недеља, 11. септембар 2016.

Приказна за мојата поезиа.



Приказната за мојата поезија започнала
Многу,многу порано пред Јас да се родам
Во некоја далечна и чудна вселена
Каде што звукот на страста ги пишувала сите зборови.

Сега,малку матни ми се сеќавањата
За тогаш,кога сум бил уште во утробата плод на Љубовта
и тајниот јазик што ми го шепотеле Самовилите

ете
незнам колку беше болна првата светлина
но знам колку беше убав првиот плач
и првиот допир на Ангелот

но подоцна кога вистински започнав да глаголам
и малку бесен да бидам на крцкотот од младешките заби
започна да течи црната шурка која бегаше од смрта
а светлата,со благослов го топеше скрбот

и така,и ден денес
кога призрачна приказна ќе видам
кога песна со ѕверска болка ќе исфрлам
кога зборовите крикот ми го вкочануваат
кога приказните врелите далги во крвта ми ги креваат

е така е
се додека спијам покрај ѕвезди
и пијам сребрена вода
и се додека сончевите лачи ме галат
нема да измислувам
туку некогаш ќе се оплакувам себеси
некогаш ќе го оплакувам животот
а понекогаш ќе го благословував Пирејот
оти саде во вените ми рти.





Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...