четвртак, 9. јун 2016.

Точно во 9 Часот.




Трепетливите бои на Животот и на Смрта
Беа се прекриле со огромната сенка на Среќата
Очекуваќи го внатрешноито престројување на Човештвото

Во исто време
Некој семоќен Бог,сличен на тој што го создал Човештвото
Создаде далечен глас од длабочините на неговата бездна.

Ова го кажаа и други пред Пет Столетија
Сега се само темни Дамки на Белото Небесно платно
Кои глаголат во празнината зборови без никакво значење

Само глаголам,запалете свеќа и распарајтего мракот на половина
Јас доаѓам од Гроб да знаете,затоа не се плашам
Празнините  помеѓу вашите зборови гледајтеги.

Можат да ви родат Барутна револуција
Или Шарени Пеперутки на вашето Лице
Во крајна мерка ќе ви лазат гасеници во мозочните виуги,и ќе брестат мисли

Послушајте,ослободетему место на утринскиот сончев лач
И небидете нем сведок кој само ја отцртува на земјата својата сенка
Треперете,од одразот на изгаснатиот оган во вашеето срце.

Пуштете нека испари темнината на измината ноќ
И не бидете Жив Покојник кој ги изговара Светите Имиња како Бладање
Точно во 9 Часот трепереете со Боите на Живото и Смрта.






Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...