среда, 28. фебруар 2018.

Се Опив со Илузијата



Се опив онака од љубопитство со илузијата
И чудно
Започнав прво да го барам вчерашниот ден
Потоа,на непознат Човек му подарив садница од дрво
На еден стар ѕид нацртав големо црвено срце
И во срцето напишав..сите ве сакам
Со ронки леб го нахранив чопорот шарени мачки
И замислете
Смрта ја стретнав на плоштадот како шеташе бесцелно
Ред беше да и посакам добар ден
А таа,бесно ми кажа
Отрезнисе,оти ќе пукнам од мака
Овде никој не се плаши од мене
И подарив спокој,и
Ја остави покрај фонтаната да сонува за добрите стари времиња
Сонувачи со песна одеа на работ од бездните
И пак беа среќни
На Балконите ,старци чудни во сонцето гледаа со отворени очи
Армија од мравки,тивко,тивко одеа
Несакаа болката да ја будат
Од утробата на вселената постојано течеа потоци од насмевки
Само една жена седеше тажна на брегот од црвената река
Во скутот цврсто ги држеше години свои и спомените мртви
Душата нејна прозирна,трепереше посилно од исплашена срна
Очите,суви дупки без грам прашина и беа
Сакав да ја прегрнам малку утешително
Но празнината на ноќта во мојата утроба заклокоти
И небото и земјата тогај пискотници сториа
Седум Борови околу нас се струполиа
Имав чуство дека Љубовта од некаде зборуваше
Немој,немој,немој
Немој да го погребуваш утрешниот ден
И повторно мечот на неправдата во рака да го земаш
Чудно
А толку сакав и во Венеција да одам
Но зората со својот пурпур ме отрезни.






уторак, 27. фебруар 2018.

Разбудете се



Сега бескрајот молчи,гледаќи не со кристалните очи
Ако сме коцкари со иднината
Љубовта низ шуплините на времето ќе се исцеди од тука
Во вените само студенилото ќе ни остани
А бесмртноста ќе биде само бајка раскажувана

Се натрупа сивилото насекаде
Та кожата саде ни ја ежави
Од другата страна на небото
Тврдам
Старите коцкари низ врисок за прошка молат

Ако сеуште стоите во празнотијава
Утре и вашата крштеница ќе биде празна бела хартија
И ќе се расправате само со себеси
За тоа од ѕвездите ни шепот нема да добиете

Сега бескрајот молчи,гледаќи не со кристалните очи
Разбудете се
За да не се разбудат заборавените гробови
Кои ќе ни ги пиат и сите некажани зборови
И сите неисплачени солзи.



понедељак, 26. фебруар 2018.

Оној ден


 Оној ден
Да ,оној ден кога се роди омразата во мои очи
Чинам и бронзата оживеа на ѕидот каде беше обесена
А громовите ги убиваа сите утехи наоколу

Да,да, тој ден ти прозорите не ги изми од валканиците
Не бараше веќе позади нив нови светови
Беше Недела,а масата остана празна,без ручек
Којзнае,можеби мртвилото во просторот не засити

Рече гладна си за слобода
А сенката позади тебе беше смртно исплашена
Гледаш,не се сеќавам дали усните ти беа стиснати
Фотографииве пред мене се премногу пожолтени.

Оној ден,додека гневот ги стискаше моите дланки
Да,да, тој ден ми беше единствено жал за самовилите
Стоеа карши нас покрај Дабот тажни
Бришеќи ги кристални солзи кои им паѓаа на земјата.

И етеме,во ноќта го разлевам мастилото
Пиеќи некој сосема обичен чај
Со малку растрперена рака
Со мртва омраза во очите.




Кутриот Тој



Напиши книга за мене
Побара Човекот
Кој беше се накитил со шеснаесет килограми гордост
Во џебовите ставил даваесет килограми туѓа восхит
На реверот од сакото закачил тринаесет светликави ордени
И на вратот му висеше триипол килограми златен крст
Подарен од поглаварот на некоја нова вера
Каде се имало своја цена
Напиши,рече одважно
А Јас ќе те наградам со такви дарови,што ни Бог никогаш не ги подарува.

Во ред реков незаинтересирано
Но јас пишувам за вечните,а ти си смртник
Сеуште стравот од смрта ти живее во очите
А душата твоја се грчи кога ќе видиш погребна поворка
Кажими
Како да те однесам пред портите на Ендемските Градини
Или да те прошетам по одаите на пеколот
Кога ти сеуште газиш по земјата,и незнаеш да леташ со твоите криља
Кажими
Како да напишам и само еден збор за тебе
Кога јас читам од книгата на иднината
Каде што ти не постоиш
Ајде,му реков
Покажиго твојот негуван и нежен грб
Да видам колку зборови напишала судбината
Со својот суров камшик по него
Ајде,повторно му реков
Застани пред огледалото
И видисе самиот колку длабоки бразди на твоето чело
Изорал животот
Ајде реков
Склопиги дланките и кажија Оче Наш
За да го смириш хаосот над твоето небо

Кутриот тој
Се заврти и замина
Одеќи во неговиот свет каде безгласните му се восхитуваа
А мудрите го сожалуваа
Но не му кажуваа.






недеља, 25. фебруар 2018.

Молчам кога небото зборува



Кога ќе се измориш од животот
Тогаш седни на каменот ладен
За да почуствуваш вистинско студенило
И сетисе на пеперутките
Како играа да го стоплат студенилото на нашите души
Пред да не допри Љубовта

Навистина,кога ќе се измориш од животот
Помисли на силните стисоци од канџите на судбината кои не стегаа
А ние ги кршевме со бакнежи
Се додека усните болката не ги разделеше
Некаде касно во ноќта.

Евеме,во круговите на животот танцувам
Неплашеќи се од литите сенки,кои во лилавите утра се раѓаат
Пукнатините во времето ги затворам со мртви спомени
И молчам кога небото зборува за моето утре.

Всушност,едноставно е кога ќе те измори животот
Збогувај се од оние тешки осамени солзи
И празни потајни часови на исчекување покрај прозорот
Воздивни лесно,насмевнисе.и зачекори во пурпурот.




Ах да,се сеќавам




Се разбудив со една твоја заборавена воздишка
Која ја пронајдов сосем случајно
На самиот раб од перницата
Оставена
Во едно заборавено време
Кога во моите очи живееше едно небо
Многу ѕвезди и милион вистини за тебе

Ах да,се сеќавам
Тогаш пајажина немаше на твоите усни
Со насмевката секогаш ги плашеше пајаците
Кои молкот го плетеја насекаде.

За погледите не сакам да зборувам
Бидеќи тоа беа најубавите громови кои ги сакав
Со часови седев,и слушав како светлината во срцето ја параа
Не,небеше болка тоа,повеќе симфонија која срцето ја сакаше.

Се разбудив со една твоја заборавена воздишка
И повторно започнав да го лажам денот
Облекуваќи се во чадот од цигарата
Дека сите освоени трофеи,кои Јас ги нарекувам курви
Се великодушни подароци од Љубовта.








субота, 24. фебруар 2018.

Само онака Човечки исплукајте ме




Треба некој да дојди,и да ме плукни
Онака Човечки со плуканка
Што ете
Престанав да бидам Човек
Невелам дека станав нечовек
Но одеќи во празнотијата,изгубив време
Кое Љубовта ме чекаше секогаш на Брегот
При тоа,по улиците додека шетам, не Богохулам
Но ми смета смрдеата од туѓиот отров што катаден го плукаат
Застананувам на раскрсниците
И чекам со часови да чујам како чука нечие срце
Но тагата го замрзнала и просторот и треперите
Побунети недораснати голобради бунтовници
Грабаат цели светови,гаснат штотуку блеснати ѕвезди
Нема Богови,нема молитви
Им зборувам
Светлината неможеме да ја изгасниме
Од Мракот неможеме да се откажеме
Неслушам никој никаде да раскажува Бајки
Ни пак некој да верува во Самовили

Простете,тивко ќе ја преминам илегално границата на постоењето
За Повторно
Да отидам во нероденото време
Каде никој не се плаши од Смрта
Вие,не ме презирајте
Само онака Човечки исплукајте ме
Што изгубив време во бесцелноста.




Драга Моја



Кога мирисот на тагата ќе го трнеш од клепките твои
Драга моја
Намини тогаш во старата биртија
Ако заборави да те потсетам
На крајот од светот е,каде остарените поети седат
И по три литри кисело вино пиат

Малку воздивнуваат,за да ја утешат црната земја
И одвреме навреме со восклик ја слават нечијата смрт
Што вечен станал,а тие останале само скитници во животот
Некои,малку залудени
Сеуште солзите со мастилото го мешаат
И етеги шкртаат по пожолтени тетратки патетични песни.

Знам,сигурно знам,за дватројца поети
Кои болката своја ја со заби ја кинат
До ништавилото одат,и таму парчињата ги оставаат
Мислат кутрите,дека така помала ќе ја сторат.

Кога вистината ќе те покани некоја ноќ,на еден танц
Драга Моја
Не плачи,и не колни го мигот тој
Ќе ти смеат громогласно остарените поетеси
Кои катавечер квакнуваат на полураспаднатиот чардак

Ти
Додека светлата се гасат,во мрачниот тунел
Одрекнисе од самата себе
И со достоен поглед заиграј
Кршеќи ги прангите на животот во кој си окована.





уторак, 20. фебруар 2018.

Кругот на Случувањата



Секогаш кога болката во стиховите со урлик се јавува
Се прашувам
Уште колку да ја распнам душава за да се смири мастилото
Белким ќе можам потоа,мирно да заминам
Во некое друго време,и за мене и за вас непознато
Ете таму да трчам босоног
Да клесам зборови на камен
И да го натерам ветерот покорен да ми биди.

Еј Гавране Брате мој,врати се
Не се криј веќе во гранките на Дабот Стогодишен
Слушај,чука повторно стариот градски часовник
Не е како некогаш кобник
Пространите полиња не чекаат
Еј Гавране Брате,Јависе
Ќе ја оставам песната тажна тука на калдрмава стара.

Невидливите гонители папсаа ноќва на полноќ
Мртвите предмети не врискаат веќе
Сите дилеми во неповрат отидоа
Сите неодроворени прашања ги нема
Еј Гавране,Гавране
Моите раце утре ќе молат,склопени.

Иако волците ќе виат збеснато
Ни сенката нема да се тревожи веќе од тоа
Го знаеш ти тоа добро Гавране,Брату мој
Кој си се родил седум пати,и си умрел седум пати
Криеќи ги тајните свои во времето
Јависе,макар низ насмевка на некој туѓинец.

Кругот на случувањата го затворам на земјата со прстот
Громовите во далечините се јавуваат евеги
Сега кажувам ..доста е...
Во пурпурот ќе напишам на небото...Така Нека Биде
Гавране Брате Мој.





Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...