среда, 15. јун 2016.

Под самиот свод на небото





Три метри под самиот свод на небото
Започнува патот од кој нема враќање
Сепак ќе ви раскажам за се како приказна за да поверувате
Само Бог знае дека сето ова е вистина

Дозволетеми да се преставам
Зошто се изморив од паѓање по животните бездни

Напати бев сенка која лута по врвици
Напати бев Човек кој само попусто сакаше
Напати само летав во место,исто како птица во кафез
Стравот од светлината ми ги затвораше очите
Очајот ме носеше во прегратките на мракот.

И повторно,повторно,одев по истите улици додека часовникот стоеше
Бараќи го некаде во интервалот помеѓу две отчукувања сопствениот облик
Зборував насекаде дека трагам по совршената слобода
Додека некаде таму,постоеше вечноста

Во валканите вирови на мојата душа,се удавија сите соништа
А таму некаде врисокот на мало дете ме параше
Кој ќе плаче по мене

Ете сега знаете
Бев само еден смртник
Кој се враќа назад од својата безнадежна мисија

Да
На три метри под самиот свод на небото
Започнува патот од кој нема враќање










Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...