уторак, 7. јун 2016.

Не би ја менувал ноќта за денот





Ако болката беше мојата Љубов
Тогаш знајте дека сакав безгранично
Ако солзите мои беа зборовите со кои кажувам за љубовта
Тогаш видете брановите на морето колку се лути
Слушнетеги реките како плачат
И потоците болно шепотат

Но сега тишината најмногу ме боли
Ноќта ме пара
И само мртвите сеќавања ја полнат празнината

А на другата страна од бездната
Е некој нов ден
Каде нема искинати облаци
Ни пак осамени луѓе кои седат сами на клупа во парк

Но сепак
Не би ја менувал ноќта за денот

Се навикнав на сета оваа болка


Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...