уторак, 11. октобар 2016.


Мразот со кој замрзнуваш,
од топлина е.
Зошто врелината за брзо време прави мраз.
Врелина која ти ја разорува душата
како орач в зима
ти го рецка срцето.
Си игра со него како на прозорец.
Круговите на Данте ги слика,
а ти не ги распознаваш
и те лови како
разјаран лав в арена.
Во секој од нив сака да те стави.
Се оддаваш, од неспокој,од болка,
бараш утеха в среде арена.
онака немоќен си и слаб.
Степа.Степа стори од тебе.
Пуста, непреодна, заледена.
Знаеш ли?
Знеш ли дека твојата фатаморгана ми е надеж.
Чинам низ неа ќе се сетиш.
дека знаеш колку треба
само еден миг за да блеснеш.


 Розета Тушевска


Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...