четвртак, 1. септембар 2016.

Повторно никнувам од пукнатините на времето



Речиси со пирејска жилавост,евеме
повторно никнувам од пукнатините на времето,и
под пазувите ги носам сите тајни мистерии пред кој ќе паднат лагите
потоа,потоа ќе се покорам засекогаш пред духот.

Сега знам,кој е исцибрен од пакост
и кој се цицачи на невина крв
а кој се лажни лингвисти.

Ќе чекорам
негледаќи ги призраците кои се побратимуваат со земјата
и нема да чекам ветер да го одвее отровот нивни
ни пак ќе ги бројам нивните чекори кои се споулавуваат во осаменоста.

Наслушнувам,сега наслушнете и вие
со дождот доаѓаат моите големи мигови
тогаш мракот за многумина ќе стане ден,а сенките придружнички.

Далеку остана чуството дека сум со волчјо потекло
не сум веќе во јарем,и нозете не ми носат синџири
се случи сето ова кога се откажав од нејзиниот лик
на чудесен начин сум ослободен од патилата,нели

и речиси со пирејска жилавост евеме.


Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...