недеља, 12. јун 2016.

Во другото Село




На голиот камен заврши свадбата на сенката скитник
Во другото село ноќта облечена со облаци се разбуди
Овде и солзите веќе се скаменија
А пајажината на сонот беше се погуста.

Толку копнееше да се извиши
И чудотворно да прослови,но скрбта го врза за земјата
Во другото село,дете со ѕвездена лузна на градите се роди
Овде и Ангелите веќе не плачеа,ни пак летаа небаре се пеперутки

Забележавте ли,нема никого околу него
Мразот на клепите го натераа на суво дрво повторно да се качи,да ги види далечините
Додека во другото село,вретеното на времето ги длабеше стапките сечии
Застана,се препокри со кожата на дивината,малку иловица стегна во тупаницата.

Остави се,и донеси бистро вино,рече претсказанието
Светлината на новото огниште ќе блеска,мина времето на безгласниот грч
Во другото село,бездомен ветар нечии сништа мори сурово
Подоцна,през зазорот ќе го слушаме Ѕверот како ја проколнува судбината.

Без збогум,бесконечието на залуденоста си оди
Чиниш ја сватила пресудата
Јасно е,се движиме сите кон слава или поругание
Само во другото село довеадоа скитник кој ќе заплеткува и отплеткува време.






Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...