четвртак, 29. септембар 2016.

Некаде позади седмата планина



Некаде позади седмата планина
Бил столбот од црн камен поставен
На ледина каде самовилите оро играле
И бил премачкан со млеко од седум леунки
И бил измиен со солзи од седум девици
Ама заграден со седум клетви од седум вдовици
Каменот
Кој бил стар колку светот
Каменот на кој била напишана
Сета вистина за Човекот

За ова ми зборуваше Дедо Панко пламено
А напати
Поп Фоте пееше од светите книги,и
Каменот го споменуваше
Додека Старата дрта Блудница Анасатасија
Го пизмеше и триста гадости истураше по земјата
Само Стрико Спиро молчеше
И Ангелот до него.

Интересно нели
Црн камен во штур свет
Подалеку од сите Манастири
Каде можеби и дните го прескокнуваат
Каде многу прозирни обличија го посакуваат
А тоа ти било надеж за подолг живот

Ах,простете,заборавив
Шурките медоносни покрај него течеле
И вистината како сказанија ја растурале
Да ја впие земјата
Во виното да ја пренесе,и во крвта да ја однесе
Ете јас ви кажав
Ама вие
Не локајте сега по три бокали вино
Оти Вистината ќе ве збрлави
Та и пците скитници ќе ви се смеат
А магарињата како своја рода ќе ве имаат.







Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...