недеља, 12. јун 2016.

Насмевни се,се насмевнувам




Утре,и од Рајот да бидам исфрлен
Сепак Приказната за Ангелите морам да ја раскажам
Нели за тоа сум дојден тука на Земјата.

Носеќија топлината во себе,се хранеа со Светлината
Беше чудно зошто не спиеа,а ги знаеа сите соништа
Колку беше волшебно,кога оганот на новиот ден во срцата го ставаа.

Тогаш,најсветлиот,кој постојано со песните живееше
Рече..не ме чекајте на пладне кога ќе славите за новата Бесконечност
Морам во еден мал град Љубовта да ја воскреснам,гледам усните се замрзнати.

Го чуствувате ли мирисот на дождот,мене овде многу ми недостасува
Анатемата тука ме донесе,ги чистам писмата на Очајниците и плачам за нив
Сеуште проколнувам,исто како смртник,проклета да бидеш што ме натера да те сакам

Облечисе вечерва со твоето неродено време,рече мојот чувар Ангел
Вечерва ќе стоиме под нејзиниот прозор,и сите тајни воздишки ќе ги собереме
Со тоа сите гревови во светоста ќе ги испереме.

Насмевнисе ,се насмевнувам ,ќе патуваме со сите некажани зборови
Меѓувреме,ќе ги симнам  сите облаци од твоите  рамења
Ја потроши сета самотија,сега разбудиги таласите на крвта.

Ова е приликата за нов почеток,ајде шепни длабоко во себе
Ќе се вратам на местото каде што престанав да постојам
Акордите на тажните песни нема да ги слушам,ајде шепни дабоко во себе.

Ви кажувам за Ангелите,додека пеперутките играа на почетокот од Новиот Свет
Изгледа
Денов е полн со топлина,или ново сонце се раѓа во моето срце.

Не би се будел повторно
Но спиев еднаш од раѓање до смрта
Со пехарот  во рака,наздравувам за Ангелите,и усните кои сега шепотат.










Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...