субота, 11. јун 2016.

Дамарите на Светот



Низ пукнатините на вториот твој живот
Призвукот на очај се пробива во вид на бледи денови
Замаглениот декор со некаква си топлина
Постојано ти испорачува жолти воздишки.

Плашливо го наслушнуваш сопственото дишење
Прашуваќи се ,што ќе биде утре
Чекорите ти избегаа во столетијата назад
А толку сакаше небото твое да има Килибарна боја.

Така е
На периферијата од Градот,дамарите на светот не играат
Само ноќите шкртаат злокобно,а зорите лилава боја имаат
Така е,твојата замрсена линија,веќе никој не ја гледа

Сонуваш ли
Или сеуште мислиш дека утопијата во совршенство ќе ја направиш
Можеби зборуваш сешто

Но ти никогаш не припаѓаше на сегашноста.


Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...