уторак, 14. јун 2016.

па,дали си среќна






Го отвори прозорот сакаќи така барем воздухот кој влегуваше во собата да ја растера сета напнатост,но пеколноста од сонцето кое грееше и денес само ја зголеми,ја презасити таа маса која се нарекуваше воздух....седеше  на креветот и молчеше,гледаќи во валканиот тепих,неисчитен којзнае од кога..молчеше стегаќи ги своите тесни усни до степен на прскање
-и повторно ќе молчиме нели..молчењето веќе се оплодува во нашето секојдневие како некое проклетие..
-а што да кажам..
-па,дали си среќна..сега кога веќе се излезе на виделина.дали си навистина среќна..во тие прегратки...
Сакаше усните да ги развлече во некоја насмевка,но кривата линија на усните кажа дека не е,,а сакаше да се насмевне,,по малку ми беше жал..
-сега што ќе направиш...
-незнам,ме учеа и воспитуваа дека не сум тој кој казнува..Бог е тој кој кажува кој колку товар носи,и кој колку товар и понатаму ќе носи...ако мислиш дека ќе се избезумам,и ќе го повлечам орозот..биди спокојна..нема да го направам..
Ме погледна ,навистина ме погледна со страв во очите кога го споменав орозот.
-знаеш ли зошто...
Сега ја крена главата..гледаќи ме во очите..
-зошто знам како изгледа гробот..знам,сеуште многупати во ноздриве ми с епровлекува таа проклета миризба на мемлата...сеуште во увото ми зуи таа гробна тишина...
-не те разбирам за што зборуваш
-зборувам за твојот гроб драга,за твојот гроб,зборувам кога се отвори..јас влегов во него за да те извадам,да и успеав...евете седиш до мене..никогаш не побарав за тоа благодарност....но ќе ти кажам...моите солзи кои ги пролеав пред олтарот на Бога,знам дека еден ден ќе побараат и ти да заплачиш...онака вистински...да,кога го даваше заветот лееше лажни солзи..но знам дека еден ден..да еден ден,ќе заплачиш вистински..ете тогаш,навистина ете тогаш нека се смилува небото на тебе...

Станав и заминав тивко,од сивило во јаснотија,можеби во Светлината немаше многу гласови,но барем тоа беа шепоти кои секогаш го носеа мирот во душата..


фрагмент од АвтоБиографијата-Апостолите на Ѓаволот


Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...