петак, 30. септембар 2016.

Стрико Спиридон



Јанѕата го јади  Стрико Спиридон веќе трет ден
А позади него утробата на земјата кркори злокобно
Ги залепил дланките,мисли така горчините ќе ги сплеска
А дождот,да овој Библиски дожд го дотепа
Небаре сечиво од нож беше
Незнам дали ќе ја отвори тајната што ја носи во себе
Или патот кон ѕвездите ќе го фати
Беше стар,со испиени очи,напати
Ми наликуваа тие на некои глобочини
И во тие глобочини,одамна веќе
Беше изгаснат и денот,ја немаше ни ноќта
Ама беше добродушен
И честопати крстосуваше низ судбините на луѓето
И ги креваше од мртвите
Не му беше ни тешко,невелам  беше лесно
Тие пустите
Ќе се изгубеа во времето
И болката му ја оставаа
Дождов евего проклет да е ,погуст е
И го слушам низ водениот ѕид како молитва кажува
Наликува на проштална
Покријме земјо,повеќе отколку што можам да претпоставам
И сетне,пушти матна поројница
Грамади нека смкне околу мене
И крвта,и коските прекримиги
Плесна ,плесна со рацете
Препознав по јанѕата кога се распрсна
И од правото на живот се откажа

Стрико Спиридон.


четвртак, 29. септембар 2016.

Некаде позади седмата планина



Некаде позади седмата планина
Бил столбот од црн камен поставен
На ледина каде самовилите оро играле
И бил премачкан со млеко од седум леунки
И бил измиен со солзи од седум девици
Ама заграден со седум клетви од седум вдовици
Каменот
Кој бил стар колку светот
Каменот на кој била напишана
Сета вистина за Човекот

За ова ми зборуваше Дедо Панко пламено
А напати
Поп Фоте пееше од светите книги,и
Каменот го споменуваше
Додека Старата дрта Блудница Анасатасија
Го пизмеше и триста гадости истураше по земјата
Само Стрико Спиро молчеше
И Ангелот до него.

Интересно нели
Црн камен во штур свет
Подалеку од сите Манастири
Каде можеби и дните го прескокнуваат
Каде многу прозирни обличија го посакуваат
А тоа ти било надеж за подолг живот

Ах,простете,заборавив
Шурките медоносни покрај него течеле
И вистината како сказанија ја растурале
Да ја впие земјата
Во виното да ја пренесе,и во крвта да ја однесе
Ете јас ви кажав
Ама вие
Не локајте сега по три бокали вино
Оти Вистината ќе ве збрлави
Та и пците скитници ќе ви се смеат
А магарињата како своја рода ќе ве имаат.







среда, 28. септембар 2016.

Месечино Моја



Не ти се Аресваше Љубовта
Па тргна злокоба да бидеш
А толку пламено шепотеше
Во самото подножје на Олимп
Агапи,Агапи
Месечино моја
Што секогаш беше облечена
Во боите на залезот

Евеме сега
Седам на скркиве
Бркаќи го ветерот од мене
Кој мирисот на Јасмин ми го носи
Месечино моја
Сега за мене
И црвената боја не постои

Простими
Но слаба воздишка ќе пуштам
Нема никаква смисла да се борам
Безначајниот миг е тука околу мене
Невреди веќе да танцувам под облациве
Месечино моја
Време е од болката да избегам
Во вревата
Каде нема да одекнува
Агапи Агапи




уторак, 27. септембар 2016.

Не се кријам



Со превртени дланки го дочекав железниот ден
И му шепотев
Твојот таен и таинствен распоред на мигови
Не ќе ме измами
Предоцна е
Веќе се откажав од лажната религија
на подземниот Бог
кој само измислени молитви кажуваше
сега и неговите огнови не ме морничават
и не се веќе неми сказанијата.

Не ќе се кријам
Ако и твоите камшици ме стигнат
Крвта веќе ми е спокојна
Ти подбивајсе

Но знам дека веќе вратите на светот ми се отвараат.


понедељак, 26. септембар 2016.

Има ли надеж



По каква врвица сега да чекориме
Кога во крвта,моја,твоја,па и нејзина
Нема веќе ни збор поезиа
Како сега да ги воспеваме
и идните и мртвите столетија
како
и Боженствениот трон да го опееме
како
кога веќе не сме големи колку судбината
како
кога веќе номадската крв не врие во нас
сме се згугурлиле тука
во осојницава
лапаќи лакомо горчлива неизвесност
од што станавме вакви
отпадници од крстот
лажлииви јудејци
дволични фарисејци
многубожци кои со малоумници пеат млаки песни
има ли надеж
има ли
зборот повторно да го најдеме.




Иконостас



Десниот ѕид на собата беше празен
Бел и рамен како секоја непозната врвица
Ете онака посакав да го наредам со икони
И така да речам,,и Јас имам Иконостас
Беше сето ова во изгревот
Гавраните писакво ме предупредија за ова безумие

Ги редев ликовите познати
На пријатели пријателки
На другари
Роднини
Па и на жената која сеуште некаде во срцето стои
Тие
 секогаш секаде на секое место бликаа со светост
Стоев бушав и молитвено поднаведнат
Со крвнички закопани прсти во дланките
Неможеќи веќе да го совладам вознесениот оган.

Слабото ветре ја носеше молитвата одсекаде
Додека брчките во челото се влабнуваа се подлабоко
Всадените очи со занес бликнаа
Чудно или Чудо
Сум изгледал како згуснат чад штотуку роден од факел

Ги кренав рацете како секој грешник што ги крева
И прословив
Ова е измислен пат кон  небесата
Светители сте одолжетемисе
На моите безимени коски името вратетемиго
И сторете се моите молитви да не се веќе неми
Влажната болка во глобочините на очите однесетеја
И не ме закопувајте крај шуплива ѕвезда
И не давајте веќе
Да се провирам како сенка меѓу сенки
Возвишетеги со нови огнови овие раце кои се соголени
Демоните ослепетеги и папсајтеги
Вештерките во девет кругови заробетеги
И снагава од гревови исчистетеја.

Со мака дишев кога замолчив
И малку проплакав
Се обидував да верувам во тоа што го гледав

Ликовите потемнеа
Од ореолите реа одвратна се ралзлеа
Носевите клунови страшни се претворија
И под усните забите волчји се покажаа
Крстот што во рака го држеа се скамени и од ѕидот се срина
Ликовите им се чумосаја
И од рамењата невидливи пипала се родија
Повеќе личеа на злодеи отколку на светци
Којзнае можеби и тоа биле

На педа одвоен од земјата сум
Поради лекомисленоста
Што кажував слогови без значени
Што молвев Луѓе-Чуми










Молитва или Клуч(сеедно)




Не плачете не тагувајте
Клучот од небесните порти го имам во раката
Вие видетего и разберетего
И повторувајте
Првата ноќ трипати
Втората ноќ шеспати
Третата ноќ деветпати
Нека моите зборови од денес па довека
Бидат потивки и од водата
Поголеми и од најголемата планина
И брзи побрзи од најбрзиот ветар
Посветли од најсветлото злато
Нека моите зборови
За небото бидат молитва
За земјата бидат благослов
Нека моите зборови бидат клучеви за тајните на Љубовта
Нека моите зборови
Бидат најубавата патека за душата
Не кажувајте нека биде така
Ако неверувате во моќта на сопствените зборови
Не кажувајте нека биде така
Ако не верувате во големината на небото
Во силата на оганот
Мудроста на земјата
И моќта на водата





недеља, 25. септембар 2016.

мојата ненапишана песна



Го сринав последното парче гнев од себе
И станав соголена вејка која пее само во наквечерината
А потоа во темната одаја шепотам со тивок глас
Пред невидлив ѕид на кој е напишана
сеуште мојата ненапишана песна или ода
која  наслов носи

Величенствена Курва

Се сонив себеси со моите кратковечни дни
Те сонив тебе како ме закопуваш
На Јасник со развлечена молитва
Играќи чудни свадбарски ора.

Во твоја чест и судниот ден не го мразам
Те љубев повеќе во есенските ноќи
Помалку во пролетните,незнаеќи ја твојата тајна
Дека не си била делкана во човечко обличие
Со чудна маѓија
бев опиен од твојот ноќен здив на скапана мрша
Понекогаш седев со луѓе
Но секогаш проклето копнеев по тебе
Беше моја копнежлива птица
И скриен грч на гревот
Дробна радост од младост
 затрудниваше па и кога не те милував
Срцето ми го пиеше со нечиена суровост
А јас зачудо верував во мелемите на твоите усни
Магмата ти течеше во вените
И клокотеше со пеколен оган
Ветриштата секогаш колковите ти ги нишаа
Додека подарок од Бафомет
Сонцето на ликот ти ги залепил

Домаќинките ги презираше
Додека престрилката ја мразеше
Туѓата машка пот ноздрите ти ги ширеше
Па и кога пред Олтарот на Бога стоеше
Црните житија ги читаше
И земјата со пцости ја пизмеше
Катаутро споулавено бараше Ореолот да го ставиш
И како светица до мракот да те слават.

Едно е кога молчиш
Друго е кога кркориш
Трето е кога    заминуваш
Етеме сега во некој за тебе непознат ден














Браќа мои по камшик


Браќа мои по камшик
Повеќео голи како од мајка родени
Сполотени помеѓу  себе со судбински нишки
Кои постојано се возвишуваме со нови огнови во срцето
Видетесиги крвавите риги по лицето
И соголените празни раце
Што слепите демони на Фарисејците
Чумата во нашите глави ни ја воскреснуваат катаден.

Што е
Што е мои браќа по камшик
онемевте,или потта од челото
очите во ги затвори
па помило ви е деца на Сатанаил да бидете
раштркани,со чума во месото и коските
што е
што е мои браќа по камшик
со измислени молитви живи светци славите
без замор главата на прагот ја ударате
и со занес го расплинувате демонството

оставетего сега дволичието
и не ја бришете крвавата рига од мојот лик
ни пак мелем за лузните во срцето не ми нудете
ни пак ме викајте повторно во вашето разулавено стадо
јас го завиткав проклетието
и не глаголам повеќе пред да подарам јудески бакнежи
мразиго ближниот свој
ни пак пијам од вашето кисело вино

навистина
сега мои браќа по камшик
малку потешко дишам
одвреме навреме крстот на грбот ми тежи
и одвреме навреме се сопињам на некој бог-демон
ама спиам спокојно покриен со месечева покривка
се будам со сончев лач во зеницата

и еве
и денес е убав сончев ден
мои браќа по камшик.






субота, 24. септембар 2016.

Се е поинаку



Додека Амброзијата на Љубовта течеше
Белите коњи го започнаа танцот под виножитото
Среќата,беше започна златната купола да ја извишува
И сончевите лачи осамата ја спобудалија со тоа
Од сето ова
Скрбот остана залепен само кај малоумните
Започнав во сето возвишување
Челото да си го мијам со солзи
И со пламена песна
Го уривав лажниот Бог во срцето.

Сега знаев сигурно
Оковот на празнината небеше наоколу
Ни пак тие сладострасни безредија кои мигот го крадеа

Не ми замерувајте
Што синиве очи со болскот ми се полни
И што златникава пајажина ме прекрила
И што ноќта сега со меки нежни усни ме љуби
Знае
Дека не би ја скрнавел нејзината невиност
што небесите и ја дадоа

вие
немора Љубовта да ми ја возвратите
доволно е само на земјата гревовите да и ги оставите
нека ги цица лакомо

Сето ова не е сказание
отворетеги очите
и допретеги ѕвездите
нека и на вашите дланки капки амброзија потече
и небидете веќе тешки
со утроба каде е наталожена горчина

и пак велмам
повеќе личи сето ова
како мелем за човечката тага
нелипајте
и не купувајте од јудејските трговци златни нишки
така оковите не ќе ви пукнат

се е поинаку
кога амброзија ќе се напиете

се е поинаку.













понедељак, 19. септембар 2016.

Кажетеми ја Вистината



Незнам дали навистина се потрошија сите мои убави зборови
Или тоа секогаш се случува само во есен
Ми се чини дека сеуште не сум суво дрво
За да се лизгаат секаде околу мене
Зарем треба да речам кутрите
Или сега можеби тие сега лутаат некаде
Исплашени
Моите зборови
Кои секогаш ги носев завиткани во душата
Ајде
Ранетеме повторно
Повредетеме
Направете моето срце да крвари
Мразетеме,повеќе од вчера
Но кажетеми ја вистината
Дека моите зборови не избегаа од мене
Видете ме
Се потпирам со слаба утеха
На краевите од ноќта
Бладаќи неразбирливо
Дали навистина се потрошија сите мои убави зборови
Или во оваа бесмисленост

Играта со светлината заврши.


субота, 17. септембар 2016.

Посакајтеми Добредојде



Ме пронајдоа Самовилите
 како лутам во пустината,
и ме вратија во виорите на животот
само ме замолија
кога после полноќта си одеа,
да не јавам повеќе на ветарот
бидеќи и тие биле истоштени
од грижата за мене
им се заблагодарив со песна
која ја пеев на брегот од реката
етеме
денес уште од изгревот
одам меѓу вас по земјава
без  треска во месото
и сега и вам ви кажувам
Јас ви посакувам
Добредојде во вашата светлина
Посакајтеми и ви мене

Добредојде во мојата светлина.


петак, 16. септембар 2016.

Во Светот на Љубовта



Незнам зошто овој миг го замислував сосем поинаку,моментот кога навистина ќе кажам,толку е..некои ова го кажуваат малку поинаку..готово е..мигот кога и зборовите ме напуштаат,солзите одамна заминаа од мене..надежите до скоро ме водеа,но и тие папсаа,етеги таму легнале и немаат сила да продолжат,соништата сега знам дека одмараат некаде во облаците...љубовта,сега вистински се прашувам што беше тоа Љубов..да,дојде и тој миг,во кој неверуваа и многумина..мигот кога вистински ќе кажам Збогум од се...многупати претходно пробував,но не ми успеваше..но сега кога сум исполнет со сета празнотија,можам слободно да кажам збогум..срцето и веќе не го чуствувам,сакав долго да се уверам дека тоа е во моите гради,а тоа умрело оној миг,кога пртвпат ми го забодеа ножот,а пото тоа умирало,без јас да го сеќавам..сега кога е се така празно и зборот збогум нема никакво значение...сега вистински ми е сеедно..што и ова збогум многумина нема да го разберат сериозно...и пред да го завртам грбот,ќе ги кажам последните зборови..НЕМАШЕ ХРАБРСОТ ДА МИ КАЖЕШ ЗБОГУМ,А ЈАС БАРЕМ ИМАМ ТОЛКУ СИЛА ВО СЕБЕ ДА ТИ КАЖАМ ЗБОГУМ...збогум морам да кажам зошто мојата преморена душа тоа го бара...можеби некаде во некој друг свет каде што многумина не веруваат дека постои ќе се стретнеме..но таму,таму се моите очи,и моето срце,кои треперат и живеат со Љубовта...ЗБОГУМ.

четвртак, 15. септембар 2016.

Еден ден



Не се грижи
Сите знаат но молчат
Зошто владее парадоск во времето
Кој знам дека доаѓа
Од просторот каде Ангелите и Демоните ги менуваат местата
Но еден ден
Да еден ден од ходниците на времето
Правдата на небесните судии ќе дојде
Еден ден
да еден ден
ќе посакуваш и камењата на Маркукуле да молчат
за твојата најголема измама
а тие пустињето ќе зборуваат
наместо мртвите
кои уште додека беа живи ги прогласи за покојници
еден ден

да еден ден.


уторак, 13. септембар 2016.

Не би се мешал во Божјите работи





Се кревав од безобличието со здробено месо
без костур во себе
на коленици
оганот во срцето го изгаснав со крв
погледнуваќи кон небото
каде пишуваше на Третата Ѕвезда
со пламени букви
Припремисе повторно за Љубовта

Неее со рик болен се огласив
ѕвекотот од ножевите подмолни ме предупредуваат
и шепотите на Родот кој само мислев дека е мој род ме морничават
додека жешкиот здив на блудницата ме пеплосува

Бездруго не сум буден Боже
што силата на небесата повторно ја истураш врз мене
доближисе да го отворам срцето
за болката вистинска ја видиш
недаваќи му повторно да ѕирне во иднината
каде нова болка му спремаш.

Не би се мешал во Божјите работи
но живеам меѓу живите како сенка
со болна лутина под клепките.








понедељак, 12. септембар 2016.

Ако безделничите




Ако безделничите,ќе станете злоделници
И никој нема да ви даде цвеќе
И никој нема да чекори кон вас
И очите ќе ви бидат ненаспани
И ноктите ќе ви растат брзо,брзо
А ушите нема да го слушнат вистинскиот живот
Ако безделничите,којзнае
Можеби побрзо ќе легните под плоча
И машката игра со женската игра не ќе ја играте
И ковалецот на судбината
Нема да остави траги покрај вас
Ете така
Ако само бездечничите ќе срасните со дрвото
И ќе станете суво дрво
Иловицата ќе се вљуби во вас
И саде ќе се лепи насекаде
Покрај устите,врз очите,на стапалата,и на мевот
Ако безделничите,ни селските пци нема да ве лаат
А носот ќе ви се бабуњоса
Левото око ќе ви чкрапа со ишарет само кога ќе мине старица
Ако безделничите,не ја покажувајте дланката
Оти наказанието печат ќе ви удри
Ако безделничите
Саде муцката на ѕверот ќе ве целува.




недеља, 11. септембар 2016.

Приказна за мојата поезиа.



Приказната за мојата поезија започнала
Многу,многу порано пред Јас да се родам
Во некоја далечна и чудна вселена
Каде што звукот на страста ги пишувала сите зборови.

Сега,малку матни ми се сеќавањата
За тогаш,кога сум бил уште во утробата плод на Љубовта
и тајниот јазик што ми го шепотеле Самовилите

ете
незнам колку беше болна првата светлина
но знам колку беше убав првиот плач
и првиот допир на Ангелот

но подоцна кога вистински започнав да глаголам
и малку бесен да бидам на крцкотот од младешките заби
започна да течи црната шурка која бегаше од смрта
а светлата,со благослов го топеше скрбот

и така,и ден денес
кога призрачна приказна ќе видам
кога песна со ѕверска болка ќе исфрлам
кога зборовите крикот ми го вкочануваат
кога приказните врелите далги во крвта ми ги креваат

е така е
се додека спијам покрај ѕвезди
и пијам сребрена вода
и се додека сончевите лачи ме галат
нема да измислувам
туку некогаш ќе се оплакувам себеси
некогаш ќе го оплакувам животот
а понекогаш ќе го благословував Пирејот
оти саде во вените ми рти.





субота, 10. септембар 2016.

Во Чест на Судбината



Знам дека со проклетието сум сојузник
Да,да,и евеме повторно на тешкиот припек
каде го барам привидното спокојство
но освен три испостени курви ништо друго немаше
кога ги видов,поверував дека сум млад
и дека пораженијата сега ќе ги претворам во победи
да,да,ќе го направам ова во чест на судбината

со пепелта од огништето згаснато круг сторив околу
и се прогласив за Бог Пагански,кој   сладострастие бара
клекнаа на колена,исто како што клечат пред дождот
и клепките со пајакови нишки ги врзаа
оф реков,не ме молете набожно светителки не ќе ве сторам

прогледав,и погледнав,
исто како што слепец прогледува пред чудоредијата
се исправија и збеснаа небаре се планински суводолици
и ревеа,нивните испоснички јами да се утешат
им шепнав,незнаевте,ќе дознаете за божилакот
во кој капе вино,мед и сласт
и бабрев,и бареа,губеќи се разумот од сето ова.

Вие само претпоставувајте
Кога ќе ги допрев до очите маглите се губеа околу
За Боските нема да ви кажам,и за таа убост
Зошто и темелите на римското царство ќе распукаат од мака
Ах тие колкови каде беа пресликани сите вселени
Со кој се откриваа сите непознати предели
Да,да на миг помислив дека ѕверот и човекот се прегрнаа
Но така е бидеќи и утробата ми ја превртија.

Се беше ова чуден пат на крвта
Од пеколот кон рајот
Не се покајувам за сето ова
Ако проклетијата ми е сојузник
Но и утре ќе и сторам чест на судбината

Немора со три курви.


петак, 9. септембар 2016.

Ленена Кошула



Ѕирнав крадешкум во животот
додека ноќта ленена кошула ми облекуваше
и шупливиот копнеж го тераше со див крик да се исправи
пред нас,за да не пропаднеме во глобочините.

Зачекорив,а јас мислев дека се истргам од утробата на Мајка
И се почуствував со три дни живот толку силен
Што и школката небесна би ја отворил
И месечината би ја понел на моите камени плешки.

Не сум споулавен луѓе еј
Од купот каде Љубовта беше истурена со прстите земав троа
Таа сребрен крст ми подари,да ме чува од ветриштата ладни
Се почуствував јунак на верата своја.

Проклетник,кој гревовите му тежеа,и од староста се плашеше
Рече,не процеди низ пожолтените заби
Тешко,тешко тебе Јунаку на веков
Ќе се тресиш под маглините на искинатите соништа.

Се договоривме,тој да не бамбори,јас да се молам за спас негов
И така нема да биде паталник на столетијата
Ех си воздивнам самиот на себеси
До кога ќе ги разврзувам јазлите на судбината.

Претчуствувам ли нешто
Па тоа ме тера да ѕирнам во животот
Кој евего созрева
Додека ноќта ми облекува ленена кошула..




Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...