петак, 5. август 2016.

Ете само тоа




Животот постојано ме демнеше на секој чекор и во сонишатата
И напати ме присилуваше да се движам, фатен во обрач на мрак
Та кога круговите се ширеа,ме врзуваше со сребрени нишки
И бараше да фрлам камења,за да распука иднината на сто начини

Да,се стеснуваше живиот оков во оков
А Јас морав да се распаѓам тогаш во прав и пепел
И така да го нахрана над себе цвеќето што имаше мирис на Смрт
Да така е,моите коски ќе му докажат на вашите коски,кога ќе не нема.

Сонуван,сонувам бегство кон ѕвездите
Без да клекнам пред сеништата и сенките во ноќта
Пак тишина,и издолжена месечина на црно небо
И исплакани очи,без солзи во нив.

Не,не е ова очаеност на жив,под терет на грчот од тегоби
Повеќе би рекол,таен ритуал
Понуди им на коските топлина од твојата младост
За да можи копнежливата птица да те одбрани и од суровите подбиви.

Го кажав сето ова
Барем ако може на миг подземните Јуди се растревожат
И морничаво да затреперат

Ете само тоа.


Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...