уторак, 28. март 2017.

Запознав десетици Жени



Запознав
Десетици Жени
Но во нивните срца
Не видов Љубов
Во нивните очи
Не видов ниедна пресликана Галаксија
Во нивните прамени коси
Не почуствував игра на ветерот
Запознав
Да запознав десетици жени
Но повеќе помалку
Беа само обични жени

Запознав
Десетици жени
Со премногу студенило во душата
Да
Запознав десетици жени
Кои не го носеа мирисот на пролета
Во својот здив
Запознав само обични жени
Кои насмевката им беше
Почеток на некоја бездна

Ама,ете
На крајот од градот
Завршува и денешниов ден
Без да дознаам
Зошто ги собирав сите соништа
За Жената
Со мил поглед
Понекогаш тажна како есен
Со небесен сјај
Која ќе ја исполнува секоја неродена ноќ

Да запознав десетици жени
Повеќе помалку
Обични.







И просторно и временски




И просторно и временски
Летните ноќи беа ѕвездени и брзи
Од заодот до пурпурот
И се така од ноќ во ноќ
Ме дочекуваше некоја сила
Која повеќе правеше да живеам
Отколку да бидам безобличие.

И некаде во тој простор стоеше напишано
Не е наше сивилото на светот
Бидеќи под сето тоа е  светлина
Во кое е завиткана вистината
И сите контрасти на животот
Не е црно бело како што некои мислат
Ни пак доброто губи пред злото

Само распарчените соништа јачеа тажно
Оставаќи ги ги сите ненапишани песни на дланкава
Којзнае
Така можеби знаеа
Дека нема да бидат безимени желби.







петак, 24. март 2017.

Не ми замерувај




Дојде и тој ден
Повторно да те видам во Бело облечена
Додека Јас седам
Карши карши тебе на облакот
Не ми замерувај
Што ги замолив Небесните Харфи
Ете сега да свират
Во твоја чест
Би сакал
Да навистина би сакал
Моите криља да ти подадам
Да се одмориш
Но,не ми замерувај
Скршени се одамна
Ќе го замолам само ветерот
Да ти каже Добредојде

Ќе измине
Да ќе измине еден цел Еон
Овде во проклетијава
Додека ги соберам сите парчиња од мојата душа
И како некогаш
Да се радувам.

Дојде и тој ден
Повторно да те видам во Бело облечена
Додека Јас седам
Карши карши тебе на облакот
Не ми замерувај




четвртак, 23. март 2017.

Бојата на Сонот



Само бојата на сонот го даваше мирот
Додека чуството
Дека не  сум во времето
И полека над времето летам
Додека животот
Небаре е дива капина се плеткаше низ дните
Невиде
Да ,ти никогаш не виде
Како се крши огледалото
Навестуваќи седум години тага
Невиде
Да ти никогаш невиде
Како пукаа ноќите од плачот
Остана
Во тој чуден сплет на чуства
Само бојата на сонот
Да го дава чуството на мир

Во целата тишина


Некаде во рушевините на душата




Некаде во рушевините на душата
Под пластовите од пепелта
Се провлекуваше низ плачот
Прошката
Која времето сакаше да го запре
И така
Болката да ја натера
Да не воскреснува пред секој нероден миг
Шепотеќи му утешително
На секој сегашен миг

Твоето име беше Љубов
Кое беше изговарано
Со копнеж
Со страст
И во копнеж
И во страст

Пиеќи го виното
Кое ме опиваше исто
Како секој твој поглед
Правеќи ме роб
При секој твој допир

Но,ете
И Бесконечноста знаела
Но молчела

Нашиот крај ми ти бил запишан
Уште во самиот почеток
Некаде таму
Во твојата празнина

Та сега
Некаде во рушевините на душата
Под пластовите од пепелта
Се провлекуваше низ плачот
Прошката








субота, 18. март 2017.

За секој случај



Не требаше да бидеш солза во моето око
Ама
Сега
Не остана ни занес,ни воздишка
Не остана ни ветерот да ме радува
Не требаше
сега
Олку силно да боли
Би кажал само
Се е веќе апстрак наоколу
Па и плавата светлина околу месечината

Ни танцот со ѕвездите веќе не е вистински
Додека соништата
Евеги
Дишат папсано

Не требаше
Нетребаше да бидеш солза во моето око
Ни пак болка во моето срце
Ни пак рана во мојата душа

Остана уште толку време
Да кажам

Завртисе
Некаде према запад
И со малку спуштен поглед
Пред облаците
Побараја среќата
Но за секој случај
Помини под виножитото.




петак, 17. март 2017.

Тајната на Душата



Секогаш,во ноќ без јасни ѕвезди
Каде само Русалките
Со крик  ме тешат
Шепотам

Живееш
Во секој мој
Одминат сегашен и нероден миг
Непрашуваќи ме
Зошто Јас умирам
Во секој мој
Одминат сегашен и нероден миг

И
Се е така,исто тука
Додека ветерот ми цеди од очите солзи
Правеќи лицето да ми трепери
Со дробни далги

Но
Ако некогаш те огре источното сонце
Или ги доприш
Нежните криља на сказанијата
Само молчи
И слушнија тајната на душата
Без да таложиш горчина во грлото.




Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...