петак, 19. август 2016.

Капка Вселена



На дланката ја држев последната капка од дождот
И во таа капка ја видов сета одминатост
Не,повеќе наликуваше на прозирна вселена која сум ја заробил
И сега за да ја разложам ќе ми треба Маѓија стара
Која знам еднаш Модрата Месечина ми ја кажа

Додека вселената се тркалаше на дланката
Во мојата утроба се будеа изминатите столетија
Час беа од Ѕверот влечени и раскинувани
Час во неврат одеа,и етего хаосот го довикуваа
 И со кикот чуден во пеколот покажуваа
Ама напати Семожниот Рај со вечни плодови го отвараа

Во тој чуден пекол и рај се видов
Еднаш како пленик кој беше запален на клада
Еднаш како грешник кој чмае во таинствена јама
Другпат моите бесполезни коски,синови и внуци ми ги глодаа
Ама еднаш и видовите сум ти бил
И лажното безличие и скрбната вера сум ти презирал

Којзнае,можеби такви се суровите Божји закони
Тргнуваш од Бекрајот,одиш во недоглед
Со прстите го гмечиш и вчерашниот и утрешниот ден
Чекаќи денес што ќе видиш во дланката
А таму,пловат реки тивки во линиите
Правеќи од капка вселена
Во која се и соништата,и сомненијата,и живописанијата.







Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...