петак, 9. септембар 2016.

Ленена Кошула



Ѕирнав крадешкум во животот
додека ноќта ленена кошула ми облекуваше
и шупливиот копнеж го тераше со див крик да се исправи
пред нас,за да не пропаднеме во глобочините.

Зачекорив,а јас мислев дека се истргам од утробата на Мајка
И се почуствував со три дни живот толку силен
Што и школката небесна би ја отворил
И месечината би ја понел на моите камени плешки.

Не сум споулавен луѓе еј
Од купот каде Љубовта беше истурена со прстите земав троа
Таа сребрен крст ми подари,да ме чува од ветриштата ладни
Се почуствував јунак на верата своја.

Проклетник,кој гревовите му тежеа,и од староста се плашеше
Рече,не процеди низ пожолтените заби
Тешко,тешко тебе Јунаку на веков
Ќе се тресиш под маглините на искинатите соништа.

Се договоривме,тој да не бамбори,јас да се молам за спас негов
И така нема да биде паталник на столетијата
Ех си воздивнам самиот на себеси
До кога ќе ги разврзувам јазлите на судбината.

Претчуствувам ли нешто
Па тоа ме тера да ѕирнам во животот
Кој евего созрева
Додека ноќта ми облекува ленена кошула..




Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...