среда, 29. август 2018.

Си ја испративме и Баба Стана




Никој,ама никој навистина не ја виде Баба Стана кога пуштила душичка,ама затоа пак сите од сокако џвакнаа по две три лажички пченичка,и два три залаци леб,е де,да и бил патот убав,да не пуштала додека одела рапави воздишки та со тоа да го налутела Ангелот кој ја водел до Небесните Пространства,а како ќе пушта рапави воздишки си мислев додека ги гледав збудалените соседи кои беа божем ужалени,кога дамарите веќе и беа смирени,кога устата и беше врзана  со едно бело марамче,и очните капаци струполени врз белите образи..еее си умре Баба Стана и си стана бесилен мртвоец,оставаќи не нас живите и понатаму да ги слушаме далечините...каде плачеа две три ноќни птици за неа,околу неа радиреда проплакаа со влажни очи нејните две друшки од младоста..Баба Цвета  и Баба Петкана..плачеа,ама пустите сетики наслушнуваа што пее Поп Атанас,да не ги спомне и нив по грешка во песната..

Ете,би што би..со отиде баба Стана ,сите се вратија сити од гробишта,оставаќи го нејзиниот камен крст , кој секогаш го носеше на грбот,ама беше невидлив,но сега стана видлив..се враќаа и пак збоднаа стара приказна да ломотат по патот.

-етеја Петкана,му се мушна во близина на Поп Атанас,ах бре мерак пусти мерак си го носи од младоста.та со носењето си го стори во сладок очај,видетеја,не се стори ветка од болештини,ама од пламенот што и бувта во градите..ете сега ама само малку со милост да и се испули,таа и во неврат ќе отиде..ама не е пишано така..та можеби затоа,кога ќе ги види зелените љиљаци впланина,ги толчи со камењата,небаре тие и се најголеми душамни....

Се јави тогаш и Круме Евреинот..кој повеќе тонеше во соништата,отколку што беше буден,та кога ќе сакаше да каже некоја искината приказна,дишеше брзо од возбуда,чиниш Месечината ќе му избега од џебот,молчеа тогај сите и под клепките го криеа сожалувањето..оти до ден денес не видел женска боска...

И распали да ги тркала зборовите низ побелената брада,за сите шербет јадења што ги јадел,за сите слатки вина што ги пиел под шарени фенери на пространи сараи..се сети пустиот тој и на младите јагниња кои на ражен се вртеа,тој ги врти низ приказната,а на другите лиги,лиги како порој им течат се дур не му прекипе од мискоњата на јагнешкото на Кирета Парталот та свика на цел глас...

-абе Круме Шутрак еден,остајги јагнињата на мира,кажи која невеста си ја спрепелкал впостела,а нетуку ми ги пикај пред очи твоите шербетлии..ашлак еден.

Од ова се вцрви од гла до петици Круме Евреинот,си го подврза посилно учкурот на панталоните,та брзо брзо со чекори поголеми од сува планина усфет фати да оди некаде каде што ветриштата одмараа.

Ете така,си ја испративме Баба Стана за последен пат,а ние си останавме и понатаму со нашите сенки да се плеткаме во ноќите,при тоа предаваќи се повторно на судбината која утре пак ќе ни каже некоја тажна мудрсот.



Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...