понедељак, 31. октобар 2016.

Оставете ме





Ме прашаа ѕвездите
Зошто уште ми е крвава душата
А јас само им покажав
Кон местото каде се мешаа желбите и соништата
И не им кажав
Дека овој ден е само двојник на некој изминат
Ако можете
Со погледот ги замолив
Сите треперливи кругови да ги смирите
Тогаш можеби ќе испарат сите ноќни воздишки

Оставетеме
Заревив
Нескам повеќе вселената на грбот да ми тежи
Празен сум
Нецедетеми повеќе мелем за мојата тага
Отруена ми е крвта
Само небесните сестри можат да ме смират

Оставетеме
Беше една љубов
Остана една болка
Оставетеме
Барем крај хумката нејзина солзата што ја чував
Да ја сринам
И така
Сите глобочини од минатото ги затворам






недеља, 30. октобар 2016.

Ноќта кога започна се.



Мислев дека и оваа ноќ ќе биде како и сите други,но кога заврши видов дека е различна,да многу различна од сите досегашни изминати...а се започна некако наивно,повеќе детски,со неповрзани прашања,кои некако во почетокот немаа никаква смисла..

Стоев држеќи ги во раката останатите свеќи,и гледаќи го пламенот на веќе запалените,неразмислував за ништо,ни пак кажувавав некаква молитва,само стоев и го гледав пламенот на свеќите..навистина,недојдов да стојам бесцелно,но тоа што имав да му го кажам на Бог,го кажав пред олтарот,и излегов надвор...потоа клекнав,палеќиги останатите свеќи на долниот дел од свеќникот...
-повеќе им посветуваш внимание на мртвите отколку на живите....некако тивко позади мене зборуваше гласот,се завртив да видам кој е...беше,во првиот миг и неможев во целост да ја видам,зошто сенката од дрвјата го прекриваа добар дел од ликот,но,оној дел кој остана непрекриен одаваше лик на убава и негувана жена,жена кја сепак под сета таа шминка криеше болка..
-а што да правам,во мојот живот,повеќе испратив мртовци,отколку што дочекав живи луѓе,па сега барем вака д аим се заблагодарам,со неколку пламеничиња да им го осветлам патот по кој сега одат,исто онака како што тие ме воде по нивните паришта...

-за живите запаливте сам три,а за мртвите еден цел сноп...интересно

Се исправив и застанав спроти неа.сега можеш да ја видам во целост..убавина која сум ја гледал само на насловни страни од монденските списаниа,сега стоеше пред мене,стоеше гледаќи ме право во очите,и јас ја погледнав,да ја погледнав во нејзините празни далечини,кои зјаеа пред мене,моето синило повторно го доби оној сјај,оној небесен сјај што секогаш блескаше пред убавините....

Го тргнав за миг мојот поглед,а таа брзи ги допре моите образи,вртеги го мојот поглед повоторно кон неа..

-не,ве молам не ги тргајте тие синила од пред мене,не се срамете,синилото што го носите вие,е најубавиот одмор за душата.....

Колку интересно,пред само неколку мигови разговаравме за мртвите,а сега ми зборува за моите небесни очи...

-ако продолжиме вака да стоиме,повеќе од сигурно ќе не избрка клисарот..

Се насмевна

-да во право сте...каде би можеле да одиме..

-јас би ве однел во моето детство,во најубавите полани исполнети со црвени билки..но простете повеќе го немам,бидеќи и тоа ми го украдоа,и го затворија во некои темни зандани...

Започна да се смее,и да плачи,се мешаа насмевките со нејзините солзи..а јас помислив,колкав малер сум,таа плаче,а јас немам со себе ни марамче да ги избришам нејзините солзи,затоа со моите дланки пробав да ги сопрам,но таа со своите движења ми кажа да не го правам тоа..

-оставете,оставете,нека течат,заборавив навистина и кога вистински плачев...

-тогаш ајде веќе да заминеме од тука,еве ќе одиме на едно тивко но пријатно место во старата скопска чаршија,таму можете и да се смеете и да плачете,нема да ви наплата за тоа..

Ги избриша солзите,и со смирен тон продолжи да зборува..

-разговараме а незнаеме кој сме ...еве Јас сум ...ги ставив моите прсти на нејзината усни..

-замолчете,подобро е да бидеме сеуште странци,кога не знаеме кој сме,поискрени сме..кога ќе се запознаеме,можеби ќе се повредиме меѓу себе,колку намерно толку ненамерно...

-Во право сте....да одиме...

Заминавме со спори чекори,молчеќи кон старата скопска чаршија...









петак, 28. октобар 2016.

Мене ми е сеедно.




Би го започнал воведението во проклетството
За да знаете како е да се вртите
Во бесконечната арена на времето
Но шестата,бесна и дива љуња од мојот живот ме предупреди
Дека не ќе можам тогаш глатко да се спровирам
Помеѓу изгревот и заодот

Би рекле многумина
Дека сеуште сум улав од болка
Но сепак,погледнете со окото на душата
Небесните двери се отворија
Сеедно,не ме разбирате
Куполите на кој седеше среќата,веќе рѓа ги прекрива
Амброзијата на љубовта секна
Измамници,повеќето малумници се
Осамата ќе ви ја подарат

Не ме оплакувајте
Љубовта ме ослободи
Оковот на празнината го нема
Занесот по идол го преживеав
Ми остана
Уште оганот на Прометеј да ви го дадам
За кога ќе се накоти неизвесноста
Душичката си ја стоплите

Завива студен ветер на аголот од улицава
Морам
Простете
Наметката од пркос да ја наметнам
А вие
Кога навистина
Ќе ја пронајдете границата помеѓу вашиот и туѓиот живот
Ќе ми возратите со љубов
Може и во проклетијата да е тоа
Мене ми е сеедно.





среда, 26. октобар 2016.

Летот на Пеперутките



Додека на каменот црн се сончаше гола самовила
Остарена,со лита кожа на себе,радиреда два три заба во шуплината
Со изгниена мудрост од минатиот живот
Која боските папукот и го покриваа  
Раширени ноздри,небаре јами црни беа
Без врелина во себе,пробуваше да пробуди нејасна радост
Не ја погледна повеќе
Ја одминав со скаменета солза
Кажуваќи си себеси за да ме разбере таа.

Твојата ноќна сенка не ме дои повеќе во заодот
И твоите раце веќе скрбот околу очите не ми го редат
Недоверието ветерот го одвеа
И затоа
Не ги спрегнувај маглите да ме збрлавиш по твоето
Скапано месо кое ни гавраните сега не би го чопнале.

Маж сум,признавам
Кожата на дивината ми беше наметната ката ден
И катаден курви лубев страсно
Во осојници ,твоите сестри самовили ме возбудуваа
Бедрата бели,танки свилени на мене ги трилкаа
А на крај во лочка од иловицата ликот си го огледував.

Аште ли да ти глаголам
Еве

Усфитеноста на слободниот миг ме подзема
Клепките ми отежнуваат
Топлите снегулки ме милуваат
Од сето ова рѓата на темните вериги пука
А Светлината сеприсутна,без волчји виеш во себе довикува
Парчето сонце што го оставив,нека се окоти сега во зеницата
Прекрстисе,и не подивувај повеќе.

 Сега знаете каков е мигот
Кога Ангелите летаат како пеперутки
И ви дозволуваат да играте со нив
Согласете се,и вие ќе дознаете
Како небесата и шепотат на вашата душа
Медоносни мисли со кои ќе го длабите времето неродено






понедељак, 24. октобар 2016.

Играта на Снегулките



Твоето лице замене е небо,твоите очи замене се облаци...ете така некогаш со овие зборови го започнував секој нов ден...да секој..
-повторно седиш сам на тарасата и зборуваш со снегот,,или со снегулките,ајде влези гледаш ли дека е премногу тука студено..
Живеев со жена,да со жена која и воопшто не ја познавав,жена која и немаше многу чуства,имаше само правила,да правила за се и сешто..како правилно се станува од кревет,како правилно се држи лажицата,како правилно се седи на маса,како правилно се облекува,за секојдневие,за провод..правила,правила,правила..
-ајде влези,знаеш дека седењето на ладно е спротивно од моите правила...
-ајде барем еднаш прекршиги твоите правила и седни тука,седни и започни да се смееш вистински,гледаќи како снегулките играат,прво со ветерот ,потоа една со друга..
Ме погледна со некое полумртво бледило,тој поглед,да тој поглед кој немаше никакви искри во себе ме гледаше..
-ајде што чекаш седни...
-но...
-знаеш дека не го познавам тој збор..но..
-ајде седни,....ја допрев за раката со цел полека да ја приближам,а таа,таа врисна небаре истурив жешко масло по дланката...
-добро...седни подалеку од мене,но сепак гледајги снегулките...
Седна,прво молчеше,но потоа започна да гледа во снегулките,некако срамежливо усните и развлекоја во некоја насмевка,кога ме виде дека ја гледам,веднаш ги стисна со својата војничка брзина и цврстина.
-знаеш...брзо се заврти према мене...еден ден,кога ќе бидеме во брак,се ова што го гледаш,ќе биде твое...да твое..така ќе знаеш колку те сакам..
Ја погледнав,не со студенио,туку со мирнотија..
-примиго моето сочуство....
Беше зачудена за што зборувам
-не те разбирам,биди појасен...
-примиго моето сочуство за твојата желба,која штотуку ја погреба...
-но...
-жалам,мене не и се потребни твоите богатства..жалам...денес ќе бидам принуден повторно да станам немирна снегука која ја носи ветерот насекаде
-но ...те молам...ислушајме ќе се договориме..
-денес после доручекот ќе ги спакувам моите работи и заминувам..жалам..




субота, 22. октобар 2016.

А зошто сум овде




Побрзај,рече надежда
Вечерва земјата ќе ги каже тајните на љубовта
Ајде
Да отидеме некаде каде и очите и срцето ќе слушаат
Застана ,извика розевиот сон
Ете тука,токму тука
Наскоро од небото ќе потечат шурки сребрена вода
Раните да ги излекуваме,и воздишките да ги разбудиме
Незнам дали рев беше

Проклетство
Зошто секогаш само мене ова ми се случува
И кога се случува
Миговите се замрсуваат
Правеќиме должник на минатото
Проклетство,проклетство
Од сето ова чуствувам дека во утробата повторно рти плачот
А на аголот од улицата потпрена
Цицлестата анама застанала и се подбива
Зарем полноќта само мене ќе ми ја оставиш
Каде ќе се кикотам сама.

Нека,нека
Со врелината на врвовите од прстите
Ќе го грабам секој слободен простор
И во сите за вас невидливи врвици ќе го ставам
И таму
Таму надежда се ќе ми каже
А зошто сум овде
Та и јас се прашувам




Зарем да се радувам





 Зарем да се радувам
Гледаќи ги сувите лица на минувачиве
Кои бесцелно акаат по сокациве
Небаре се добитчиња пред клање
И повеќе наликуваат
На улави старци кои се опиле од голтка благословено вино
Залудно
На третиот сокак
Поп Андон пцала по цел ден
Да не кажуваат измислени молитви за сожалување
Оти
Натемаго со душите нивни гозба си прави катавечер
На вториот сокак
Дамјан си ја прегрнал умирачката
Но за тоа никој не му верува
Та сите се ведат над него
Да видат дали се вкочанил,и дали
Ги превртил очите наопаку
Се ведат да му ја видат белината која ја достигнал
заблазнуваќи му со тешка водишка
а тој пустиот
сеедно му е што поцрнел
важно го победил сега животот
ете уште тоа не им го кажа на овие непрокопцани
но отиде
навистина
зарем да се радувам
што насекаде е зелен свет
без копнеж
и што насекаде
живиот за живиот нема почит
и што крстото го натопивме со отров
кој го остававме од нашите гнасни муцки
зарем да се радувам
гледаќи како пурпурниот цвет во мугрите овенува
од рамнодушието.




петак, 21. октобар 2016.

Големата Мајка



Некаде во Велешко започна
Во голите ридови,каде што умата сеуште небеше изгазена
И каде што чемерната замисленост небеше стасана
И ете,токму таму си го испив здивот за да ви кажам
Да,Должник сум за се да ви кажам низ песна но не е песна.

Дишевме тешко,и Јас и каменот,зборуваќи,нема веќе враќање
Знам Бог ќе ми прости,што ќе ги кажам законите на Праисконот
Но за секој случај морам симболот со прстите на земјата да го втиснам
Пишуваќи еден круг,па уште еден круг во него,па уште еден
Се така до деветиот кој е крајот на првиот круг.

Наеднаш,без пелин на усните,и јад во душата дишев воздух на Пирин
И се радував на летот од орлити  стогодишни
Знам така ги лекував раните,гледаќи како вечната смрт стои на старата чука
А вечниот живот ми ти бил напишан на дланкиве од раѓање
Затоа ли крвта никогаш не ги сакаше сомневањата

Да се насмевнам,тоа го сакаше онаа искра која ја гледав со недоверба
И така насмевнат,по патеката кон изворот на живот да тргнам
Каде што е запишаната вистината за Зевз,и урликот на Прометеј
Па стрмоглаво да се сурнам се до праисконот
Потоа низ сонот,на потомците им кажам
Се ова се случуваше само поради вас.

Ме проклнувате ли
Сеедно
Но јас сум благодарен на мојата Мајка
Гоемата Мајка
Која ме родила којзнае колку пати досега
За сето ова ви го кажам.




Таму во дупката на времето




Незнам колку време лежите во дупката
Каде времето сурово ви се подбива
Со некоја млака и сува утеха
Дека ако продолжите да се дембелеете таму
Ќе ви даде топлина од вашата младост
За да ги згреете своите разјадени коски
И ќе ви го врати сјајот на литата кожа
Ееееееее
Само ќе ви кажам,повеќе на вас,помалку на себеси
Под јазикот ви е празнината
Та како збудалени пагани
Навечер,некаде пред полноќ
Крај стариот сув даб се собирате
Распоредуваќи го стравот од смрта во круг
Кашлаќи тешко од тешките вина што ги пиете
И
Започнувате со вашите лаги
Дека и на суви лијса пишувате за убавините на смрта
Дека сте големи поети и дека му требате на светот
Дека сте добри курви и дека им помагате на очајните
Дека сте добри бегови кои го хранат човештвото
Дека сте добри калуѓери кои му служат на живите светци
Дека не цицате повеќе од родилки дрчно
Туку ради реда некогаш на нивните боски одмарате
 И
Не гледате
Дека и старите збудалени петли кои никој не ги сака
Наместо да пеат на плотот,се смеат на вашите глупости
И
Седете мили мои
Таму во дупката на времето
 Чекаќи

Некој друг да го влече сонот за вас


четвртак, 20. октобар 2016.

Кој ќе му знае дали е така




Со благ занес во очите
Го бришам сјајот на ѕвездите
Во  ведрината од предвечерјето
Налепено на челото кај непознатиов скитник
Кој дојде одникаде
Сеќаваќи се на зборовите од Старецот
Кој секогаш беше мудро насмевнат
Без да му шкртаат злокобно коските

И ќе заглаголеше
А ние не ќе го разберевме
Смееќи се ,се додека стомакот не ќе се вудвосаше од смеата

Сиромавиот
И габер под главата да му ставите
Тој мека перница ќе има
И камен под снага да му спростите
Тој за мека постела ќе го знае
Ама на црнејцата и се радува
И кога под неа оди,и за свое царство ја гледа
Та ја милува катаден
Како орач,како сеач,како гојдар
Неносеќи го отровот на змијата во крвта своја
Сиромавиот не реви
Туку безгласно ја отвара устата кажуваќи молитва
И кога човечката кланица е секаде околунего
Личи на дробен човек
Но на ликот Јагнето Божјо се пресликува

Сиромавиот
Е таа небесна убавина која се втиснува на црнејцата
Некаде на црвенејцата
А понекогаш и на умата
Та затоа
Солзите нивни благословетеги
Низ вашиот молк
Зошто
Кога еден ден и породот во утробата ќе ви реви
Тие и за вас ќе молат
Без да им бидат крвави рацете

Ете
Сега разбрав зошто позлатениот исток секогаш трепери
Кога пресмртно сиромавиот
Ја цеди својата тага
Та зборовите на овега ме обеспокоиа
Кои ги кажа гледаќи ме во зеницата на окото

На Балканов
Повторно распетието е дојдено
И место молитви,пцости ќе грмат
Свадбарски песни ќе секнат
И никој на никого за ништо нема да му простува
Во човечкото месо змија ќе се веди
А на земјата ќе нема орачи,само бесни здивени колачи
жарот во огништата ќе го снема
На мртвите ќе им се суди
Живите,јазиците на стравот насекаде ќе ги лижат

Со благ занес во очите
Го бришам сјајот на ѕвездите
Налепен на челото од овој скитник
Надеваќи се дека е само една негова превечерна треска
Која му потекла во крвта
Надеваќи се
Ама кој ќе му знае


























среда, 19. октобар 2016.

Четири Секунди



Само пет минути ми беше потребно
Да ги држам очите затворени
За да ја видам сета празнина помеѓу зборовите
Беше слична на пламенот кој времето го гори
Потоа кога навистина го снема времето
Побара со малку дрскост
Од мене
Да се населам во таа празнина
Рече ќе сум бил,се што не сум бил
И Апостол славен,и коњушар главен
И кавијар ќе течи како реките непознати
Само..повторно рече
Ибришиги линиите на дланката
Судбините човечки од сознанието
Што го откри ќе зовријат
Ќе бараат од тебе
да составиш реченици со поголеми празнини

ги отворив очите ,само четири секунди
чуствуваќи ја Љубовта како течи на усните
вкусот на малина го имаше
ако небеше лето,но сепак зреела долго таму

и сега оди најдиго крајот
сето ова наликува на кошмар што го има човекот
та незнаеш
дали е подобро да спеш постојано
знаеќи дека сонуваш вистински
или да скиташ во празнина помеѓу недоречени зборови
или
повторно тоа проклето или
да ја распрачиш стварноста
знаеќи дека е кратка

признавам
стретнав живи покојници кои празнината ја создаваа
и во таа празнина.со триста титули беа наредени
но видов како некои сонувачи
сегашноста ја оставаа
брзаќи во иднината
каде акордите од нивната преморена душа одекнуваа
и живееа кратко
пократко од четири секунди
но барем беа среќни.

Чудно нели
Но сето ова ќе го наречам
Течение на животот
Во реката каде смрта плови
И молчи
Слушајќи го сувиот шепот на зборовите




уторак, 18. октобар 2016.

Потомците на Мојсеј



Го слушав уште во утрината странецот
Како ли со занес раскажуваше дека се надраснува во ноќите
И дека станува во тој занес вечен оган меѓу ѕвездите
И дека со своите сигурни чекори го совладува времето
И дека не е ограбувач на боженствената смисла
Како што другите зборувале за него
И рече
Избегав од ѕведата кја носеше црни надежи
Која благословуваше црни призраци
И која со здивот на смрта шепоти испушташе
Избегав
Благодарение на нектарот од овој пехар
На кој е игравиран начинот како лесно да воскреснеш
Набожните,залудените,фанатиците и неодлучните се плашеа
Прво од себеси потоа и од пеколот и реата негова
Да погледнат и да допрат пехарот
Реков сам на себеси
Ќе ја задоволам сопствената љубопитност
Но и желба да допрам нешто Боженствено

Малку ждригнав кон Богатите
Погледнав кон сиромашно скаменетите за корка леб
Ја голтнав брзо плунката во грлото
Кажуваќи наместо молитва пред пехарот
Некоја формула магиска
Името ми е Вечност
Прифатиме како што си ја прифатил секоја младост
И зарадувајме со Набожна вест
И стани Огледало на се што били,и се што ќе биде

И се отвори и пехарот
И таванот на ноќта од кој се цедеше сета човечка тага
Подивените пци виеаа збеснато
Сенките на градските покриви танцуваа
Осамените проколнуваа
Зелената магла избега некаде во планинските осои
Законите земни ги снема
Останавме јас и пехарот сами
Каде во внатрешноста негова имаше
Седум златници
И тринаесет јудини сребреници

Ветерот ли прозбори
Или сонот кој нема крај на сите далечини оживеа
Туку сеедно што беше сето тоа

Не се моли туку вратисе во животот
Не ме дарувај,и не зборувај за сето ова
Остави
Другите нека веруваат во тоа што не го виделе
А ти
Копнежите сведиги на едно
Крвта да ти го врати спокојството
И не спиј повеќе во скутот на блудници

Оф само офнав
Оставаќи денот да е побавен од летот на птиците
Оставаќи блажениот израз на ликот да ми го видат
И потомците на Мојсеј
И слугите на натемаго.




недеља, 16. октобар 2016.

Химната на Осамените



Би ја кажа химната на Осамените
Што ја пеат секој ден Тажните Врби
Но знам
Дека плачливо  ќе ме проколнат со Три столетија болка
И можеби затоа
Понекогаш сум во сенка
А понекогаш задолжително ги бројам тупите удари
Од изгрев до заод
Да ,би ја кажал
Но  тогаш ќе паднат стотоци,или илјадници
Лажни насмевки на вкочанети ликови
Ќе се сринат тони шминка од длабоките бразди на образите.

Од сиот мој молк
Корист имаат само Папагалите
Кои постојано изговараат само една реченица во своите кафези
Јас Сум Среќен

Сега вие
Во вашиот скриен и потаен  молк
И привиден пурпурен свет
Извикајте
Убијтего Емисарот кој не пее романтични балада
Кој на усните има три прсти сол од потта своја
И кој не се плаши од кошмарни соништа
Сето ова
Кажетего на повеќе јазици,за да ве разберат
А Јас
Јас под сенката на стариот Даб ќе пијам црно вино
И достоинствено пред патилата ќе се поклонам
Со крик во срцето
Неоставаќи така
Да се таложи тагата и во мене и на земјата.




субота, 15. октобар 2016.

Тоа што Сум



Целосно слободна
И во својата
Женственост
Нескротена
Ја отварам
Капијата
На моите розеви соништа
И се нурнувам
Бесрамно
Во твоите погледи
Низ огледалото
Каде сопствениот одраз
Ги чека мигот
На сите сладострасни чуства
Да,со тебе сум
Гола пред себеси
И чиста
Пред тебе
Зошто Јас сум Јас
А Ти
Мојата Нирвана.

Katarina Kos-Velić

Ono što jesam
Potpuno slobodna
u svoj svojoj
ženstvenosti
nesputana
podatno otvaram
kapiju
ružičastih snova
i uranjam
besramno
u tvoje poglede
kroz ogledalo
vlastitog odraza
iščekujući trenutak
ekstaze osjećaja,
samo sam s tobom
naga pred sobom
obnažena
pred tobom
ono što zaista jesam,
a ti
moja nirvana.

Katarina Kos-Velić



Песната на дивите ветришта



Песната на дивите ветришта ги обзеде
И ги зароби сите поети кои не спиеа во денот
И кои не сонуваа во ноќта
Прво во пеколот ги седна
Со триста и еден грев го зароби
Пред нив непознатите зборови ги нареди
Од устите на млади блудници тие течеа
И им рече
Воскреснетеги сега да ве видам
И живот им дајте
Ако само драм мртвило во нив оставете
Ни една воздишка луѓето нема да пуштат по нив
Малку со камшикот поиграјтеси,и преданија сторетеги
Ете така бедните ќе бидат големи
А големи недостижни
Потајно чинете и ѕверства ако сакате
Но вашата песна и тогаш ќе биде бунтовна
Песната
Песната нека биде
И против крстот,и против црквата
И против кралот,и против царот
Песната нека биде очите на покорените
И тепихот на непокорот
Не се грижете
Ако на Велигден ве плукнат
А на Бајрам ве презрат
Со песната некогаш ќе му платите на животот
А некогаш ќе платите и со животот

Не се плашете кога резбарите во времето зборови
Ни пак кога ќе ве обесат на дива круша
Живите ѕвезди и тогаш ќе ве сакаат
И скрбот од кожата ќе ви го исмукаат
Бидете спокојни
Од вашите зборови
Сенките плашливо шепотат по темни сокаци

Навистина
Столетие цело ве дели од проклетата ноќ
Но вие чуството дека сте проклети секогаш на усните ќе ви биди
Соголени како брестовите и габерите сте
Ама сепак не ве налегнува стравот од пурпурноста

За рајот ли да копнеете
Та во крвта го носите
И кога клечите пред каменот на грешник непознат
И кога во постела со курва се валкате
И со испрекинати воздишки во утробите им ријате

Слава
Ах пуста останала
Оставетеим ја на бедниците
Кои смрта ги обеспокојува
Оставете им ја
На тие кои не се ни небото
Ни земјата,ни пред пеколот,ни пред рајот.











Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...