четвртак, 18. август 2016.

Тешко...тешко...тешко




Ова небеше нужно да се знае
Но шепотото ме пресече
Во мојот шуплив копнеж каде раснам со див крик
Дека
Намерно сум ги барал пукнатините во времето
За да ја ѕиркам потајно
Целата растревожена,но сеуште со зовриена крв
Стопена во куп збрчкана кожа

Иако е
Во самите глобочини на ноќта каде се огласува пак со врева
Дека некое идно суштество
И ја отвара земјата
Недаваќи и повторно да се отвори со машка пот
Кутрата
Ја покрива сега само ѕвездената реа
А на трпеза не и седат повторно песнопојци

Етеја
Останала со згрчени прсти
Гола
Со голи очи и пожолтени заби
Со туѓ син бега во времето
А сребрениот крст ја гори на плешките

Ова небеше нужно да се знае
Но претчуствувам
Го видов гавранот како го влечи сонот од нејзините клепки
Ставаќи и машка пајажина околу усните
И туѓо семе во утроба
Кое подоцна ќе ја морничави

Тешко...тешко...тешко
Избавение прословив

Или некој друг прослови.....


Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...