недеља, 5. јун 2016.

Апостолите на Ѓаволот




Што е,си ја предвидуваш смрта
Гориш или смрзнуваш
Или веќе гледаш покојници со Кардиналска Одежда
Слушам го немаш задувот во сувиот душник
Те обзема прекрасно спокојство на покојник

Слушај глува музика,и немо танцување
Ова е призрачниот Бал на Безгласните
Дојди
Во танка магличка ќе те завиткаме
Грмотевици зад планина,како Фанфари ќе слушнеш
Ѕвекотот од Дамарите,во ушите ќе ти татни
Диши,и брзо,и забрзано,и споро
Етего здргробното ветре се спушта

Ова не се ликови што гледаш
Маските само ни набабруваат
Смириго врелиот млаз на омраза
Трогателно липај
Ова не претсказание
Пред судот на Апостолите од Ѓаволот си
Безвреден ти е Лукот во тупаницата што го носиш

Наоколу,тогај подмолен мирис се рашири
Шкртнаа стотици заби на волци
Дебели морници му намигнуваа
Една чинеше малку му заигра и немирно во стомакот
Сите останати безгласно се клештеа

Ете така се урнаа сите соништа
Мрморот се провлече
Уште ли стуткан лежам во Собава.




Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...