понедељак, 31. октобар 2016.

Оставете ме





Ме прашаа ѕвездите
Зошто уште ми е крвава душата
А јас само им покажав
Кон местото каде се мешаа желбите и соништата
И не им кажав
Дека овој ден е само двојник на некој изминат
Ако можете
Со погледот ги замолив
Сите треперливи кругови да ги смирите
Тогаш можеби ќе испарат сите ноќни воздишки

Оставетеме
Заревив
Нескам повеќе вселената на грбот да ми тежи
Празен сум
Нецедетеми повеќе мелем за мојата тага
Отруена ми е крвта
Само небесните сестри можат да ме смират

Оставетеме
Беше една љубов
Остана една болка
Оставетеме
Барем крај хумката нејзина солзата што ја чував
Да ја сринам
И така
Сите глобочини од минатото ги затворам






Нема коментара:

Постави коментар

Скриен во тајните на стиховите

Скриен во тајните на стиховите Ги спуштам малку уморно рамениците И пробувам да се насмевнам на мислите Кои постојано патуваат...