четвртак, 30. јун 2016.

Сега поинаква ли си





Стојам сам на самиот раб од Галаксијата
и малку кришум со нејасни желби те гледам
пробуваш да се отргнеш од осаменоста која ти доаѓа галопираќи
не си се променила
и не се прекоруваш за некажаното збогум
сепаќ сеќавањата се тие
зарем не
кога душата моја голтка упокоена вода се напи
Ангелот милостив се појави
И со прст покажа кон судбината
Која великодушно гробови растураше насекаде
Само рече
Тоа било твоето милосрдие
Од се тоа мртвиот јазик легна во устата
Носеќи ја болката во утробата
А ти со прикриено поругание се препокри
И тргна во жетва на покојници

Што
Сега поинаква ли си
Не ти се подбивам
Но знам дека еден ден и ти ќе клекнеш пред судбината

Со силно стегнати тупаници


Сега поинаква ли си





Стојам сам на самиот раб од Галаксијата
и малку кришум со нејасни желби те гледам
пробуваш да се отргнеш од осаменоста која ти доаѓа галопираќи
не си се променила
и не се прекоруваш за некажаното збогум
сепаќ сеќавањата се тие
зарем не
кога душата моја голтка упокоена вода се напи
Ангелот милостив се појави
И со прст покажа кон судбината
Која великодушно гробови растураше насекаде
Само рече
Тоа било твоето милосрдие
Од се тоа мртвиот јазик легна во устата
Носеќи ја болката во утробата
А ти со прикриено поругание се препокри
И тргна во жетва на покојници

Што
Сега поинаква ли си
Не ти се подбивам
Но знам дека еден ден и ти ќе клекнеш пред судбината

Со силно стегнати тупаници


Колебливи Чекори




Колебливо чекорам по новата патека
Малку плашеќи да не воскресне болното минато
Чекорам без голема надеж за Љубовта
Но барем спокојот да биде наоколу,тивко шепотам

Мудрецот рече,кога се разделивме на планината
Оди таму каде што те води срцето
И срушиги сите мостови позади тебе
Неоставај ниеден за да можеш да се вратиш
Така ќе знаеш дека мораш само напред да одиш

А таму напред е знам Сонцето од Моето ново утро
А таму позади е мракот од Мојата Ноќ
Но сепак колебливо чекорам по новата патека
Можеби затоа срцето чука со немир




Патував во Чудните Сказанија




Од сите паднати ѕвезди научив повеќе
За земните места и непознатите далечини
За сите премолчени милосрдија
Но и за непознатото писмо,кое се чита со затворени очи
Кога ќе почнеа да глаголат,врисоците и тажаленките молк ги прекриваше
И не бегаше тогај Животот,зошто веруваше во сказанијата
Одвреме навреме ќе се огласеше Буф,и ќе се препокриеше со темнина
А Јас
Јас патував во тие чудесни сказанија,врзуваќи ја сопствената сенка со девет кругови
Потоа се провлекував до пустина каде испарував,оставаќи ја душата да се врати
И бездушен и бескрвен го гледав целиот пеколен свет како се раскинува
И таму позади сите пустини,видов Други Богови и црна чума
Но и таму земјата се отвараше,и лакомо лапаше и грешници и верници
Но и таму кога ќе ги обземе сонот,некои стануваа пленици на кошмари
Водата Света малку лута беше,онаа од која капе и крв
И таму оние безгласните во животот,не сваќаа што се случува со нив
И станав под тие ѕвезди трагач по дивини,каде го оставав својот чемер
Гледаќи ги вистините како стануваат замрсени
Како што слушнав
Тие кои и во ова не веруваат
Недозреани,и тие и нивните сенки
Стојат со заплеткани нозе,несакаќи барем да учат од паднатите ѕвезди




среда, 29. јун 2016.

Ги собрав спомените



Ги собрав спомените во двете дланки
Небеа којзнае колку
И тргнав да ги фрлам некаде каде не ќи види никој
Малку го оставив минатот тажно
И празно,вистински празно

Отидов на реката
Но некако плитка ми се виде
Та заминав
Отидов на езерото
Беше премногу разбранувано
Некако знаев дека ќе им раскажува потоа
На брегот,на птиците,на рибите
Та заминав

Отидов кај покојниците
Имаше празен гроб
Но незнаев колку ќе биде молчелив покојникот
Пред другите покојници
Та заминав
Отодов на планината каде што снегот се белееше
Сакав да ги оставам мразот да ги изеде
Но
Пролета кога ќе дојди некој ќе воскресне
Та заминав

Ми остана уште пештерата
За неа Дедо Панко раскажуваше дека змејот сеуште бил жив
Решив да го нахранам барем него
Попусто се понадевав
Змејот беше тажен
Рече дека мрши не јаде
Та заминав

Заминав со полна дланка
На раскрсницата каде што ветриштата се собираат
Ги оставив без сожалување
Некаги нека ги разнесат насекаде
И
Заминав

Некаде каде што ветерот никогаш не дува.



Судбината беше Тајна





Паметам,кога пробуваше само со врвовите на прстите,додека поминуваше низ косата да ги доприш моите мисли,брзо дишеше,Божем заљубено,со мали искри во здивот,наоколу малку љубоморно воздивнуваше темнината,кутрата таа,незнаеше тогаш за целиот собран скрб во мојата душа,но сепак слушаше како полека испарува врелината од твоите клепки,ако е малку утешение од се ова,тогаш во тие мигови бегав во височините,гниежот кој беше насекаде околу нас ме бркаше,..еднаш,една малку чудна жена кажа патем,тревите лекуваат се на земјата тука..ја прашав со рапав здив,дали и гревот го лечат..замолчи...но ајде пробувам вака да се распливнам како магла,сакаќи така да затворам некоја врата од минатото..ете гледате,и вие скрбно се насмевнавте..ако само смејтесе,,ова е буништето на секојдневието,и се тука е со преодна слава..не е тешко да се претпостави дека сакав да се сетам на таа жена,но кога ќе го направам иднината замолкнува..но молчи и нејзиниот грев,или гревови,наслушнуваат и исчекуваат..или да ја пизмам..но немам минато за тоа да го правам,ни пак нешто вредно во тоа минато..сега ја почитувам само земјата,барем таа нема да ме изневери...ако ги чува поскоците во пазувите,нема да ме касни и со отров да ме полни...нема..напати е таа пепелница,или иловица,или калишта дарува..ама..да,ама земјата е светителка и Божји гласник..и на неа се сите вериги на животот..можеби и затоа ја љубам..гледате се разбудив,а повторно на името не се сеќавам..всушност денов е со многу блажина,овде онде кристалите на сонцето се редат да блеснат..и пак,вие смејтесе..и прашајтеме,зошто сето ова го кажав..зошто како пред три дни,не буричкам по небесата,бараќиги младите ѕвезди...а на кого да му глаголам,пород немам свој..болката е во мене од тоа..ќе одам повторно да ја сакам земјата и сите нејзини врвици..за мене судбината беше Тајна која никогаш не ја открив..


Нема повеќе и што да се крие





Кога дојдов до брегот на новиот ден
Потекоа шурките со Небесна светлина
Немаше земја
....немаше луѓе
................немаше ни птици
Единствено живиот пламен се вртеше насекаде
Во круг,без ниедна сенка внатре
Ветерот полека започна да ја носи пајажината од сонот
И без скрб во себе
Без да ми горчи душата
Реков
Тргни кон белината,без тешко да дишеш
Таму има поинакви сеќавања
Повторно реков
Отвориги дланките и следиги линииите
Инаку ќе станеш камен меѓу камењата
Надвор од пламенот
И тргнав
И сеедно ми беше што некои ќе ми судат и сега
Ова е некој нов настан
И почнува
Останува се во старите времиња
Кога Раснев по тежината на Јад
И неисплаканите солзи
Постојано мислеќи на новиот ден
Нема повеќе продуван страв околу тилот
Ни пак згуснати лочки од темнина
Нема

Нема повеќе и што да се крие



уторак, 28. јун 2016.

Додека легнуваше тишината





Додека легнуваше тишината
Утринската сенка посака попусто
Повторно Да се врати како жив облик меѓу луѓето
Неутешните души го преморија со приказните за црните птици

Но и тоа небеше се
Бедните ноќни жени веќе не го веселеа на месечината
И наместо утеха,нивните влажни очи го обеспокојуваа
Се засити од нивната груба едноличност

Се губеше,се губеше по безимените беспатици
Таложеќи го мртвото спокојство на ладниот мрамор
Измиен од молитви глаголеше тогаш
Нека ме снема,и мене и фтиснатово проклетство на деснава дланка

Се сети со тежина во коските кога ја заборави Мајчината Љубов
Разумот како и секогаш молчеше дозволуваќи да испарува темнината
Арамискиот несон повторно се јави
Правеќи на работ од клепките пладни парчиња со зелена магла

Проклетава волчја кашлица повторно се јави
Се загледа во трепетливото небо

Додека легнуваше тишината.


Навистина разберете




Јас не ги пишувам суровите правила на Љубовта
Ни пак сум ја добил како поклон од Судбината
Подобро наречетеме грешник кој низ ходниците на времето ита
И Би кажал сега само за сите одминати мигови како сеќавање.

Бев Безимен,и без ништо свое
Со малку душа во себе
Неизвалкана,и на никого сеуште продадена
Пркосот несмирен постојано ме правеше заложник во животот
Како ноќна стража,и советник голем го добив Сизиф
Додека Тантал се смееше кажуваќи ми дека сум негов потомок
И не е се кажано
Некои зборуваа дека сум бил преголем романтичар
Но некои со малку злоба шепотеа
Вратата на неговата душа е засекогаш затворена.

И понекогаш
Само молитвено гледав во небото
И низ сопствената немост само цедев
Доволими барем некој да се напие од моите солзи
И тогаш,барем една душа,слична на мене
Ќе знае за се што некажувам

Знам,навистина знам каде се раѓа секоја нова галаксија
Но никогаш не дознав
Зошто болката на Љубовта е голема
Толку голема што бездните во душата со ехо ја враќаат назад

Слушав постојано како свири ветерот
Како пее месечината
Но никој несака да го слуша плачот на срцето
И звукот на солзата кога паѓа на земјата

Навистина разберете
Јас не ги пишувам суровите правила на Љубовта
Ни пак сум ја добил како поклон од Судбината








понедељак, 27. јун 2016.

Кажав што имам да кажам




Не би го будел времето во вас
Зошто не ќе можете ни тогаш да го видите непознатото
Етего се лизга под облаците
А вие и понатаму кревајтеги очите кон висините
Надеваќи се дека ќе го отворите светот на Светците
И очекувате дека со рапав шум и грч во душата
Дека сенките околу вас од страв ќе цедат ладни капки од себе
Еххххххххххх
За пеколот не се војува Мили мои
Безбожниот мрак е награда за празнотијата во душата
И гревовите од младоста ве плашат повеќе отколку неродениот миг
Ајде погледнете малку подалеку
Врвовите на планините низ шепотот на ветровите не ветуваат добро
И тие грбини масивни не издушуваат со олеснување
Не гледајте веќе темно
И не мислете постојано дека само омразата не зближува
Да знаете,еден ден небото ќе оглуви од сето ова

Ве разбирам
Јамата од сето тоа ви станува подлабока
Стравот од умирањата се прпелка насекаде околу
Напати од сето ова мислите ви секнува денот,а ноќта саде бабри
Не ја хранете веќе омразата
Зошто задгробниот мирис испарува од неа
Речете,би што би
Запалете оган и седнете на гуњите исплетени од вашето паднато руно
И со волчја суровост раскинетеја,не ја оплодувајте
Така злата крв ќе и истече
И легнете на земјата,мудро насмевнати
Бришеќи ги со очите сите нафатени пајажини од ѕведите блескави

Кажав што имам да кажам
Не се плашам од вашата подмолност
Во лушпата на сонот е мојата амајлија
Вие пак кратетеми од патот ако сакате
Сепак се одложив кон вас
Кажав што имам да кажам.




недеља, 26. јун 2016.

Нека Биде Така




Нека Биде Така
Одекна на Небото Гласот кој го слушнаа сите
Додека по Земјата восклиците итаа
Нашите Богови сакаат да бидеме Вечни
Отспротива
Етеја малата група
На север заградена со студенилото
Шепоти
Нашиот Бог сака да се сакаме

И би,тоа што би
Боговите започнаа Војна во Вечноста
За Вечноста
Додека Бог со Љубовта студенилото го топеше

И било така
И беше така
Како што другите запишуваа
Другите раскажуваа
И било така
И беше така
Се додека хартијата ја снема
Мастилото пресуши
Останаа зборовите кои се губеа во просторот
Помеѓу небото и земјата

Восклиците крвави,премалено лазеа
Љубовта во студенилото остана
Премногу мраз ми ти имало

И повторно одекна гласот
Нека Биде Така
Така како што е вољата ваша

Којзнае што ќе се случи во денот
Тука на Југ е повторно пурпурно утро
Сепак цвркото на немирните врапци надеж даваат
Дека и на исток е слично
На запад сеуште Вечноста не дошла





Распливнато Ехо




Додека се распливнува Ехото,во кое се вашите зборови
Без значење и никаква смисла
Ве слушам како се смеете со сета празнина во себе
И утробите ги наполнивте со убедување дека се ослободивте од гревот
Вешто криете,знам,дека и вам ве совладала Тагата
Алал да ви е,би ви рекол некој непознат
Си точите светлина од денот колку сакате со вашата немост
Лажно уверени дека некои дамнешни чудотворци,сенките ги тргнале од вас
И како гипсени светци,верни на занаетот вешто лепите насмевки на ликовите
Зборувате дека со ова сте ги возбудиле и Ангелите
А ете чув
Само пред 2 часа беше тоа
Од еден Демон,иначе угледна личност во опшеството
Пред само три дни ве обележале сите со жолтиот дожд
Кога наивно ви кажале да танцувате додека паѓал,бидеќи бил лековит
Та сега,и тој и неколкумина како него
Секојдневно ви брестат во мислите,оставаќи празнина,и мртви пеперутки
Ви ветуваат покачување на адреналинот,вашата плата е тоа нели
Бонус,неколку розеви пилули,и насмевка до небото веќе патува

Како и секогаш,во субинските мигови се разденува
А вие повторно неми сведоци во просторот
Гледаќи како испарува темнината од скоро одминатата ноќ
Ете,тоа ми ти било вашата завршница на парчето од големиот план
Немојте да одите да се исповедате,ќе му се слоши и на свештеникот од тоа

Останете на место да го гледате распливнувањето на ехото од вашите зборови.


субота, 25. јун 2016.

Заод на Копнежи




Кога се будам,пробувам брзо,брзо да ги избришам сонливите солзи
И уште побрзо да ги фрлам на некое тајно ѓубриште
Несакам некоја бедна душа во својата утринска екстаза да каже
Евего повторно бездомниот скитник остава солени солзи насекаде.

Јас,сепак пладневното сонце ќе го голтнам,и кришум ќе го хранам
Во утробата ќе ми се насмевнува,и мирисот на здодевност ќе го спржи
Ако ве порази утрината,и ви пука кожата,не ревете тогаш
Не сте достојни да се наречете,борци за нова иднина.

Се заколнав пред жолтата светлина,нека килибарното небо ми биде дом
И да бидам Убиен подмолно,во зеницата ќе немам страв
Ќе повторам,повеќе плачам за вашата иднина
Гледам како ве гонат ветришта,и малку пожолтени сте.

Сега сум малку љубопитен
Зошто постојано се насмевнувате со грч,и се плашите да ги извадите маските
Зарем соленоста која ви е налепена не ве скокотка по кожата

Ова не е сон,повеќе е заод на сите копнежи.пробајте и вие да се пробудите.


Празна Ноќ




Дојде...конечно
Долгоочекуваната Празна Ноќ
И пајажината што беше се нафатила на времето ја снема
Воздухот се проретчуваше
Тераќи го грлото здивот да го  подголтнува
Се друго наоколу ноќта беше заградено од мртвиот сон

Ако за ова ја отворам клепката на едното око
Дали тогаш и папсаниот пајак ќе се размрда
Не,нема
Тоа го гледам низ матната белка
Вие сепак потпевнувајтеси во себе
Тие што ќе се родат вечерва ќе бидат бескрвни
И никогаш на ликот нема да имаат танки бразди на очај

Според законот на логиката се ова е невозможно
Но овде апсурдот владее
Некој некогаш на некое место само ќе запише
Токму сега во оваа празнотија
Ни каменот веќе не трепнувал

Не е ништо измислено,да знаете
Во празната ноќ
Но сепак не им верувајте многу на далечните гласови
Доаѓаат кон вас како набожни утехи.






Можев и да премолчам



Небесни Музи,одобретемија желбата
За последен пат да раскажам за тој настан
Не сум обземен од романтиката ако мислите така
Дозволетеми,навистина дозволетеми и со зборовите да избегам од неа
Сеќавањата веќе злокоба стануваат
Стравично ми се осветуваат,тераќи го и најтанкиот дамар да пука тогаш
Нема да и наздравам,ќе оставам некој со поголеми срце да и се умилкува до минатото.

Можев да премолчам и да се доближам побрзо до источниот изгрев
Но некаде далеку пред мене сеуште се палеа и гасеа фенери
Градот сеуште спиеше завиткан во стотици судбини,којзнае какви
Моите чекори глуво одзвонуваа на калдрмата
Токму во тој миг,и во тој полумрак ја видов,неможев да ја одминам
Беше без јасен лик,со спуштени и млитави раце
На моите усни веќе се нафати танок слој мраз од сето студенило
Наликуваше повеќе на призрак,сенка која влечи сенка,со желба уште да биде жена
Гледаше со погледот,не во мене,туку низ мене
Некаде напред во матната иднина бараќи го човекот кој барем миг ќе ја сака
На себе беше си ја наметнала наметката на некое друго време
Видов,да добро видов дека е исплашена од грчот на ноќта
Скаменето беше небото над неа,под нема немаше земја
Пробав да и кажам добравечер и да ја ословам по името нејзино
Но никаде во вигуте не го пронајдов запишано тоа име
Сега знам дека за последен пат ја здогледав
Со крик на ветар ја повикуваа покојниците од племето нејзино
Веќе никаде околу неа не ртеше утехата
Ја одминав,гледаќи како над градот созреваат ѕвездите во пурпурноста.


Толку
Уште половина час и црковните камбани ќе повикаат на будност
Ноќта ми ти носела се и сешто кога ќе се разбуричка
Музи небесни,кажам што кажав
Вие сега Бесилка ако сакате направете,или глогов колец во срце забодетеми
Или за ова матното сребро на месечината излејтего пред мене
Но барем нема да ме прогонува по тесните сокаци





петак, 24. јун 2016.

Тајна Временска




Се стаписа Часовникот одеднадеш
Којзнае,можеби само сакаше да биде потаен придружник на мртвото време
Или тоа е само уште еден таен акт на Судбината
Но сеедно заличиа на заговорници во новото време
Им се придружи и кандилото
Прво се згусна светлината во една точка
Да,мракот ја голтна така брзо и лакомо во еден здив
Ете ти три случајности на едно место,кои те тераат да мислиш поинаку
Сега недостасува во овој простор,да овој чуден и малку загатлив простор
И прозорот да пукне со линии танки
Или пак огледалото да се стори сол,што би рекле стари
Тогаш слободно ќе кажам,се работи за маѓија стара
Научена од папируси Египетски,невидлива и невидена
Но моќна,како гниежот на сите спомени
Кои се собрале во некој слој од животот
Простете,овде се работи за часовникот
И подобро е да го одмотаме клопчето на агонијата
И да ја тргнеме нејасната насмевка што се налепила кај вас
Застанал кутриот.сеќавањата го преткале,та тој папсано се предал
И евего небаре е покојник,само вкочаенето стои
Некаго,нека стои и нека ја чува Тајната за вистинското скочанување
Тоа што го кажав е само претпоставка
Ако и навистина ни каже,не би била тајна негова.




четвртак, 23. јун 2016.

Вистина е,Нема граница




Можеби и никогаш нема да  дознаеме,дека
Нема,нема јасна граница помеѓу јавето и сонот
И бараќи ја таа граница,со малку загатливост
како спас од несупех
го бараме сонот да ни измисли засолниште безбедно.

Но сепак  ајде да ја преминеме таа невидлива граница
И да потрчаме кон младешкиот имот на душата
Таму,да знаете само
Ќе трчаме без тежина на мислите,и желбите бакарни.

Ако малку ве исплаши нередот во миговите
Вие згуснете вашиот спокој
И пркосот на сонцето ќе ја растера темната боја од вашата кожа
Можеби ќе видете и по некој Светец,како седи со Пагански Бог
Но нишката која ги врзува е Светоста која ја носат.

Мирисот на годините ќе испарува насекаде околу
И така,многу вистини ќе потемнат,многу ќе ве осветлат
Не сум должник да ве уверувам дека е така
Вие наместо да одговорите,можете да се затворите како сенка молчелива

Јас наслушнувам,наслушнете и вие
И бидете без никаков отпор во себе,за чудата кој се раѓаат насекаде
Оставетеја,навистина оставете Душата да го бара одговорот
Не правете тогаш бесцелни Љубовни воздишки
Така полесно ќе се појави лагата во верувањето дека има крај.

Сепак нема белег од тоа време во јавето
И незванично,нас не греат Две сонца
Од изгревот на едното,до изгревот на другото
Само улавите петли пеат,и го будат скитникот
Кој раскошно распостила приказни дури и на преселните птици.

Незнам колку ја одземав темнината од вашите лица
И колку топлина издолжив околу вас
И колку сте достојни пред восхитот
Не би рекол дека и самиот верувам во се
Не си правете инает на самите себеси
Измислетеја иднината на таа граница
Читаќи за вашето минато небаре е најсветото Евангелие
Не се плашете кога сте паталници
Ни пак премногу среќни кога сте мечтатели
Оставете нека бабри во вас нејасниот облик на детето
Кое во својот занес го носи минатото во иднината.
Вистина е
За ова зборуваа и галебите додека летаа некаде во далечините
Можеби и никогаш нема да  дознаеме,дека
Нема,нема јасна граница помеѓу јавето и сонот











среда, 22. јун 2016.

Црни Пратеници на Судбината



Ме излажавте кога ми зборувавте
Дека животот бил стожер на сите дневни кругови
И сите кои се залепени на тој стожер се благословени
Не ви верувам
Мртвиот оган во очиве веќе станува жива гробница на празни мигови
Та проклетствово забрзано ткае црни нишки на сводот
Каде горам небаре сум еретик на клада
Морам
Морам отровниот воздух околу себе да го дишам
Со нозете во калта на земјата да газам
Додека дождот лие и ги мие сите валканици од телото
Евеги повторно,вие не ги гледате,не сте проколнати
Црните пратеници на судбината
Со својот жилав долг јазик реват од задоволство
И на живо облаче каде ликот на светеце е насликан
Му глаголат зборови од кои и небото се морничави

Овој
Покажаа на мене,а вие молчевте во наквечерината
Мислеше дека е пеперутка која лета со лесен сон во времето
Мислеше дека сончевиот цут е само занего
Мислеше дека ехото од виуги нема да го фтаса
Но објаснувањето е просто
Овој
Повторно покажаа кон мене,а вие и понатаму молчевте
Кој во чељустата на мракот го најдовме
И узнавме
Тој е Копиле на Судбината

Како сеќавање на сето ова
Само ќе ги запишувам без да ги кажувам молитвите
Негрижеќи се што делче по делче умира во мене секој ден
Бидеќи долговечниот сон ми ти бил само агонија






Kopile Na Sudbinata by nikodin cernodrimski

Повторно Враќање




Од својата пепел,наметнат со лилавиот пурпур,се враќа
Сега зајакнат и со оган,без вкочанет поглед
И со несекојдневна облека
Скитникот
Кој има име,жив е
Под лакот на неговиот поглед,сенките кој го мореа
Си ја бришат потта од челото,провелкуваќи се со чуството на намаленост

Најнужно е да си го знаеш името,своето име,заглаголил
И со наказанијата,кои се божемни праведници,не ручај повеќе со нив
Оти од нивните очи ѕиркаат мали злобни демони
Нурниги за навек,во некој нивни тишини,каде рамнодушие ќе ги милува
И биди кадарен,во светите задолженија,да си го најдеш обликот.

Кога првите ѕвезди ќе ги спуштиш  крај оганот,рашириги рацете
И,безбојниот облак распостелиго наоколу,и покориго со твојата топлина
Така нејасните надежи од нејасните простори му се враќале низ шепоти
Заплачи,најмногу за себе,малку за небото,и малку за земјата
Така си воскреснал,во својата свест,во своето срце,и душата си ја пробудил.

Да,би открил уште многунедостапни тајни на маѓијата,кои лазат по земјата
И би открил и голем настан,но нема живи внуци,ни пак пород свој за ова
На деновиве што се раѓаат им се брза.имаат тие некоја своја сметка да остават
Мора да брза  низ времето,го  учат малку и солените солзи кои се сринаа.

Полека времето ги избришало сите изминати настани
Тагата го убила злото во него сега
Му дадоа место во студот да се спровира
На голи ридови,под голо небо со ритам кој му ја виел утробата
Но евего
Од својата пепел,наметнат со лилавиот пурпур,се враќа










Повторно Враќање




Од својата пепел,наметнат со лилавиот пурпур,се враќа
Сега зајакнат и со оган,без вкочанет поглед
И со несекојдневна облека
Скитникот
Кој има име,жив е
Под лакот на неговиот поглед,сенките кој го мореа
Си ја бришат потта од челото,провелкуваќи се со чуството на намаленост

Најнужно е да си го знаеш името,своето име,заглаголил
И со наказанијата,кои се божемни праведници,не ручај повеќе со нив
Оти од нивните очи ѕиркаат мали злобни демони
Нурниги за навек,во некој нивни тишини,каде рамнодушие ќе ги милува
И биди кадарен,во светите задолженија,да си го најдеш обликот.

Кога првите ѕвезди ќе ги спуштиш  крај оганот,рашириги рацете
И,безбојниот облак распостелиго наоколу,и покориго со твојата топлина
Така нејасните надежи од нејасните простори му се враќале низ шепоти
Заплачи,најмногу за себе,малку за небото,и малку за земјата
Така си воскреснал,во својата свест,во своето срце,и душата си ја пробудил.

Да,би открил уште многунедостапни тајни на маѓијата,кои лазат по земјата
И би открил и голем настан,но нема живи внуци,ни пак пород свој за ова
На деновиве што се раѓаат им се брза.имаат тие некоја своја сметка да остават
Мора да брза  низ времето,го  учат малку и солените солзи кои се сринаа.

Полека времето ги избришало сите изминати настани
Тагата го убила злото во него сега
Му дадоа место во студот да се спровира
На голи ридови,под голо небо со ритам кој му ја виел утробата
Но евего
Од својата пепел,наметнат со лилавиот пурпур,се враќа










уторак, 21. јун 2016.

Предание




Тоа се случи пред да станам предание
Песните и болката така наеднаш престанаа да раснат
Било така наеднаш,некаде крај оганот седеле двајца
Потеклото никој никогаш не го докажа кој се
Првиот,со распливната насмевка,и распливнат поглед
Другиот,веројатно со вино во рацете,и малку недоверлив према сите
Замавнал силно во сиот простор
И сите сеќавања ги собрал од сенките во ноќта
И ги фрлил во непознат свет
За да ете неможат во себе да ја впијат сета иднина
Ама другиот,помеѓу рапливнатоста бил под ѓаолска принуда
Брзо се скротиле двајцата од сето ова,крстот го фрлиле на фанатиците
И започнале без прашања,и без двојници во времето
Нишките што беа врзани болката и песните,да ја сечат сурово
Толку сурово,што во трансот ги доживеале сите неродени зборови
А зошто беше сето ова
Зошто

Кога и така бев само предание од првиот ден на моето раѓање.


понедељак, 20. јун 2016.

Кога Љубовта ќе стане Омраза





Кога Љубовта ќе стане Омраза
Тогаш стануваш затвореник во самотните окови на Животот
И суров гонител на мртвите спомени
Сонуваш ради реда,а годините изминуваат
Многу побрзо отколку што тече водата во брзакот

И се жениш со мртва душа,која те гледа само стаписано
Се смееш со бабуњосани усни,со некој безимен скитник
Радуваќи се на неговиот пекол,што е поголем од твојот
И постојано го тешиш и него,и сите,и себеси
Животот е само едно големо наказание

Веројатно омразата во себе
Прави кружна вдлабнатинка во земјата
Ете тогаш го правиш ритуалот на исконското проклетство
Го проколнуваш Адам за Едемскиот грев
И двојникот на Сонцето
Што прво така величенствено те носел на првиот цвет од младоста
Да потоа ти ја покажал најрамната линија на земјата

Не бараш туѓ восхит
Само привидна раскошна Библиска Сцена
Каде малку споулавено бегаш,па потоа се враќаш
И шепотиш пред другите
Единствениот Бог на иднината е во Темнината

Не,не,не кажуваш кога се кикотиш,џвакаќи некои мигови празни
И некои испреплетени молитви на покајание,ама без значение
И пиеш голтка,за упокоените,голтка за живите
Незнаеќи,за кого е виното вода,а водата вино

Зарем не е така
Омразата е најдобрата претплатена соба во пеколот
Каде гордо се јава во неврат
И нема нели покор на огнениците кои ордите на лелекот ги будат

Во идната година можеби небескиот болскот ќе не созрее
И ќе се родиме со пролетните пупки,разбирајќиго значењето на Љубовта
Но простете ова е година без никакво значение
И никој тука не е господар на судбината
И нема жив сведок кој ќе потврди дека е вака,или поинаку
Простете,Јас морам да се вратам во собата
Знам некој ќе ме праша...кој ја создава иднината
Се е измислено..за нив никој никогаш не слушнал
Се стемнува
А осојните долови рикаат повторно со Црна Вода
Ќе ја пиеме,што да се прави.







Се случува понекогаш да не е така




Земјата сонливо дише
На небото се отвара синото око
Подалеку румените облаци со артерии на вода се таат
Тука,евеги несреќнициве,повеќето кобници
Се стеснуваат во кожите,и лакомо ги собираат капките на денот
Небаре поколенијата ќе им ги испиат од дланките
Овде онде некој чудак ќе запеел златна песна
А тие,место слава,грамадница на грбот му граделе
Ејгиди,ејгиди
За тоа ли мајка,со млеко го доела,го раснела
Со шумски јагоди го хранела
За тоа ли со облак го повивала,со ветер го перела
Ејгиди,доследни се на лекомисленоста се до староста

Сеедно колку се надраснал
И колку цицал здраво млеко
Кога сега пепелта ноздрите му ги затиња
Ама незнаат тие кутрите
Ќе реват на полна месечина,без да знаат дека волците им се рода
Тешките клепки не ќе им се затвараат над изгаснатите очи
Не ќе се спогодат така лесно со денот,мислите ќе им се мелат

Само вестителот,кој евего се истегнал на камењарите
Чудно зборува,но малку утешително за чудакот кој го разбирал
Во последната жолтеникава светлина на денот
Не очекувај благослов од животот,ни пак образложение од смрта
За небесата тука беше нежен облик на чуства нестварни
И живи кристали под прозирната кожа
Врзан со десната рака пред Рајот
И левата рака во утробата на пеколот
Запамети,гревот е на јазикот,патат коските,плаќа крвта
Јас сега ќе наздравам за твојо ркулец во иднината кој етего зрее
А ти ослободисе од тегобите,слушај,земјава како дремливо дише

Се случува
Да се случува понекогаш и да не е така
Но секој си има свои маки и тегоби
И свој капарисан дел во пеколот
И по некоја ливада во рајот
Но и ќе се раскажува за чудакот кој немал потомци
Но се сеќавал и во иднината.





Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...