четвртак, 16. јун 2016.

Посеав нов Живот




Живите искри во очите  ја гонеа темнината која се згуснуваше
Додека прозирната наметка во набори се спушташе на женските гради
Пред нас сега немаше никакви тајни
Крвта бабреше и ја тераше кожата со гревови да се лепи
За мене со нејасно лице е,но сепак беше девствена жена.
Се танчеше небаре модрина на северната планина е
Зрееше и на сетилата се покоруваше
Би ја повикал по име,сеедно кое
Нејзината убостт беше  срма која ги полнеше шуплинките на дробовите
Се наликуваше на густи испарувања од жешки болскоти
Надвор осамена волчица,во очајание виежот го расфрла
Чинам се ослободив од оковите,и грголивиот дожд
Утринава горев од треска
Сега прословувам со прикриена возбуда
Можеби ова е само еден заврзан јазол во животот
И удира по слабините со незапирлив порој од топлини
Зачудо,Гавраните за ова се заплеткаа во своите сенки
Се изгубиа без лелеци во осојните суводолици

Рацете ми се слободни
Должник сум на Девственоста која ме крена од глобочините
И посеав живот за возврат

Некаде околу полноќ,повторно ќе се одалечам од се.


Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...