваат привидот дека сте живи светци
А час ви ја дерат кожата се до вашите волчји коски.

Како проколнат поет ви го кажувам сето ова
И повеќе овие стихови се за невините,штотуку родените
Отколку за вас,кои се капите во крв,се замивате со солзи
Заплеткани во испокинати нишки на секојдневието
Исполегнати во живеалишта на очај.

И не купувајте повеќе огледала,изработени на нејасна месечина
Ќе ја видите вашата душевна осаменост како ви се смее
Од ликот изобличен ќе се исплашите
И ќе почуствувате како под вашите клепки,пловат мртви облаци
Единствено,утешително ќе биде,заборавената насмевка од младоста.

Сакате за среќата да зборуваме,и да ја бараме,и да ја имаме
А сеуште ни Оче Наш не научивте да кажувате
Од мирисот на годишните времиња се огадивте
И саде лачот од темнината го збирате во дланките
Бараќи ја при тоа помеѓу четири мртви ѕидови вечноста.

Нејсе,и вудвосан ќе минам под крстот
А вие и понатаму останете да бидете Апостоли на Лицемерието
И чекорете озарени,со скриени мисли за блуд
Но наскоро,крикот на Небото ќе ве разбуди
И ќе ве повика,поплитко да се закопати во земјата
За да може патникот од иднината да ве најди смирени.













петак, 6. април 2018.

Врзан на сопственото распетие





Врзан на сопственото распетие
Ја гледам бесцелноста на светот
И илјадници,илјадници отворени гробови
Кои во милоста своја ги нарекувате домови
Карши мене,гледам заковале куц измитарен пес скитник
Ниту цвили,ниту лае,само со очите чудна игра прави
Од лево,Цвета блудницата виси,со втеречен поглед во земјата
Пред само саат време огненица ја тресеше.

И глаголам малку утешително,на арапски,или беше ерменски
Е де,оној прастар јазик,кој правот на заборавот го прекрил.

До пред залезот се ќе биде готово,ама сега бавно се скратува времето
Можеби проклетиве пајаци го заплеткале во своите нишки
Нејсе,стоиме сега вистински на границата од доброто и злото
Нека не те плашат овие улави ѓаволчиња
И ним омарнината ги оковала тука,и тие слично на нас живееа
Не бевме родени за светители,имавме само едно срце,и две раце
Бабревме кога богатиот пехар ни го подаваа
Пупката на девствениот цвет ја газевме,и низ насмевки ја поганевме
Ако ,ако Цвето,и без нас дивината во планините ќе биде дивина.

Кутрата не разбра,можеби затоа што беше ѕвезда на сите црни надежи
Глутницата со здив на смрта во својата чељуст на тоа ја научи
Скаменето да ги гледа сите сеќавања,и од молитви да бега
А песот,сега се сеќавам,во минатиот живот беше стар испосник
Кој никогаш не ја заврши својата молитва,кога со нож го бодеа.

Можеби после залезот само ќе кркорам
И не ќе можам повеќе за животописот да зборувам
Вие само молчете
И пред небото покорете се
Така,ни Јас,ни Цвета ни пак Песот
Нема да бидеме безлични.



четвртак, 5. април 2018.

Сите рекоа Амин





Сите рекоа Амин
додека паѓаше Синот на Зората
И, се поклонија пред Земјата која го прифати

А беше без своја сенка
Пленик на болката во ослепените очи
Налудничаво  се тетеравеше во дневната запурничавост
Призрачните сенки му беа судии и приврзаници
Заборавената кучка во виулиците утеха му даваше
Живееше во далечен сон
Во чија модрина се беше возможно

Ете Тој,по совет од туѓинец,бегаше од светлината
Огнениците во неговата крв се оладија од сето тоа
Богомилците дојдоа со света причест да го послужат
Ги растргна и кожата им ја симна до заодот
Како живо вретено се спровираше низ круговите од времето
Не ги допираше Боските,туку ги сечеше за пците да ги нахрани

Помисли вчас еден,дека и тагата му станала робинка
Та посака да му готви,и вскут да му седи
И да бдее на миговите празни,кога слатко се смееше
Не ги послуша и Самовилите кога предвечерната песна му ја пееа
Небеше за покајување,туку за Априлските ноќи
Каде беа сите негови никогаш неиозодени патеки

А што очекувавте вие од плод
На жив споулавен маж и мртва жена
Кој растеше на стрмните карпи прекриени со модар мов
И кого смрта го обележа на челото кога одеше по угорнината на денот
Се сеќавате нели,кога се здружи со копилиња проколнати
И саде скромна трпеза на секого нудеше
И сега не се морничавете што само гавраните ќе го знаат неговиот гроб.



Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...