петак, 14. октобар 2016.

БЕЗДОМНИЧКА

Со повод...

БЕЗДОМНИЧКА

Еве ме на прагот
пред твојата врата,
скршена од очај,
потиштена,
расплакана,
стуткана,
разјадена однатре
од црнила и саѓи,
премрзната од студот
вовлечен во коски,
со сињак на трепките
и со куфер в рака.
Јас сум љубов моја,
погледни ме в очи,
и кажи ми,
кажи ми сега
дека ме љубиш,
дека сум ти живот,
дека сум ти ведрина,
светлата страна
на твојата месечина,
те болат моите солзи,
те допира мојата тага,
нели, среќо моја?
Ќе ме стоплиш ли сега
на твоите гради
кога светот ми се руши 
како кула од карти,
сега кога сум сама,
преплашена,
предадена,
страдалничка,
бездомничка,
кога ниту се смеам
ниту те греам,
ќе ме љубиш ли ваква?
Р. Христовска,
08.10.2016




Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...