четвртак, 23. јун 2016.

Вистина е,Нема граница




Можеби и никогаш нема да  дознаеме,дека
Нема,нема јасна граница помеѓу јавето и сонот
И бараќи ја таа граница,со малку загатливост
како спас од несупех
го бараме сонот да ни измисли засолниште безбедно.

Но сепак  ајде да ја преминеме таа невидлива граница
И да потрчаме кон младешкиот имот на душата
Таму,да знаете само
Ќе трчаме без тежина на мислите,и желбите бакарни.

Ако малку ве исплаши нередот во миговите
Вие згуснете вашиот спокој
И пркосот на сонцето ќе ја растера темната боја од вашата кожа
Можеби ќе видете и по некој Светец,како седи со Пагански Бог
Но нишката која ги врзува е Светоста која ја носат.

Мирисот на годините ќе испарува насекаде околу
И така,многу вистини ќе потемнат,многу ќе ве осветлат
Не сум должник да ве уверувам дека е така
Вие наместо да одговорите,можете да се затворите како сенка молчелива

Јас наслушнувам,наслушнете и вие
И бидете без никаков отпор во себе,за чудата кој се раѓаат насекаде
Оставетеја,навистина оставете Душата да го бара одговорот
Не правете тогаш бесцелни Љубовни воздишки
Така полесно ќе се појави лагата во верувањето дека има крај.

Сепак нема белег од тоа време во јавето
И незванично,нас не греат Две сонца
Од изгревот на едното,до изгревот на другото
Само улавите петли пеат,и го будат скитникот
Кој раскошно распостила приказни дури и на преселните птици.

Незнам колку ја одземав темнината од вашите лица
И колку топлина издолжив околу вас
И колку сте достојни пред восхитот
Не би рекол дека и самиот верувам во се
Не си правете инает на самите себеси
Измислетеја иднината на таа граница
Читаќи за вашето минато небаре е најсветото Евангелие
Не се плашете кога сте паталници
Ни пак премногу среќни кога сте мечтатели
Оставете нека бабри во вас нејасниот облик на детето
Кое во својот занес го носи минатото во иднината.
Вистина е
За ова зборуваа и галебите додека летаа некаде во далечините
Можеби и никогаш нема да  дознаеме,дека
Нема,нема јасна граница помеѓу јавето и сонот











Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...