субота, 13. август 2016.

Небесен Вестител



Кога душата ќе ти фати триста драма уплав
Ти Господовите Тајни побарајги
Ама не реви,неќе се извишиш така во небесата
И не гушкај попусто сув Багрем
И не чинодејствувај на празен желудник
Ќе бидеш совладан од очајание.

Смирисе,
И биди подолг од сите столетија со мислите
Не ги кини тогаш вчерашните нишки,ако се упокоени
И не го гуши неродениот утрешен јавач на ветер
Само смирисе
И стругниги од тебе корупките на стравот
Гладот за копнеж на десната дланка ќе се роди.

Разбуричкаја ноќта
И смирисе
Не сонувај ништо
Суровите планини за тебе тоа нека го сторат
Ти покорисе на Сребрениот крст
И не ги проколнувај грмотевиците

Господе,извикај
И не се плаши од огнениот обрач околу тебе
Надвор од обрачот
Здравецот сознанието ќе ти го расплини
Ќе се стретнеш со неможното
Ќе станеш живо соѕвездие кое минува покрај пеколна вселена
Не ќе ти побелат очите
Оти Серафимската песна дејствува насекаде.

Сето ова ми го кажа
Вестител
Кој во облаците спиеше

По земјата глаголеше.


Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...