субота, 25. јун 2016.

Празна Ноќ




Дојде...конечно
Долгоочекуваната Празна Ноќ
И пајажината што беше се нафатила на времето ја снема
Воздухот се проретчуваше
Тераќи го грлото здивот да го  подголтнува
Се друго наоколу ноќта беше заградено од мртвиот сон

Ако за ова ја отворам клепката на едното око
Дали тогаш и папсаниот пајак ќе се размрда
Не,нема
Тоа го гледам низ матната белка
Вие сепак потпевнувајтеси во себе
Тие што ќе се родат вечерва ќе бидат бескрвни
И никогаш на ликот нема да имаат танки бразди на очај

Според законот на логиката се ова е невозможно
Но овде апсурдот владее
Некој некогаш на некое место само ќе запише
Токму сега во оваа празнотија
Ни каменот веќе не трепнувал

Не е ништо измислено,да знаете
Во празната ноќ
Но сепак не им верувајте многу на далечните гласови
Доаѓаат кон вас како набожни утехи.






Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...