недеља, 16. октобар 2016.

Химната на Осамените



Би ја кажа химната на Осамените
Што ја пеат секој ден Тажните Врби
Но знам
Дека плачливо  ќе ме проколнат со Три столетија болка
И можеби затоа
Понекогаш сум во сенка
А понекогаш задолжително ги бројам тупите удари
Од изгрев до заод
Да ,би ја кажал
Но  тогаш ќе паднат стотоци,или илјадници
Лажни насмевки на вкочанети ликови
Ќе се сринат тони шминка од длабоките бразди на образите.

Од сиот мој молк
Корист имаат само Папагалите
Кои постојано изговараат само една реченица во своите кафези
Јас Сум Среќен

Сега вие
Во вашиот скриен и потаен  молк
И привиден пурпурен свет
Извикајте
Убијтего Емисарот кој не пее романтични балада
Кој на усните има три прсти сол од потта своја
И кој не се плаши од кошмарни соништа
Сето ова
Кажетего на повеќе јазици,за да ве разберат
А Јас
Јас под сенката на стариот Даб ќе пијам црно вино
И достоинствено пред патилата ќе се поклонам
Со крик во срцето
Неоставаќи така
Да се таложи тагата и во мене и на земјата.




Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...