субота, 22. октобар 2016.

Зарем да се радувам





 Зарем да се радувам
Гледаќи ги сувите лица на минувачиве
Кои бесцелно акаат по сокациве
Небаре се добитчиња пред клање
И повеќе наликуваат
На улави старци кои се опиле од голтка благословено вино
Залудно
На третиот сокак
Поп Андон пцала по цел ден
Да не кажуваат измислени молитви за сожалување
Оти
Натемаго со душите нивни гозба си прави катавечер
На вториот сокак
Дамјан си ја прегрнал умирачката
Но за тоа никој не му верува
Та сите се ведат над него
Да видат дали се вкочанил,и дали
Ги превртил очите наопаку
Се ведат да му ја видат белината која ја достигнал
заблазнуваќи му со тешка водишка
а тој пустиот
сеедно му е што поцрнел
важно го победил сега животот
ете уште тоа не им го кажа на овие непрокопцани
но отиде
навистина
зарем да се радувам
што насекаде е зелен свет
без копнеж
и што насекаде
живиот за живиот нема почит
и што крстото го натопивме со отров
кој го остававме од нашите гнасни муцки
зарем да се радувам
гледаќи како пурпурниот цвет во мугрите овенува
од рамнодушието.




Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...