петак, 14. октобар 2016.

Мојата шума



Запејте, под земјата е мојата шума
дефинитивно таму сонцето не е идеја
белината е црна ѕверовите се од гума
ловци нема се е јад и беда жива смеа.
Ако некогаш наминете таму а ќе мора
дојдете голи може и смрзнати на парче
ќе си одберете форма и покривка згора
едни стануваат само око светат ко жарче.
Нема утро пладне се некако е топла вечер
во барите рибите пијат еликсир со сламка
хит е патот и спиење на некој лавин глечер
око или буф, од вас нема да остане ни дамка.
Молам? Вашата последна љубов, што со неа?
Ќе дојде колку јагоди во мојата шума што зреат.

2016 г.
Марио Јагоски
неможев да одолем на овие зборови,и едноставно морав да ја објавам оваа песна на мојот блог

Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...