недеља, 31. децембар 2017.

Гревот е Чест Голема



Ако некогаш ве нанесе патот
Во Градот каде Гревот е Чест Голема
Не се молете бесцелно
Зошто Блудниците ќе се соберат околу вас
За да ви го покажат рајот меѓу бедрата свои
Залудно нетрчајте како ветар
Ете таму,смрта е иста како животот
Не пркосете на моќта
Врелите ноќи ќе ви кажа со пеколни зборови
Немој ,немој,немој
Да го трошиш залудно уште неродениот миг
Но сепак лажете,ѓаволски добро лажете
За да не ви воскреснуваат сеќавањата
И сите пијани утра
Родените ноќе за ова знаат подобро
Дека не се буди совеста тука
Само запомнетего чуството кога сте гризнале од Јаболкото
А потоа сте спиеле под Светиот Даб со Русалките нежни
Ете тогаш звуците стануваат мокри
И не постои ни болка,ни пак мисли некои
Само веселиот мрачен Бог
Ја троши обилно омразата своја
Тераќи да се кажат зборови кои некогаш не се посакувале
Да не заборавам
Одата на тагата,секогаш пред полноќ ја свират
А потоа,потоа темнината некако интересно ве скокотка
Тераќи ве,дамарите да танцуваат со блудот се до пурпурноста
Сето ова нема смисла
Но така е секогаш во Градот каде Гревот е Чест Голема



уторак, 26. децембар 2017.

Вистинско Збогум



Твоите соништа се уште се кршливи
И немаат моќ душата ранета да ја излекуваат
Твојот живот се уште со лилава пајажина е завиткан
Та затоа си оделена од бесконечието
Ајде да речиме дека треба сеуште да те љубам
Но твоите буѓосани коски ме морничават
И место сок,скрама усните ти фатиле
Стоиш спроти сонцето,но сенката твоја ја нема никаде
Не се измачивај веќе,минатото го отфрлив
Ете таму во бездната каде демоните цивкаат слабо

Ова е сега она вистински Збогум
И нема во него бесцелни исчекувања
Ни пак потонати погледи во молкот
Заедно со светлината ќе ги рашириме криљата
Утре на ден Пладне

Претвораќи го гревот во бескраен спокој.


Мастилото на Тагата



Со позајмени илузии во реалноста на мрачните сенки
Зацрвенет и бесен,трчам брзо како ветерот
Собираќи ги мислите кои талкаат во просторот
Родени во искривената вистина
И одвреме навреме претвораќи ги во рев кој моли.

О Бескрајни ноќи,прегнете ме,и
Однесете ме на местото каде се цеди мастилото на тагата
Мојата болка не се лечи
Ќе ја напишам,во најтемната ноќ
Најголемата книга на сите Човечки маки и јадови.

Ако не знаевте,ви зборувам за предворјето на пеколот
Каде изгниената душа ги уништува сите чисти мисли
И очите се полни со замор.

Морам да признаам,овде
Нерасонетото сонце никогаш трепет нема да стори
Повторно
Со позајмени излузии во реалноста на мрачните сенки
Ќе го пуштам ревот да моли.



понедељак, 25. децембар 2017.

Кога ќе се стретниш со сопственото минато




Кога ќе се стретниш со сопственото минато
Застани така со скаменет поглед
И некоја бесцелна насмевка на ликот
Не покажувај дека си растреперен од болка
И разгневен од Јад
Токму поради поразите
Биди одмерен и внимателен
Па и малку таинствен
Образите нека не ти бидат пламени
Потстокмi се и кажи му

Сам си ископав во срцето гроб
Необзирнуваќи се на туѓите зломисли
И оставиго со тажен опул
Занемен,чиниш ќе чека повторно одговор

И замини  во магловитата квечерина







субота, 23. децембар 2017.

Бргу ќе не собори Вечниот Сон




Ете мили мои
Конечно клекнавме пред назабените ветришта
Кои прво восхитот ни го носеа
А сега кога ги нема само јадот остана
Не се грижете
Бргу ќе не собори Вечниот Сон
Та достојно со нашиот исконски идеал
Ќе ги смириме нашите измачени мозоци

Можеби,овде онде ќе остане некој сонувач
кој во грчот на времето со малку занес
нема да лачи злоба врз земјата
и ќе глаголи  покрај вејките кои само ќе се нишаат на ветерот
дека долга е раката на Родината
толку долга,што и Бесконечие може да се нарече
и напати повеќе со пискот,отколку рев ќе каже
сега талкаме по туѓи патеки
бараќи
вистината да и пресуди на лагата

ете мили мои
вие кои разбравте,ова е тешка навреда за вас
но разберете
не зборувавме со Јазикот на Љубовта
кој секојдневно излегуваше од нашите Очи

и се губеше секогаш во далечините.


Збунет Адам



Никој
Ама никој неможе да ги стиши огновите во душата
Како осамата
Понекога,чиниш влегуваш во сопствената скривница
И ја гледаш светилката слична на фенер папсан
Пробуваш,ете така да застанеш во жестоката реалност
Со суровата вистина
Но,морално си разоружан
Духовно измачен
За на крај
Како збунет Адам,седнуваш на под
Гледаш
Како низ сенката на дамнината
Истекува несоницата и немирот
Но тоа трае,до бесконечие
Додека ноќта одминува крај тебе небаре си мртов воин
Потајум,пробуваш од нишките месечеви да исплетеш јаже
За  цврсто да ја врзиш тишината
Оти придушениот далечен шум те морничави
А тоа ти било крвта која протекува низ вените
Всушност,пука срцето без рев во болки

Да

Никој
Ама никој неможе да ги стиши огновите во душата

Како осамата


четвртак, 21. децембар 2017.

Не ги ставајте смоквините лисја на појас




Не кажувајте вие сенки лити,дека ја Љубите Родината
Ако не сте ги заветиле животите
Што ќе ни се нам,вашите заматени мисли
Кога гледаме дека ни клетвата нејзина не ве морничави
Дека сте потомци на Аветите
Зборуваат чекорите ваши кои ехо свое немаат
И си мрморите напати пред огледало,убавец на мајка
Ама не сеќавате дека мирисате на туѓа мочка.

Знам дека е така
Искусен грешник сум кој носи туѓу гревови
Навистина,валкан е овој свет
Но вие,неможете никогаш
Ама никогаш да ја нацртата сликата на среќата и радоста.

И сега
Не ги ставајте смоквините лисја на појас
Доаѓа времето кога вистината ќе суди
Некому пеколно ќе му врие крвта
Некому ќе му бидат смрзнати воздишките
А некому повторно болското во очите ќе му се раѓа.




Прангите на Смрта



Излитени пустеници,кои само смрдат на гнила истрошеност
И во себе го носат гнасниот пекол на очајот
Започнаа да не убедуваат дека надежта е втората Човекова Душа
Та се возвишија
И етеги секој ден се ,се повозбудени од навредите
И без грам срам
Во крвта ни се натрупаа и сакаат да не одродат

Ми остана само Оф да кажам на крај
И да ја ловам секоја морница која ита низ телото
Но полесно ми е кога зборувам
Простете ако ви додевам

И еве не додржав
неизвесноста ме боди се до длабочините на срцето
заскитаниве по род само се сноват насекаде
со омлитавена поцрнета кожа се
и секогаш покорни,чиниш на плеќите им овиснала вина
оти никогаш не го слушнале тајниот шепот на земјата.

Нешто ми кажува дека се само апстракни лидери
Кои членуваат во вештачка религија
Не ги плаши ни стравотниот грмеж
Но нам не плаши
Тоа што што ќе исчезнеме во тишината

А толку сонував да одам по патот на Горки
Прво да се осознам себеси
И на другите да им кажам какви заблуди се котат во нив
Но
Излитениве пустеници со својата мрачна правда
Прангите на смрта ги отвараат.








петак, 8. децембар 2017.

Песна во чест на сите курви



Кои гребат по рамењата,оставаќи траги длабоки
Кои те тераат да останеш заробен помеѓу нивните бедра
Да тие
Кои се чуден спој на пламенот и бескрајната  нежност

Скриени од очите на овој прозирен свет
А опкружени со толку безвредни работи
Те водат длабоко каде исчезнуваш и бегаш од сето лицемерие

Ги познаваат сите празни зборови,недаваќи
Некој да го види нивниот пекол
Во кој умреле многу свештеници,директори и сиромаси

Моралот,тоа лажно совршенство
Се губи во тој нивни пламен од нагони
Затоа,.не ги прскајте со крстена вода,не ја крадат никогаш душата

Јас ќе наздравам со чаша вино во чест на сите курви
А вие Филозофи,Моралисти  кои лажете со отровни мисли

Тие молчат,и ќе молчат,и нема да ја откријат никогаш вашата измама.


четвртак, 7. децембар 2017.

Без Патоказ кон Судбината



Крвавиот немир се буди,во ендеци,во угари
Неплашеќи се од грев
И не е веќе како вчера исплашен
И не се таи како клетник во килер темен
Скита евего в мисли со бучен од
Во суштества кои немаат судбина
И мајка не ги прегнала

Не се плашам,ни пак сум малодушен
Со потсмев ќе го гледам,заедно со песот до мене
Та нели на болката вака и се облекува румена риза
И кандило врака имам,за секој случај
Ама не кажувам како многумина,трпение спасение

Ајде,не чекате некој друг ниви да ора
Не чекајте троскот да не јади
Ни пак Јудејци леб да ни служат
Сега студено е,камен пука,но немир се буди
Крвав,во ендеци,во угари.




уторак, 5. децембар 2017.

Вкусот на Животот




Ајде не тагувајте
Барем ноќва не тагувајте,само
Сететесе на вашите стари,заборавени сништа
А потоа,кренетего погледот некаде во далечините
Да ја прочитате Небесната Вистина,што секогаш ви е пред вашите очи
Не пишува за Вечното каење,ако мислите така
Или за вашите скршени емоции
Или скриени празнини во вашата душа
Ете таму
Напишан е наједноставниот рецепт за Вкусот на Животот
Кој е залепен на секоја ваша насмевка
Гледате ли
Сега навистина насмевнетесе
И застанете во тишината
Раширетеги дланките,чекаќи во нив да капнат
Првите безгрешни солзи

Додека паѓа солзата,не го прашувајте мигот
Што ќе ви донесе утрото
Или,дали на пладнето некој ќе ве чека

Само насмевнетесе,искрено


субота, 2. децембар 2017.

Понекогаш Трескам Глупости



Синоќа
Јас,Ветерот,и Дождот
Водевме долг разговор и после полноќта
За Љубовта
За Саканата
Им кажав онака,детски,искрено од срце
Ако и напишам уште едно писмо
И,и кажам
Дека честопати стојам
На самиот крај од светот
Чекаќи да дојди
Дали навистина ќе дојди
Се прашав,повеќе себеси отколку ним
А ете Ветерот се налути,и Бурите ги викна
Настрадаа лисјата кои жилаво се држеа на дрвјата
И старата Јаболкница
Рече ,не ржеше заедно со молњите
Зарем сакаш повторно лит да бидеш
И со сенките да спиеш
А дождот
Само тивко промрмори
Ти напишиго
Ќе го избришам,и во тишина ќе го претворам
Само Месечината се смешкаше
Кажуваќи им
Оставетего
Понекогаш треска глупости


петак, 1. децембар 2017.

Ќе ми недостасувате




Живееќе помеѓу неблагодарници
Несудени инжинери и креатори на иднината
Пропаднати курви,овде онде по некоја домаќинка
Заедно во непознато време
Во некој недефиниран простор
Ете така,одеднаш
Се одважив да заминам во само мене познато минато
Држеќи во рацете една лојана свеќа
А зошто да не направам така
Кога иднината ми ја украдовте,не,ја раскинавте на делови
Небаре сте ѕверови ненаситни
И подобро е така
Знаете
Видов,свеќата ете таму не светеше
Премногу беше густ мракот
Премногу болеа сите солзи некапнати
Само сенката на ветерот беше иста

Не сум горд на ова
Врискам, без да бидам искапен во светлината на сонцето
Оставаќи само зениците да зборуваат
И не ме барајте во тишината
Само одвреме навреме слушнетеги тажните врби
Тие ќе раскажуваат секоја ноќ
За сите далечини,сокриени во тајните копнежи.

Сега ќе замолчам
Со склопени дланки
Во кој се заробени неколку капки болка

Ќе ми недостасувате.










Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...