петак, 12. август 2016.

Времето не е мој Сојузник



Ја претчуствував смрта на утрешните неродени мигови
Додека нејасната вина бегаше од овој простор
Во некое чудно мртво спокојство
Збрката  во сето ова ми кажува
Ова е вистинска стапица на Судбината
Дека е така
На реткиве потоци,зелени буѓосани дамки се јавија
Од земјата извира болка заборавени
Во коски пожолтени таа била заглавена
Лилаво небо,заробено со раб од црвен оган
Сочните прачки на Дабот поцрнеа
И рој намалени штурци се јавија

Не би ја отварал целосно вратата на настаните
Бидеќи крвавите камења ме опоменуваат
Времето не е твој сојузник за да го глодаш
Прифатиго само како паметник на тага и јад

И миговите нема да бидат без значење.


Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...