петак, 31. август 2018.

Ехх Стојане Стојане



Додека сивотијата на денот се лизгаше кроце кроце по коленици низ просторот,времето беше му стана душман на Стојана,и му ги испука усните на сто парчиња,правеќи така сета пареа која му излегуваше од тие усни да наликува на магарешка..и тој кутриот веќе почна да мисли дека нема да ја дочека пролета,та тресна од земјата како ветка полускапана...
А до вчера,да,до вчера трчаше весело со ветерот,и ги врзуваше сите искинати пискотници на утрото во една низа непрегледна..ах да..пред само една недела ја ќердоса и ќеркаси кај Петковци..но ете синоќа кога легна темнината врз селото,тој се врати од Планина со мисла да здивне малку,и да си го распостели сонот кој го најде во долот како клечи исплашено..
Ама..ама не ја слушна судбината како му се кикоти позади грб,и како рти ново семе во дворот негов..еххх Стојане Стојане,можеше,ама несакаше да го научиш јазикот на Птиците..зборуваше пред самракот чучирлигата..ти зборувавме напати,..отвориси ги очите.слушниги малку и селаните што глаголат,и избројги сивите денови...невидлив пакосник ти рие во огништето..и цица саде од твоите идни дни..ехх Стојане Стојане
Ни самиот не разбра пред да ја отвори вратата на домот,зошто ноздрите нервозно му се шират,зошто очите му набабрија..и зошто тупаницата му се исполни со гнев и бес..и..етеја,домаќинката негова ја виде,да да , ја виде како се прпелка во постелта со туѓинец..кој беше..сеедно кој беше,важно беше туѓинец...и..прво ги препокри очите со дланките..да потоа,ги виде како трупој неподвижни..ама Ангелот тогај му кажа..оставиго ова на Бога..не е твое да судиш..низ образите му се лизнаа неколку шурки со солена течност..само процеди
-арам да ти е лебот што го јадеше на трпеза...арам да ти е..и замина..со замагаленост под  клепките
Отиде во пештера да спие,којзнае можеби таму со мечка се прегнал,можеби сега со волците оро игра,со орлите песни пее..на гости кај кума лиса оди..којзнае
А Стојаница..збесна ,од узур после тоа..ама само еден месец..после..несакате да знаете,ама ајде ќе ви кажам..нозете и се фатија..гласот бесилна боја имаше,во лочки од мочка седеше,соседите од врата корка леб и фрлаа,оти смрдеата ги одвраќаше..самата се нагрна со турска антерија,малку малку од студот да се заштити..којзнае дали Свети Арангел ја посетил,ама ене,на сувиот даб саде писка слеп Буф...не ќе е на арно..



Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...