среда, 10. август 2016.

Бескрајните Прерии беа најубавиот лек за Болката



Додека полека се пробивам низ масата од непознати луѓе по тесниот тротоар,без никаква желба да ги погледнам,а уште помала желба да ги запознавам,се борам со една засега глупава мисла која ме окупира..дали навистина го запознав животот,и сите негови тајни,не се прашувам дали добро го живеев,туку дали и вооопшто го запознав..а тој пак сега кога е веќе еден чекор пред мене,само се насмевнува загатливо,несакаќи да ми одговори..зошто ли бега,се прашувам,зошто,та нели одевме заедно чекор заедно напред,чекор заедно назад,и се беше добро,или само јас сум мислел дека е добро...се до оној момент кога болката на левата страна од градите стана неподнослива,толку неподнослива што веќе тлото под нозете се губеше вртоглаво..можеби кога таа сива магла ме обви,сум бил во будило,какво,којзнае...но некаде во самиот центар на таа сива маса,блескаше една мала искра,искра која треперееше,малку детски помисливдека не е искра,туку светулка,да светулка која посакав да ја допрами д аја ставам на дланката,но беше премногу немирна,пробувам,пробувам којзнае колку пати со дланката да ја намамам,но безуспешно,секогаш кога ќе помислев дека веќе е тука,таа веднаш ќе избегаше..за оваа наивна детска игра,времето непостоеше,или можеби тоа постоеше,а јас сум ти бил во некој простор каде што тоа непостоеше..којзнае колку време поминало во таа илузорна игра,..преголемата болка се враќаше,а јас единствено се лутев,што мораше токму таа болка да ги земи најоштрите бодежи со кој ќе ме прободува,и ќе ме раскунува...од тие проклети бодежи и светулката избега..и повторно непознати ликови окоу мене..стојат и само молчам,гледаќи ме,небаре сум од друга планета..единствено докторката се насмевнува,професионално,којзнае колку пати досега оваа насмевка ја ставила на ликот..но позади нејзината насмевка,чекаа зборовите кои требаше д апотечат..но ете побразав,или сакав да ја спречам да каже нешто што веќе го знаев..
-знаете ,кога ќе заврши се ова,ќе ви откријам најголемата тајна од Бесконечноста..
Ја прифати оваа игра,седнуваќи на самиот раб од креветот
-како ќе ми ја раскажеш,како приказна,или нешто повеќе од приказна
-како ќе ви ја раскажам,можам и сега да ви кажам,единствено сеуште целата содржина од таа приказна не ја знам...но ве молам,уште сега мора да ми ветите,дека нема да пуштите ниедна солза,мислам,искрена..
-како ќе знаеш дека е искрена..
-Јас нема да знам,земјата ќе ми каже,ако е искрена ,таа ќе ја голетни лакомо во себе,ако не е ,тогаш на нејзината површина ќе остане малиот калив вир..
-интересна теорија..интересна,а кога ќе биде тоа
-кога за мене ќе нема утре,кога горчината на моите усни ќе биде толку голема,што и последната ронка од мојата Љубов ќе избега..а тоа некако претчуствувам...знаете,несакам ова чуство да се мота околу мене,посебно околу моето срце,а секогаш е така,кога најмалку сакам,тоа проклето претчуство победоносно ќе загалопира...
-и што ти кажува тоа претчуство..
-дека токму сега,да токму сега во вашата глава се вртат илјада и една лага,медицинска лага,со која би го излажале својот пациент дека е се во ред..ете тоа ми кажува моето претчуство.
Замолчи,и започна со очите да ги премерува сите агли на собата,потоа погледна во сестрата,која само молчеше,и таа како докторката бегаа со погледите...
-докторке,и другпат сте ги гледале аглите на собава,погледнетеме сега,и само кажетеми..дали времето треба да го бројам,во месеци,недели,или денови..
-тоа јас незнам,ако навистина сакаш прецизен одговор,подобро е да го прашаш Бог,тој знае,а како ќе ти одговори незнам...
-ах,Поп Богдан е добар пријател со него,и со мене е пријател,ама и тој како вас,шеретски врти со очите по иконите во црквата,и блада некои молитви непознати за мене...вели..кога ќе дојди тој ден ќе знаеш..
-и сега,кое е решението......
-сега ќе станам,ќе се облечам и ќе си одам...нескам д аја јадам од ова блуткава вода која ја нарекуваат оброк..
-само поради јадењето ќе си одиш..
-Тоа е најмалата причина,овде,во овие ѕидови е впиено премногу болка,по тие агли,во пајажината се заплеткани премногу тивки крикови,кои се корнеле од градите,тие се пострашни од болката која е во мене сега..токму затоа ќе си одам...
-но јас нема да ви дозволам,затоа што несмеете,мораме да започниме со терапија..
-ха,терапија..единствен начин за да ме задржите е да ме врзите за креветот..а тоа несмеете..затоа,терапијата зачувајтеја за некој друг..не и е потребна мене..а и нема никаков ефект да има....ја гледав во очите...ова го знаете и вие,но несмеете да ми кажете..
Станав,земаќи ги алиштата од малото прастаро наткасниче кое стоеше покрај креветот,и излегов од собата....
Повторно се стретнавме во Ходникот од болницата,
-размислете добро..
-јас веќе донесов одлука,дајтемиги документите д апотпишам дека одбивам терапија,и вие веќе сте ја симнале одговорноста од себе....
-сепак размислете добро,и дојдете утре ако сакате да потпишете
-докторке,ако денес не потпишам,никогаш повеќе нема да ме видите...не доаѓам утре
-сепак не ми кажа,кога ќе ми раскажеш приказната за бесконечноста....
-да ќе заборавев ..кога..застанав сега јас малку гледаќи ги аглите на ходникот кој беа целосно буѓосани..кога..кога ќе го изминам ходникот кој го одат сите,дали е светол или темен,сеедно е,кога во смарагдното езеро ќе ги симнам сите гревови од мене,тогаш,ќе ја земам најубавата небесна антерија,ќе се препокријам со неа,и ..кога ќе погледнеш во бескајот гледаќи некоја луда ѕвезда како танцува со занес,ти молчи и само слушај..низ тивкиот полноќен ветар ќе раскажувам..ете тогаш..
-ајде оди дома,и не трескај многу глупости..и утре те чекам во ординација ...
Само се насмевнав...
-сепак подобро е да гледате во бескрајот,откоку попусто да чекате да се појавам на прагот од ординацијата...
Заминав со залепените соништа за Бескрајот,само тогаш кога мислеш за тие недогледни прерии,не ја чуствував болката.....







Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...