понедељак, 20. јун 2016.

Се случува понекогаш да не е така




Земјата сонливо дише
На небото се отвара синото око
Подалеку румените облаци со артерии на вода се таат
Тука,евеги несреќнициве,повеќето кобници
Се стеснуваат во кожите,и лакомо ги собираат капките на денот
Небаре поколенијата ќе им ги испиат од дланките
Овде онде некој чудак ќе запеел златна песна
А тие,место слава,грамадница на грбот му граделе
Ејгиди,ејгиди
За тоа ли мајка,со млеко го доела,го раснела
Со шумски јагоди го хранела
За тоа ли со облак го повивала,со ветер го перела
Ејгиди,доследни се на лекомисленоста се до староста

Сеедно колку се надраснал
И колку цицал здраво млеко
Кога сега пепелта ноздрите му ги затиња
Ама незнаат тие кутрите
Ќе реват на полна месечина,без да знаат дека волците им се рода
Тешките клепки не ќе им се затвараат над изгаснатите очи
Не ќе се спогодат така лесно со денот,мислите ќе им се мелат

Само вестителот,кој евего се истегнал на камењарите
Чудно зборува,но малку утешително за чудакот кој го разбирал
Во последната жолтеникава светлина на денот
Не очекувај благослов од животот,ни пак образложение од смрта
За небесата тука беше нежен облик на чуства нестварни
И живи кристали под прозирната кожа
Врзан со десната рака пред Рајот
И левата рака во утробата на пеколот
Запамети,гревот е на јазикот,патат коските,плаќа крвта
Јас сега ќе наздравам за твојо ркулец во иднината кој етего зрее
А ти ослободисе од тегобите,слушај,земјава како дремливо дише

Се случува
Да се случува понекогаш и да не е така
Но секој си има свои маки и тегоби
И свој капарисан дел во пеколот
И по некоја ливада во рајот
Но и ќе се раскажува за чудакот кој немал потомци
Но се сеќавал и во иднината.





Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...