субота, 6. август 2016.

Не се грижете




Некој или некоја,или беа заедно, брзаше да се ослободи од сите сомневања
Додека мрзливите петли не ја најавија новата златна зора
Станаа од колибите,уверени дека повторно ќе господарат
И нечујни како сенка меѓу сенки ќе го виткаа прстот на судбината.

Бараа,посвојници на гревот,шеретски намигнуваќи при тоа
И малку улави,кои од смеата на душманите нема да ги болат коските
Рекоа,дека се невидливи сведоци,и дека само тие се вистината
Беше тоа смешно отпрвин,но повеќе морничаво.

Можеби од сето тоа сакаа да се прекрстат,ама повеќе се чешаа
По малку плашеќи се што се бабуњосуваат под превезот на месечината
Чудно,згрбавени со нивните скаменети дробови,воздишки собираа
И со својата змиска мрзливост расфраа отров врз соништата.

Само ќе кажам
Вака е од праисконот, сенките бедни се стремеа кон капката на времето
Да го напукне каменот,да ги напукне Манастирските ѕвона
За да би тие,можеле,да ги втиснуваат линиите на дланките.

Не се грижете
Нивната чадлива светлост ќе исчезне
Додека ноќите солзите им ги цедат
Земаќи им го и заборавениот дамнешен спокој.



Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...