понедељак, 29. август 2016.

Така запишале Наречниците




Ме прогонува и мене и мојата сенка
Со глогов кол
Таа,безимената
Која на главата има осум рогови
И која од вимето на ноќта цица црно млеко
Кога ќе се нацица плука отров
Труеќиги и полупапсаните спомени
Кои евеги се вудвосале во јадот

А толку копнеам
На некое место каде ќе стојам
На дланката да држам птица
исто како што правев кога бев дете
напати да се насмевнам
а напати мирисот на летото да го внесам во ноздрите

ме прогонува
и ќе ме прогонува се до смрта
како проклет дух кој се влечи по разјадена калдрма
ме прогонува
и ќе ме прогонува
оти таа е мојот грев од минатото

сето ова не е за смеење
ме прогонува мене и мојата сенката
таа безимнета
за која пишувале уште во дамнина наречниците.




Ми тежеше сето ова





Ако некогаш случајно се нурните во маглите од планината
и ако ве пречекаат неколку бесни удари од ветерот
или пак ве прегрнат неколку снежни виори
не бидете безумно бесни како самотни патници
туку развлечетеја песната исто како здивената  орда
оти ќе замрете во спротивно со некое очекување.

Не се плашете,утот ќе писне,бара спогодба со мигот иден
можеби и грмотевицата ќе се разгласи во ноќта
и малку пискотливото ехо на ѕверот ќе ве отфрли од земјата
вие тогаш поплачете за судбината
а далечниот лик ќе се згрчи од болка.

Знам,малку ќе ве наморничават невидливите гавраништа
Ќе закрескаат одникаде,и ќе ве натоварат со страв
Вие тогаш не лазете на мека иловица
Ни пак не ги склопувајте очите

Разберете
Немав спокојство додека не го кажав ова
Ми тежеше сето ова
И мене и на мојата судбина.




Инферно



Метежот на лаги
го создаде гласникот на светлината
кој беше во суштина обичен смртник
но тие го нарекоа Апостол од пониската класа
зборуваа
дека живеел во некој свој свет
кој не се распаѓал веднаш после заодот
и дека
со мракот ги уривал сите проколнати вистини
и дека
кога ќе ги урнел тие вистини
веднаш создавал загатки
во кој немало покајнички мисли

Во таа славна задача што му била доделена
го водел демонот на ненаситноста
да тој лицемерен и алчен демон
кој со немилосрдна лудост бил обземен
и секогаш кога создавал..оф тој Поет од Смртноста
зборовите од кругот на Инферно ги кажувал.

Малкумина знаеа
дека е речиси безличен..оф тој Поет од Смртноста
и еднолично тажен
и дека
тромаво оди по работ од темно зелената шума

Само слушнав
дека сето ова е страшна лакрдија
која ја изведуваат под своите гротескни маски
во својата мрзлива тишина црните фигури
да
тоа се оние кои до половина се сраснати со земјата
од половината надолу се губат во матната светлина

Простете
во вистинската реалност тоа не траеше долго
страшната комичност ги јадеше бргу
и самата природа со презир ги наградуваше.

И уште би кажал
За Поетот со поглед на болни очи
Големи и празни
Поглед сличен на некое далечно бледо трепереење

Кое во длабочините на очните дупки полека умира



недеља, 28. август 2016.

Ги барам вашите солзи

Ги барам вашите солзи
за да можам со тишината да се заблагодарам на небесата
моите под мраморна плоча ‘рѓата ги јаде

Сега знам
спроти мене трепери приспивниот звук на надежта
во кој засекогаш заспива животворниот здив.

Се беше само сказание
седете и молчете
вистината е дека не оставив корен.

Ги барам вашите солзи
За да си кажам сам на себеси,не бев клетник нели

кој ги напушта глобочините на мракот како сива сенка.



среда, 24. август 2016.

Нова Руба



Потикнат од прошталната песна на крвта
Која го запоседнуваше просторот над земјата
Малку збунето барав место меѓу облаците
Каде се раѓаше нова светлина
Ја зграбив новата руба
Оставаќи ги сите нишки од минатото
И раскинатата наметка од мракот врз каменот
Кој пукаше насекаде
И низ пискот глаголеше
Не сонуваш веќе
Оти сонот не е веќе твој таинствен господар додека спиеш
Не сонуваш, предајсе веќе на милосрдието

Се исправив
Гледаќи ги јавачите како летаат во одминатите виори на животот
Треската во месото веќе ја немаше
Сега
Негде некаде се распливнува скрбот
Препуштаќи им место на тишините.




уторак, 23. август 2016.

Чемер




Чемер
Чудно обличие кое за вас нема значение
И не ве морничави
И не ве тера да скрбите кога изгреваат крвавите сонца

Ама се има свои закони
Па и кога крвта врие и плиска со густи порои
И кога невидливите далги тегобите ги мијат
И кога бистрата разумност ве тера да се исповедате
За се има закони,па и кога мислите дека нема ништо значение.

Евеме,чекам да ми дозрее мислата
Ама замрсениот јазол ме обеспокојува
Можеби ми тежат коските,или распадната риза ме проколнува
Што не ја славев ревносно светлоста

Со модринки под очите,и треска во браздите на челото
Се покорувам
Пред третото око кое ги чита сите судбини од ѕвездите
Ако ме разбравте,молетесе,јас се помолив

Ќе се заколнам дека е така,чемерот ме разјадува да не воскреснам.


недеља, 21. август 2016.

Така е Подобро




Ако некогаш
И негде на некое место
Каде што нема
Ни земја,ни воздух ни вода
Ни пак ќе виде важно дали крвотокот клокоти
Или воздишките итаат
Или пак само замрзнато висат
Ако некогаш
И негде на некое место се стретнеме
Тогаш посакувам
Да биде Проклетијата

Така е подобро и за двајцата

Без тага во себе и над себе
Збунети,над сите реки во кои плови матна вода
Ќе ги влечиме раскинатите сенки
Од апежи на збеснати пци.

Така е подобро и за времето

Во своето бледило ќе не заспие
Без нашиот гласен крик
Правеќи не невидливи

Така е подобро и за Судбината

Да не клечиме бесцелно пред небесата
Со нашите недостојни надежи

Така е подобро

И за животот
Кој поминува само како ехо изгубено.




Се викам само Човек

Бев далеку од сите
Но блиску до ѕвездите
Затворен како цвет без сништа и молк околу
Не постојам,знам,во рушевините на денот
Простете
Се викам само Човек
Без земно име
Којзнае
Можеби и земјата веќе ме премори со тежината
Оставаќи да заврши безгласната трагедија

Испратеме
Во зорите ќе заминам
Заедно со папсаните пеперутки
Далеку
Далеку од сите

Но блиску до ѕвездите


Утре е Вторник




Утрото беше живо
Песна и сонце,се залепиа на ненаспаните очи
И неславно заврши чудната косидба на сништата

Прекорно ме мереа дробните цвеќиња со трепетот
Знаеќи дека бес скрб ќе отидам на утрешната свадба
Со жена,која има ѓаволска насмевка.

Денес е понеделник,не се кикотете
Насекаде завиваат пци
Само јас одмавнувам с о рака,што утре ќе биде Вторник

Со свои тајни погледнав кон небесата
Неслушаќи го тапиот удар врз иловицата од минатото
Морав да молчам,душата така рече да биде.

Би ве поканил
Но знам

Триста улави ѓаволчиња ќе ви го попречат патот.


Не порекнувам

Онака во тишината
Кога ќе се одлучам повторно да тргнам кон Љубовта
Мислите секогаш одат кон твојата хумка

Затоа премолчувам,оставаќи ги мислите да течат
Во текот каде се е како што треба
Простор каде илузијата е стварност

Но
Нема да ти дозволам и како авет да ме прогонуваш
Се навикнав секоја пролет да доаѓа без тебе.

Неможам да плачам,вечноста ми забрани
Незнам дали ти таму пловиш,или во проклетијата ревиш
Но како и да е,твојата отсутност е присутна во мојата болка

Јас сум тој што сум
А мислењето за мене го создаваат другите
Зборуваќи дека не сум создаден за љубов

Сега живеам во чуден парадокс
Моето вистинско постоење,го нема во нивниот вистински свет
А во мојот вистински свет постои нивната немоќ да ме видат

Не порекнувам
Онака во тишината
Кога ќе се одлучам повторно да тргнам кон Љубовта

Само онака
Посакувам

Да ги раширам моите криља,и да се препуштам на ветерот





петак, 19. август 2016.

Светителот со светли очи



Таванот на ноќта се отвараше пред чудесијата
И живиот факел букташе веќе на ѕвездите
Жолтилото се распосла
И на тоа жолтило кое немаше крај
Житијата на Светителите станаа видливи

И крстители,и воскресеници,и грешници
И проколнати главите ги сведија
Уверени
Дека крвавите криља сега со миросана роса ќе ги излекуваат

Ете таква беше таа ноќ со две месечини на небото
Каде и јас збивтав,но не глаголев
И веќе подмолно не ја гледав издолжената сенка
Која,кутрата незнаеше на која грутка да клекни

Пциите избегаа за час од смрта
Гавраните плачеа,знаеќи дека ќе се распарчат
Од мечот кој се коваше
под сенката на дрвото кое не признаваше измама

се огласија живите зборови
тоа што беше вчера пепел сега стана вестител
а зениците веќе не гледаа скаменети далечини
тајните патеки се затвораа
отвараќи го патот на  Светителот со светли очи

Ете таква беше таа ноќ со две месечини на небото

Каде и јас збивтав,но не глаголев


Капка Вселена



На дланката ја држев последната капка од дождот
И во таа капка ја видов сета одминатост
Не,повеќе наликуваше на прозирна вселена која сум ја заробил
И сега за да ја разложам ќе ми треба Маѓија стара
Која знам еднаш Модрата Месечина ми ја кажа

Додека вселената се тркалаше на дланката
Во мојата утроба се будеа изминатите столетија
Час беа од Ѕверот влечени и раскинувани
Час во неврат одеа,и етего хаосот го довикуваа
 И со кикот чуден во пеколот покажуваа
Ама напати Семожниот Рај со вечни плодови го отвараа

Во тој чуден пекол и рај се видов
Еднаш како пленик кој беше запален на клада
Еднаш како грешник кој чмае во таинствена јама
Другпат моите бесполезни коски,синови и внуци ми ги глодаа
Ама еднаш и видовите сум ти бил
И лажното безличие и скрбната вера сум ти презирал

Којзнае,можеби такви се суровите Божји закони
Тргнуваш од Бекрајот,одиш во недоглед
Со прстите го гмечиш и вчерашниот и утрешниот ден
Чекаќи денес што ќе видиш во дланката
А таму,пловат реки тивки во линиите
Правеќи од капка вселена
Во која се и соништата,и сомненијата,и живописанијата.







четвртак, 18. август 2016.

Вие сето ова вака Разберетего



Со проклетието
Или беше во проклетието
Не остана време ни упокоената надеж
да се прекрсти,а време и беше
од никаде
или беше од зад месечината
се спровре лилав ветер
и крена луња божем да ја развесели таа
пуста надеж

најверојатно
облаците и грмотевиците не даваа
до неа да доползи спокојството
та ни Бог ја гледаше
да ни гроб ја сакаше
и ајде сега фати го крајот на сето ова
и сожалувајсе себеси
или пак некој друг
кога нема ни капка од ланското црно вино

понекогаш
додека седиш на црна спила
и мислиш за проклетието
дека пораженијата ти се насмевнуваат
некаде во некој крај на судбината
ти пепелот врака го држиш
а сништата молвено те гледаат

вие сето ова
вака разберетего
ако сепак ве плисна стравот
тоа е последната врата пред надежот
 окоретеги очите
исправетесе во сивилото
и не се жалете пред секоја црква
оти тогај да знаете
сомненијата ќе се разминат со сите вистини
и вселената што ви е пишана на дланка во неврат ќе оди
и пак ќе биде голем збир на хаос
којзнае можеби лажен рај
кој ќе ви шепоти

Со проклетието
Или беше во проклетието
Не остана време ни упокоената надеж

да се прекрсти,а време и беше


Вие сето ова вака Разберетего



Со проклетието
Или беше во проклетието
Не остана време ни упокоената надеж
да се прекрсти,а време и беше
од никаде
или беше од зад месечината
се спровре лилав ветер
и крена луња божем да ја развесели таа
пуста надеж

најверојатно
облаците и грмотевиците не даваа
до неа да доползи спокојството
та ни Бог ја гледаше
да ни гроб ја сакаше
и ајде сега фати го крајот на сето ова
и сожалувајсе себеси
или пак некој друг
кога нема ни капка од ланското црно вино

понекогаш
додека седиш на црна спила
и мислиш за проклетието
дека пораженијата ти се насмевнуваат
некаде во некој крај на судбината
ти пепелот врака го држиш
а сништата молвено те гледаат

вие сето ова
вака разберетего
ако сепак ве плисна стравот
тоа е последната врата пред надежот
 окоретеги очите
исправетесе во сивилото
и не се жалете пред секоја црква
оти тогај да знаете
сомненијата ќе се разминат со сите вистини
и вселената што ви е пишана на дланка во неврат ќе оди
и пак ќе биде голем збир на хаос
којзнае можеби лажен рај
кој ќе ви шепоти

Со проклетието
Или беше во проклетието
Не остана време ни упокоената надеж

да се прекрсти,а време и беше


Тешко...тешко...тешко




Ова небеше нужно да се знае
Но шепотото ме пресече
Во мојот шуплив копнеж каде раснам со див крик
Дека
Намерно сум ги барал пукнатините во времето
За да ја ѕиркам потајно
Целата растревожена,но сеуште со зовриена крв
Стопена во куп збрчкана кожа

Иако е
Во самите глобочини на ноќта каде се огласува пак со врева
Дека некое идно суштество
И ја отвара земјата
Недаваќи и повторно да се отвори со машка пот
Кутрата
Ја покрива сега само ѕвездената реа
А на трпеза не и седат повторно песнопојци

Етеја
Останала со згрчени прсти
Гола
Со голи очи и пожолтени заби
Со туѓ син бега во времето
А сребрениот крст ја гори на плешките

Ова небеше нужно да се знае
Но претчуствувам
Го видов гавранот како го влечи сонот од нејзините клепки
Ставаќи и машка пајажина околу усните
И туѓо семе во утроба
Кое подоцна ќе ја морничави

Тешко...тешко...тешко
Избавение прословив

Или некој друг прослови.....


Исконски Болскот



Не е тајна веќе
Беше тишина
Поинаква од сите други тишини
Од месечината потече миросано млеко
Очите почнав да си ги замивам
И зачудо, можев  да видам што се случува и под земја
Во првиот миг
Кожата малку зелена ми стана
И две три коски пукнаа
Ама сега и селските петли кога се будат ги наслушнувам
Иако спиам тогај
И шумолот во крвта бука ми прави

Чудно
Сега стравот го гледам кај многумина
Во нивните душевни прегреани празнини се коти
Ако им кажам за ова
Ќе речат
Сум се родил во улава ноќ
Или налудничав ден
Некаги
Нека си ја цицаат крвта
Исто како што студениот ветер го цица мракот
Не се свесни
Како немите крикови им ја морничават кожата
И небаре насмевка даруваат
Само ги развлекуваат со скриен грч усните

Ако
Малку зашеметено  ќе воздивнам
И ќе ги оставам
Во претесната кожа која јадот им ја стега
Нека велмат кога се на колена пред олтар
Дека туѓиот скрб ги ничкосал и довел тука
Нека копнеат за чудо
Платено со литар масло.

Ако
Сега можам
А можеби и знам
Сенката да ја изменам
Да во тоа пално вретено од времето
Болката,чемерот и јадот ги препознава
И полумртвите дни
И мртвите ноќи
И без срам да ми каже
Да не џвакам тогај попусто
Бесцелни и  малку мувлосани надежи.

Ако пак вие некако здивите
Не ги стегајте тупаниците,ни пак не офкајте
Само загледајтесе во Животот
Со Исконскиот болскот во Очите
Од таму
Искрата ќе ви даде плод со светлина
Вие наречетего
Нов чекор.





среда, 17. август 2016.

Одразот на ликот

Одразот на ликот во чашата го помати новото налиено црно вино..а толку сакав да го гледам,но ете..жедта беше поголема од желбата...и повторно,бура од емоции   кои доброволно ме влечат во понорот..недаваќи ми ја можноста во раните сати да го гледам твојот маестрален танц кој секогаш го играш додека последните пеперутки умираат во првите сончеви зраци...

Како млака утеха на сето ова е мојата омилена песна,која еве ја пеат и птиците кои штотуку се разделиле од сонот..а јас..што јас..знам дека некаде во далечините ме чека времето..кое требаше да врви токму сега...


Грев голем е да се жалиш од судбината



Тивко ми шепна облакот додека заминуваше во заодот
Грев голем е да се жалиш од судбината
Подобро е
Да ја премостиш бездната помеѓи чуствата и разумот
Потоа застани и уживај
Со срцето затрепери
И
Биди едноставно Среќен

Пуштиго времето нека тече
Разиграја врелината во крвта
Правеќи така линија на дланката да биде  бескрајна

Тивко ми шепна облакот додека заминуваше во заодот

Грев голем е да се жалиш од судбината


Сепак не сум винопиец




Беше и не беше ноќ
Ете такво е чуството кога ќе се заколниш
Дека не си винопоец,и дека сказанијата си ги заборавил
И во себе,со своја вселена ја создаваш светлината
Која пладневниот олтар ќе го порасне до небеса.

Сепак
Она пусто темно што си го закопал длабоко во себе
Знае да те измами
Кажуваќи ти дека далечниот сон те милува
И дека не си веќе многубожец

Кога сето ова ќе го надраснеш
Седни,но не се крсти
Коските протријги со песок,и мигот оплодиго
Пред тебе
Ќе започнат да се лачат сите далечни копнежи
и ќе ти ги натежнат клепките.

Ете
Беше и не беше ноќ

Ама сепак не сум винопиец.


уторак, 16. август 2016.

Кога вистински ќе посакаш




Кога вистински ќе посакаш
Повторно да запловиш во моите соништа
Потсетиме да не се будам
Ќе те однесам тогаш
До отсјајот на Бисерите
Каде се запишани сите наши Животи

Не се сеќаваш,но јас се сеќавам
Времето најде начин како да не разделува
Единствено незнае и тоа
Како да го пресуши  изворот на сите спомени

Ех ќе воздивнав за мојата свесност
Која кутрата не знае и таа
Дали живеам постојано во соништата
Или соништата живеат во мене
Кои ме носат во лавиринтот од ходници
Каде час постојам
А потоа исчезнувам
И се појавувам во другиот ходник како птица
Која твоето име го изговара,и потоа во пламен умира

Не се сеќаваш,но јас се сеќавам
Никогаш не ја открив тајната,ја носев секогаш во гроб
Бајката која ја пишувавме со реченицата
До крајот на животот
Никогаш не ја завршиве
Не се обеспокојувај
Секогаш тајно пишуваше на моите хумки

Не се сеќаваш,но јас се сеќавам
Секогаш се враќав од почеток да те сакам
А Ти божем случајно,го кршеше моето срце
Безгласно и внимателно
Оставаќи ми го немирот и Месечината која ме тешеше

Да
Кога вистински ќе посакаш
Повторно да запловиш во моите соништа
Потсетиме да не се будам











Додека коските ме оковуваа

Додека коските ме оковуваа, Се грчев во себе,неможеќи ни човечки да се исклештам... Грутки од сув воздух голтав додека копав по земјата, Проколнуваќи ја додека таа злокобно си поигрувашесо сето неродено време.. Едно е да молчиш покорно,друго е да се разјадуваш од сознанието,и кажував...раснев во твојот овоземски свет,во присвоената куќа каде Јудејците се распостилаа секојдневно,не копнеев по злато како нив,ни пак на Блудот се радував.....не словеа,туку кркореа некако матно радосни,кога пееа,пееа грозна песна за победата,и сопствената горделивост ја величеа....но таен вестител се јави,и без да те праша на полна месечина ми прослови...овдешните луѓе меѓу кои си,немаат корен,а немаш и ти корен меѓу нив..оди,оди таму каде што Блесокот на Ѕвездата ќе те грее..оди,зошто мртвиот лач во очите ќе ти всадат..не скрби веќе..породот за кој мислиш дека е твој,не е твој..оди,и заколнисе пред Олтарот Повторно...оди,изморен си од лагите во кој те оковаа.



Никогаш



Никогаш не би променил мојот Пекол
За твојот Рај
Би прашала зошто
Овде,и болката е вистинска.и солзата паѓа
И се радува кога звукови на земјата прави
Таму
Во твојот Рај,секоја насмевка имам цена
Секоја прегратка е лажна
Секоја утеха е цинична

Да не би го менувал мојот Пекол за Твојот Рај.


Ќе те задржам во себе



Ќе те задржам во себе без никаков сомнеж
Но во другиот живот каде што јас ќе бидам птица
Со чудна моќ
И уште почуден талент
Ќе пеам песни за сите заборавени лета
За сите твои заминувања,ќе пеам со човечки глас
Ќе се насмевнувам онака наивно
И на другите птици ќе им кажам дека е се во ред  со мене
Но ќе плачам со сите тишини
Недаваќи звукот од солзата да ме предаде




Нејасни Надежи




Како и секогаш,покорна ја наведнав главата
Пред стожерот на Црквата
Со здив од суво грло
Кое ми го влечеше млакото ветре.

Се обидував да вратам во живот некоја искра
Но сомненијата и понатаму се котат,како апежите нејзини
Безполезно,а и ноќта веќе истече
И сенката на месечината се изгуби
Оставаќи ми во стегнатите тупаници грутки мрак.

И ова што измина е без значение
Шепнав
Можеби затоа дланкиве се без сетила
И само во прстите останале сите спомени.

Го задушив крикот во себе

Нејасните надежи за тоа ме натераа.


Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...