петак, 31. август 2018.

Ехх Стојане Стојане



Додека сивотијата на денот се лизгаше кроце кроце по коленици низ просторот,времето беше му стана душман на Стојана,и му ги испука усните на сто парчиња,правеќи така сета пареа која му излегуваше од тие усни да наликува на магарешка..и тој кутриот веќе почна да мисли дека нема да ја дочека пролета,та тресна од земјата како ветка полускапана...
А до вчера,да,до вчера трчаше весело со ветерот,и ги врзуваше сите искинати пискотници на утрото во една низа непрегледна..ах да..пред само една недела ја ќердоса и ќеркаси кај Петковци..но ете синоќа кога легна темнината врз селото,тој се врати од Планина со мисла да здивне малку,и да си го распостели сонот кој го најде во долот како клечи исплашено..
Ама..ама не ја слушна судбината како му се кикоти позади грб,и како рти ново семе во дворот негов..еххх Стојане Стојане,можеше,ама несакаше да го научиш јазикот на Птиците..зборуваше пред самракот чучирлигата..ти зборувавме напати,..отвориси ги очите.слушниги малку и селаните што глаголат,и избројги сивите денови...невидлив пакосник ти рие во огништето..и цица саде од твоите идни дни..ехх Стојане Стојане
Ни самиот не разбра пред да ја отвори вратата на домот,зошто ноздрите нервозно му се шират,зошто очите му набабрија..и зошто тупаницата му се исполни со гнев и бес..и..етеја,домаќинката негова ја виде,да да , ја виде како се прпелка во постелта со туѓинец..кој беше..сеедно кој беше,важно беше туѓинец...и..прво ги препокри очите со дланките..да потоа,ги виде како трупој неподвижни..ама Ангелот тогај му кажа..оставиго ова на Бога..не е твое да судиш..низ образите му се лизнаа неколку шурки со солена течност..само процеди
-арам да ти е лебот што го јадеше на трпеза...арам да ти е..и замина..со замагаленост под  клепките
Отиде во пештера да спие,којзнае можеби таму со мечка се прегнал,можеби сега со волците оро игра,со орлите песни пее..на гости кај кума лиса оди..којзнае
А Стојаница..збесна ,од узур после тоа..ама само еден месец..после..несакате да знаете,ама ајде ќе ви кажам..нозете и се фатија..гласот бесилна боја имаше,во лочки од мочка седеше,соседите од врата корка леб и фрлаа,оти смрдеата ги одвраќаше..самата се нагрна со турска антерија,малку малку од студот да се заштити..којзнае дали Свети Арангел ја посетил,ама ене,на сувиот даб саде писка слеп Буф...не ќе е на арно..



четвртак, 30. август 2018.

Трипче Зумбулот




Трипун на Николовци,кој си го викавме Трипче Зумбулот,беше чешит чоек,толку чешит што секогаш кога ќе им се насмееше на луѓето ,сета тегоба што беше им се налепила по душата им се губеше,а потоа ќе им стореше едно мало темане,и ќе си заминеше некаде во својот свет.
А таков ми ти бил од раѓање.знаевме,оти Дана бабицата раскажуваше насекаде за тоа.таа раскажуваше,ама ликот нејзин се грчеше во гнев што Судбината си поигра рано.
Кога се родил,место плачење,ми ти удрил Трипун на едно смеење.се смеел тој,се смеела и Дана Бабицата,и Мајкаму Блага и комшивката Цвета,а Снагата на Таткому Круме кој тогај бил во Јабана му затреперила..на Арно шо се вика...ама тоа пусто арно траело само 7 дни..ете таа пална Трета наречница на Седмиот ден ми ти ја зел Мајкаму Блага на тој свет,а во овој свет останал Трипун сам,дете цицалче со смеата своја..
Остана палниот сам на свето со својата насмевка Трипунче,остана во рацете на Стрина му Елена,припроста женичка,која два дни самата се чудела шо да прај со детулето во рака..та ќе му пошепнела на Стрикому
-а да му дајме неколку капки брлива ракија,појче да спие...а..шо велиш
На Стрикому од такви зборој му доаѓаше да и ги искини жиличките на чело,и очите да и ги ископа,но остваше само стомакот да му набабри од сета пизма што се збираше во него,та кога распука зората,си го зеде торбулето на рамо и замина да бара чаре за трипуна..скиташе цело претпладен по подножјето на планината,се дур не ја виде старата црната крава со дамка на челото,излитена во кожата,и куца на задната десна нога,како скита,небеше од селото,изгледа некој ја пуштил волците да ја јадат,оти месото не и беше пресно...и пријде Арсо,ја погали неколкупати по челото,проба да и стави ортомче околу врат,ама таа несакаше,само тргна понего..молчеа и двајцата додека одеа накај дома..кога стигнаа во дворот..Арсо свика
-оооооо домаќинке,ела ваму ..
Елена брзо брзо се натокму до него,ја гледаше кравата,го гледаше Арсо.и после сето гледање зеде да мерда со зборој..
-ах арсо,уште едан уста за ранење ни донесе,ах арсо..уште една несреќа вкуќи ни стапна..
-молчи,молчи мори непрокопсана ..да не те слушни небото како кобиш,та јазикот ќе ти го врзи на тилот..молчи..ајде земи измолзија колку може,да му дадеме на Ангелчето некоја капка млеко...
Стрина му Елена зела канче,та побрзала да ја измолзи,ама меретната крава,недавала,а Елена да ја фати за боска,а она мрдни,а она да ја фати за боска,а она мрдни..и така едно десетина минути се бркале низ двор,кога Стринаму се изнервирала го метнала канчето под стреата и му рекла на Стрикому
-ако можеш измолзија,мене не ми дава..Пробал Стрикому Благој да ја молзи,и него исто му правела кравата...и..застана понастрана и зел да ја гледа и да се чуди,што крава ќе беше ова..та едно време свикал пак
-Блажејце мори..ај донесиго детулето тука..
Го донела Блажејца Трипун,а Стрикому го ставил на боската од кравата...и глеј чудо..Трипун небаре е смокче,ја лапнал боската та цица ли цица од кравата..а таа мирна,мирна не мрда од место..иии..ова траело се доа седум години,кога кравата си ја Простил господ..
Ама Трипун дали од млекото на црната крава,или од ѕвездите што му биле наредени на челото,ми ти станал мил и чешит дете..ама не само шо се смеел,ја сакал и Стринаму Елена и цвеќињата нејни,а најмногу Зумбулите..сите други оставал да ги кинат,ама зумбулите недавал...ги чувал,ги пазел,и се радувал на секој нивни цвет...
Остај шо се смееше,туку стана и гордост на Стрикому...шо да прај ,на годината кога се роди,во Јабана и Таткому си замина на тој свет..па Стрикому правеше се да биде среќен,а беше среќен,дури стана и Ајван доктор..па кога ќе им пријдеше на ајваните,ич не се плашеа од него...којзнае..некои кажуваа дека од рацете му течела Ангелската Милост,затоа било така...
Којзнае,можеби беа во право...





среда, 29. август 2018.

Си ја испративме и Баба Стана




Никој,ама никој навистина не ја виде Баба Стана кога пуштила душичка,ама затоа пак сите од сокако џвакнаа по две три лажички пченичка,и два три залаци леб,е де,да и бил патот убав,да не пуштала додека одела рапави воздишки та со тоа да го налутела Ангелот кој ја водел до Небесните Пространства,а како ќе пушта рапави воздишки си мислев додека ги гледав збудалените соседи кои беа божем ужалени,кога дамарите веќе и беа смирени,кога устата и беше врзана  со едно бело марамче,и очните капаци струполени врз белите образи..еее си умре Баба Стана и си стана бесилен мртвоец,оставаќи не нас живите и понатаму да ги слушаме далечините...каде плачеа две три ноќни птици за неа,околу неа радиреда проплакаа со влажни очи нејните две друшки од младоста..Баба Цвета  и Баба Петкана..плачеа,ама пустите сетики наслушнуваа што пее Поп Атанас,да не ги спомне и нив по грешка во песната..

Ете,би што би..со отиде баба Стана ,сите се вратија сити од гробишта,оставаќи го нејзиниот камен крст , кој секогаш го носеше на грбот,ама беше невидлив,но сега стана видлив..се враќаа и пак збоднаа стара приказна да ломотат по патот.

-етеја Петкана,му се мушна во близина на Поп Атанас,ах бре мерак пусти мерак си го носи од младоста.та со носењето си го стори во сладок очај,видетеја,не се стори ветка од болештини,ама од пламенот што и бувта во градите..ете сега ама само малку со милост да и се испули,таа и во неврат ќе отиде..ама не е пишано така..та можеби затоа,кога ќе ги види зелените љиљаци впланина,ги толчи со камењата,небаре тие и се најголеми душамни....

Се јави тогаш и Круме Евреинот..кој повеќе тонеше во соништата,отколку што беше буден,та кога ќе сакаше да каже некоја искината приказна,дишеше брзо од возбуда,чиниш Месечината ќе му избега од џебот,молчеа тогај сите и под клепките го криеа сожалувањето..оти до ден денес не видел женска боска...

И распали да ги тркала зборовите низ побелената брада,за сите шербет јадења што ги јадел,за сите слатки вина што ги пиел под шарени фенери на пространи сараи..се сети пустиот тој и на младите јагниња кои на ражен се вртеа,тој ги врти низ приказната,а на другите лиги,лиги како порој им течат се дур не му прекипе од мискоњата на јагнешкото на Кирета Парталот та свика на цел глас...

-абе Круме Шутрак еден,остајги јагнињата на мира,кажи која невеста си ја спрепелкал впостела,а нетуку ми ги пикај пред очи твоите шербетлии..ашлак еден.

Од ова се вцрви од гла до петици Круме Евреинот,си го подврза посилно учкурот на панталоните,та брзо брзо со чекори поголеми од сува планина усфет фати да оди некаде каде што ветриштата одмараа.

Ете така,си ја испративме Баба Стана за последен пат,а ние си останавме и понатаму со нашите сенки да се плеткаме во ноќите,при тоа предаваќи се повторно на судбината која утре пак ќе ни каже некоја тажна мудрсот.



уторак, 28. август 2018.

Душата на Спиридон




Честопати Спиридон,кога одеше по улица,гласовите што тој само ги слушаше,знаеа да го сопнат,ете така ,одеднаш ќе му сплеткаа меѓу нозете,и ќе се испружеше кутриот,колку што е долг и широк,а беше и долг,и широк..со малку исушена кожа,која повеќе наликуваше на штавена,и ќе земеше да реви безгласно,криеќи ја болката која утробата му ја риеше...ах Спиридоне,Спиридоне,ќе прошепотеа соседите тогаш низ погледот..те закла Судбината под грклан,та сега ни одмаздата не ти мила..

Сетне,ќе станеше,пцуеќи онака старечки,сочно..што месото налепено на коските не му се смирувало..па пак како ништо да не било,ќе загазеше низ легната тишина..

Ете тој беше Спиридон,Човек со влажни клепки и седум осум животи втиснати на дланките,знам само кога Љубовта му го забоде ножот во грб,од дланките му се лизнаа,три четири животи одеднаш..карши него останаа неколку гаврани гозба да си прават со црнилата кој му се цедеа,и сколовраниците кои будалесто скокаа..

За душата негова ли сакате да знаете што се случи..пустошот ја отера во сеќавањата да скита,и напати небаре е роб негов,ќе легнеше до него,и ќе ја гледаа само занесено Месечината..е де..само ја гледаа..знаеќи дека ја изгубиле сета топлина..

Некои кои незнае дека е тоа душата негова,ломотеја низ сокакот дека е тој близнакот на Спиридон,малку полит од овој кој го знаеа,и дека дошол од преку море,но потоа мирисот на спржалена  кожа ги бунеше,а така мирисаше душата на Спиридон,и таа кутрата се грчеше напати кога петиците го болеа..чунки од таму излегувала...

Туку ајде да ве оставам на мир,можи сакате да спиете..ќе турам грст пепел на местото каде што седевте,сенките да не ви ја намирисаат дирата ,та и вас да ве најдат,и ве потиснат..



недеља, 12. август 2018.

Некаде во маглите


Некаде во маглите,каде се сокриени сите мои сеќавања
Ја оставив наметката,која ја истакаав од многу насмевки
Ако ја пронајдиш,не ја допирај Ти со твоите валкани раце
Остави,твојата душа,да ја нагрне,и застане ететака
Пред портите на Вечноста,каде бескрајните копнежи
Се расплинуваат уште од мигот на нашето раѓање.



Запознав еден тажен поет


Запознав еден тажен поет,кој секогаш пишуваше тажни песни
И тажни поеми,на брегот од безимената река
Пишуваше се до момент кога Тагата започна да го моли
Да не пишува повеќе за неа,немала кутрата веќе темнина околу себе
Која ќе ја расфрла околу него,за да ја бои неговата тага
Енего сега,во суводолица седи,и молчи заедно со сувата бреза.

субота, 11. август 2018.

Ќе те побарам




Ќе те побарам во секоја капка на морето
А ти
Повторно сокриј се на брегот во песокта
Ќе те побарам во секој здив на утрото
А ти
Повторно сокриј се во пазувите на ветерот
Ќе те побарам ако треба и пред портите на пеколот
А ти
Благословиме со бакнежот на Луцифер
Несмеам да те барам на патеките за Рајот
Не си чедо на Светлината



Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...