уторак, 29. август 2017.

Арс Лонга Вита Бревис




Илјада,а којзнае можеби беа Петилјади Безимени Сенки
Го мешаа дождот со сопствениот зној,трулеш и плач
Стоеќи на плоштадот небаресе се Величествени Небесни Столбови
И ја голтаа тишината која се лизгаше меѓу нив.
Им шепотев прво тивко,потоа посилино,потоа викав
Арс Лонга Вита Бревис
Но тишината околу нив беше толку густа
Што помислив дека и од мирисот на зората тие се плашат
Стоеа,стоеа продираќи длабоко во темнината на сопствената душа.

И потоа некој нека каже дека вреди да се запри времето
Кога несватеното,премолченото се само порази и бегање од оваа стварност
А стравот е само блескав трофеј за чување на солзите
Добро месечино барем ти ме разбираш
И без никаква маска на себе стојам спроти тебе,со сјај и копнеж
Се колнам пред тебе,иднината не ја голтам,само чекорам со неа.

И,еден ден кога спиралата на животот нема да врти,ќе заминам
Со мојот немир,оставаќи го само сеќавањето за насмевките,зборовите
И тишината презрена
Но повторно некој друг кој ќе сонува заедно со пеперутките
На некоја нова Агора ќе шепоти или ќе реви
Арс Лонга Вита Бревис
До некои килави,лигави и испотени сенки.




субота, 19. август 2017.

Ако некогаш



Ако некој ми рече
Дека сум изрод Македонски
Јас ќе му речам
Дека е кодош,роднина на Јуда
И така тој нема да се налути
И така јас нема да му се налутам
И тој можеби е во право
И јас можеби сум во право
Ако некој ми рече
Ти си ја продал Македонија
Јас ќе му речам
Ајде да ги делиме парите
Тој нема да се налути
Знам со вино ќе ме угости
Јас со вино ќе го усгостам
Така двајцата богати ќе бидеме
Ако некој ми рече
Ти си србоман
Јас ќе му речам
Ти си бугарофил а којзнае можеби си и гркоман
Тој нема да се лути
Јас нема да му замерам
Та нели и дедовците наши така зборувале
Ако некој ми рече
Јас сум Македонец
Нема да му поверувам
Па зошто да му верувам
Кога и мене ме убедуваат
Себеси да не си верувам

Дека сум Македонец.


четвртак, 17. август 2017.

Умеам да господарам со зборовите.





Умеееш да господариш со зборот
Денес некако цинично ми возврати огледалото
Небаре си генерал на стоилјадна војска
Војуваш со гранати од утробата твоја.

Недопирлив сум
Вечен како Бог
И Бог сум навистина,глаголам
Со забите кои брана на јазикот ми се.

Не, извикувам
Се натпреварувам само со поколенијата
Ете така лутам по крвави судири
И во моите сини сини очи тогаш пеколот е санта мраз.

Ги совладувам со мојата воља
Тоа е мојот закон што го почитувам и во крвта
Ги затворам очите,
И од заборавените еха на далечните векови ги собирам.

Препуштетеми се покорени
И спровретесе повторно низ темните ходници на виугите
Не ми давајте леб,месо,риба смрдена,не бидете злобни
Закрпетемија кожата и вечни бидете.

Јас сум прв од лозата на Бесмртните
Боговите се такви,некако со олеснување воздивнувам
Ќе ве престорам во пеколни птици,потајно да плукате
Не цимолете,кришум се заколнавте пред сребрениот крст.

Созреете,зреете,презреете
Додека одмарам со посебен мирис на досадата
Нема да ве удавам со граматичка правилност
Вие самите кажетеси,ова е придушена патетика.

Секој владее само еднаш,еднаш,и само еднаш
Смислата на идејата е да ја спрегне енегријата на недостижните далечини
Сугестивно во мракот ќе ве ослободам
Ќе го наречам,вие запишете,ова е Генијално лудило.

Простете
Простете ги испуштив веќе нишките на времето
Ова нека биде запишано како  благородна закана
Со неизбежна решителност и крик на слава
Утрешните мртовоци ќе преземат власта во иднината
Во тој неизбежен процес  ќе сотрат
Блуд,омраза,страв,
Потоа
Потоа во леплив мрак,и матна светлост
Во тој темен ковчек,говорникот ќе биде недовршена слика.

Во далечините завива тажно сирена
Со пролетна мелахонија
Веќе немам никаква дилема
Чиј е светот,на живите или мртвите
Се заколнав,Бог ќе бидам,сноп на светлината
Неможете намене да видите дамка
Го покривам тука огледалото со недогледно платно.

Јас
Умеам да господарам со зборовите.








среда, 16. август 2017.

Сокријтеме под порите на вашата кожа




Сокријтеме под порите на вашата кожа
И така ќе уживате силно,силно со вашата омраза
Нема да бидам и тогаш ваш роб,ни пак послушник верен
Но сепак нема да ви ги парам ушите со мојата искреност.

Роден сум да буричкам по душата
Повеќе во мојата,помалку во вашата
Но сепак моите гревови не се обични
Оти тонам секојдневно во сластите на Животот.

И ќе речам повторно,ве Љубам сите подеднкаво
Оти можеби ја гледам вашата иднина,каде тропам и таму
На портата од вашите срца,онака потпрен на Брезата која ја засадив
Вие одрекувајте и понатаму дека не е така.

Сега кажете,лажливец сум,а против лажливците зборувам
Ја скрнавам вашата чистота,се опијанив од чистототата,можеби е тоа
Не кажувам за крај Амин
Ќе го разбудам гневот,а гневот е кратко лудило кое горчините ќе ви ги рабуди.

Не ги знаете моите патишта
И не ме силувајте веќе со вашата милост
Макар и ме сокриле под порите
Ќе талкам и понатаму по патеките на моето срце.





субота, 12. август 2017.

Ѕвезден непокор



Мачните мигови на проклетијата се сновеа внатре во вените
Пишуваќи ја така со крвта темната книга на јадови и чемери
Недозволуваќи притоа да се стркала барем една солза,врела,сјајна солза
Зарем станав исконска подвижна табла каде небото ги пишува своите тајни.

Да рече сенката,ова е самракот каде љубовта се губи во парчиња
И се препушта на сивата осама
И реков,ако треба ќе ја силувам ноќта,онака како ѕвер
Како некој бесрамник кој не се плаши од жигот на бесконечноста.

Сенката зареви кутрата,о бескрајни црнила прегрнетеме
Овие проколнати ноќни талкачи сакаат болката да ми ја подарат
И така
Ширеќи ја околу неподносливата реа која крајот го најавува.

Од далечината,млаката насмевка на нерасонетото сонце
Го влечеше возбудливиот круг на светлината
Кажуваќи му на ѕвездениот непокор дека е време за одмор
Само сенката остана во се ова на аголот од темната уличка.




среда, 9. август 2017.

Дозволетеми



Дозволетеми моите солзи да потечат
Пред тие да се исушат некаде длабоко во Изворот на Душата
Навистина Дозволетеми
Зошто гревот залепен на градите од една Блудница ме вика
Навистина дозволетеми
И мирувајте во вашата лага дека сте поголеми Светци од мене
Нема да ги осудам вашите мисли за сето ова
Ќе оставам вашата срамна смрт да го направи
Навистина,доволетеми

Моите солзи да потечат заедно со Гласот на Невиноста.


уторак, 8. август 2017.

Ако сте Пагани



Ако сте Пагани ,веќе го знаете
Ако сте ништоверци,насмејтесе и на ова
Како и на се друго што се смеете

Беше мирна,беше тивка
Толку тивка што понекогаш и тишината неможеше да ја препознае
Не зборуваше,не беше нема
Но во погрешен момент изврши емоционално самоубиство
А толку долго го чекаше совршениот момент
Кога болката ќе се смиреше,таа да си ја раскини сопствената кожа
И да каже насекаде,Јас сум Самовила
Но утехата,таа проклета утеха,ја однесе во ѓаволскиот круг
Каде внатре,само едно слушаше,не си родена за љубов.

Глинена девојка,да, ќе ја наречеме глинена девојка
Ќе ја поставиме во центарот на сите галаксии
Гледаќи како ѕвездите и се радуваат
Можеби тогаш длабоко ќе воздивнеме,без да се проколнеме
Додека наоколу три земни сили се соединуваат
За повторно да кажат
На човекот не му е дадено да гледа чуда
Само срцето ја има таа привилегија
Но
Порано или покасно сето ова ќе го разберете
Паганите за ова знаат откако се роди времето.





недеља, 6. август 2017.

Се е тивко наоколу



Синото мастило што ни течеше од срцата
Денес стана црно
Утре најавија дека ќе ни течи од вените
Потоа
Сите до еден ќе станеме неразбрани поети
Кои  пишуваат по земјата
Задутре
Тоа проклето задутре
Кројачите на судбини им го оставиле
Велат на стотина луцидни сликари
Морало така,тие
Црните облаци од запад
Да ги обојат со бела боја
И чудните изгрејсонца
Да ги состават во мозаик од парчиња
Мигови извлечени од сеќавањата
Идната недела
Во ова мало опустено место
Ќе дојдат вајари
Ќе прават кипови со ликови среќни
Насмевките,зборуваат така некои,и од џеповите
Е де,од киповите ќе им паѓаат
За идниот месец
Некој од пиајниците само ќе раскажува празни приказни
Ама сепак
За да не биде тивко
Смислиле
Орди од кучиња скитници да лаат насекаде
Така никој да не каже
Се е тивко наоколу.



четвртак, 3. август 2017.

Убијци на Сништа




Вие,Убијци на моите Сништа
Кои низ годините изминати, со вашите крвави раце
Јадевте лакомо од мојата имагинација
И ја поганевте мојата Света Религија на Поезиата
Правеќи го секој дом каде што ќе задомев во пепел
Оставаќи ме да гребам со ноктите по сувите ораници
Бараќи го полускапаното зрно жито како залак
Вие,да вие Убијци на моите Сништа
За неколку дена ќе ви напишам писмо од Иднината
Каде се сите вистини живи
Каде што нема ни Светци,ни Гробови
Вие,вие сепак зачувајтеси по некој рѓосан талир во џебот
Кога ќе отидам од другата страна на Вечноста ќе ве потсетам за ова.

Сега,не кријте се во сомнежот,очајот ќе ве предаде подло
Сега,само затворетеги очите и оставетеме еден миг да дишам
Не сум марионетка на Небото за да градам Кули Вавилонски.

Небеше тешко сето ова да се кажи ,зарем не
А како да не кажам кога и сите Бајки сега се мртви
Ги видов во пеколот како вријат
И не би го гаснел она светло кое некаде во далечините свети
Но евеги повторно Убијците на Сништа
За секој случај ќе ја допушам цигарата мирно
Горчините ќе ги вовлечам во себе
Пепелта нека ја растураат тие.










Којзнае дали воопшто е испратено ова писмо.



Мислам дека е ова писмо,кое беше прекриено со девет прсти од прав.го пронајдов додека пребарував по старите спомени спакувани во полураспаднатите куфери...не се сеќавам дека сум го напишал,зошто не се сеќавам дека некогаш воопшто сум сакал...но сепак...мислам дека е неиспратено писмо...

Ова утро беше премногу гордо за да раскажува насекаде за мене,а и овие проклети солзи,кои предавнички се лизгаат низ образите,молчат ,гледаќи ме како тажно ги прегнувам лилавите сенки кои ги донесе ноќниот ветар во моја близина.
Зарем не гледаш,дека папсано околу нас се влечат сите борби,порази и победи,молеќи не барем еден ден да го затвориме чистилиштето што го отворивме помеѓу небото и земјата во името на Животот.
Одам,незнаќи каде одам,и колку за утеха,снегот кој веќе е тука во близина ќе дојде,прекриваќи ја патеката изодена,бришеќи ги моите стапалки,и на улицата по која одев,и на овие празни приградски улици.
Станав,несакаќи уште еден жител повеќе на темнината,тоа тебе ништо не ти значи,барем тука никој не споменува судбина,никој не споменува болка,тука сите молчат,и во сопствениот молк се среќни.
А толку лесно ја прескокнав границата на невозможното,веруваќи силно во себе дека со тебе ќе ги пронајдам работите кои не постојат,но дождот,беше тој кој сурово ме враќаше во реалноста,кажуваќи ми дека е подобро да стојам на прозорот и да ги бројам неговите капки,отколку да верувам во илузијата која секогаш ја распостилаше,а јас не ја гледав.
Како некогаш,ги оставам мислите да танцуваат на онаа иста стара зелена дрвена клупа,со некоја друга жена,која повеќе е сенка отколку жена,со голема празнина во себе,повеќе гледам во сонцето отколку во неа,а тоа заспива во прегратките на самракот,оставаќи не во новото неродено време да го бараме животот во кој нема секојдневно умирање.
Ако мислиш дека е толку лесно сликите кои живеат во мене да ги претворам во зборови,се лажеш,кажими барем со колку зборови да ја опишам твојата невина насмевка,или мојата болка кога замина без збор,или како да ја опишам сончевата светлина кога се преливаше во прамените на твојата коса,како..како да напишам дека повеќе векови стојам повторно на истото место,чекаќите да се вратиш некаде низ некој временски ходник.
За крај,сепак го пуштам нејасниот поглед некаде напред,во некоја за мене непозната куќа каде звуците родени во клавирот ја свират..Одата на Радоста..гледам,оставаќи ги желбите да се претвората во пеперутки кои ќе летаат насекаде во просторот.




Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...