понедељак, 26. септембар 2016.

Иконостас



Десниот ѕид на собата беше празен
Бел и рамен како секоја непозната врвица
Ете онака посакав да го наредам со икони
И така да речам,,и Јас имам Иконостас
Беше сето ова во изгревот
Гавраните писакво ме предупредија за ова безумие

Ги редев ликовите познати
На пријатели пријателки
На другари
Роднини
Па и на жената која сеуште некаде во срцето стои
Тие
 секогаш секаде на секое место бликаа со светост
Стоев бушав и молитвено поднаведнат
Со крвнички закопани прсти во дланките
Неможеќи веќе да го совладам вознесениот оган.

Слабото ветре ја носеше молитвата одсекаде
Додека брчките во челото се влабнуваа се подлабоко
Всадените очи со занес бликнаа
Чудно или Чудо
Сум изгледал како згуснат чад штотуку роден од факел

Ги кренав рацете како секој грешник што ги крева
И прословив
Ова е измислен пат кон  небесата
Светители сте одолжетемисе
На моите безимени коски името вратетемиго
И сторете се моите молитви да не се веќе неми
Влажната болка во глобочините на очите однесетеја
И не ме закопувајте крај шуплива ѕвезда
И не давајте веќе
Да се провирам како сенка меѓу сенки
Возвишетеги со нови огнови овие раце кои се соголени
Демоните ослепетеги и папсајтеги
Вештерките во девет кругови заробетеги
И снагава од гревови исчистетеја.

Со мака дишев кога замолчив
И малку проплакав
Се обидував да верувам во тоа што го гледав

Ликовите потемнеа
Од ореолите реа одвратна се ралзлеа
Носевите клунови страшни се претворија
И под усните забите волчји се покажаа
Крстот што во рака го држеа се скамени и од ѕидот се срина
Ликовите им се чумосаја
И од рамењата невидливи пипала се родија
Повеќе личеа на злодеи отколку на светци
Којзнае можеби и тоа биле

На педа одвоен од земјата сум
Поради лекомисленоста
Што кажував слогови без значени
Што молвев Луѓе-Чуми










Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...